Прејди на содржината

Даме Груев: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ја бришам целата содржина на страницата
сНема опис на уредувањето
Ред 1: Ред 1:
{{Биографија инфо |
име=Даме Груев |
портрет=Даме_Груев.jpg |
опис=македонски револуционер |
наставка= |
роден-дата=[[19 јануари]], [[1871]] |
роден-место=с. [[Смилево]], [[Република Македонија]] |
починал-дата=[[23 декември]], [[1906]] |
починал-место=врвот [[Петлец]], [[Република Македонија]] |
}}
'''Даме Груев''' ('''Дамјан Груев''', '''Дамјан Јованов - Даме''') ([[Смилево]], [[19 јануари]], [[1871]] - [[Русиново]], [[23 декември]], [[1906]]) е македонски револуционер, еден од основачите на [[ТМОРО]] и најценетите и највлијателните негови раководители, заедно со [[Гоце Делчев]].

Груев е роден [[1871]] г. во [[Смилево]] (Демирхисарско). Според некои имал мијачко потекло од селото [[Селци]].
Потекнува од ѕидарско-печалбарско семејство. Се школувал во родното место - селото [[Смилево]], демирхисарско, до четврти клас учи во [[Битола]] а потоа во [[Солунска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“|Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“]].

Во јануари [[1888]] година, во една група од 19 души меѓу кои и [[Петар Поп Арсов]], привлечен од српската пропаганда, заминува да учи во [[Белград]] бесплатно на сметка на Друштвото „Св. Сава“. Таму, завршува гимназија и пак на сметка на „Св. Сава“ се запишува во Великата Школа. Во [[1891]] исклучен од школата го напушта [[Белград]]. Се запишува историја на Вишото училиште во [[Софија]], но во [[1891]] година и оттаму е исклучен. Во [[Софија]] со неколкумна сомисленици од кругот околу [[„Лоза“]] создаваат „Дружба“ со цел да бараат примена член 23 од [[Берлински договор|Берлинскиот договор]].

Од [[1891]] до [[1893]] година бил учител во селото [[Смилево]] и во [[Прилеп]].

Од летото [[1894]] година започнал да ги формира првите револуционерни комитети на македонската револуционерна организација во повеќе градови и села во Македонија. Бил учител во [[Штип]] и инспектор во солунско, а потоа и гимназиски наставник во [[Битола]] и раководител на [[Битолски револуционерен округ|Битолскиот револуционерен округ]].

По убиството на министерот за финансии [[Христо Белчев]], Даме и некои од неговите другари биле уапсени како осомничени. Во април [[1891]] година заминува за [[Македонија]]. Поднесол молба да биде назначен за егзархиски учител во [[Битола]], но молбата му е одбиена. Назначен е за учител во [[Смилево]]. Следната година учителствува во [[Прилеп]], а летото на [[1893]] заминува во [[Солун]], каде работи како коректор во печатницата на [[Коста Самарџиев]].

Даме е иницијаторот за основачката средба на [[ВМОРО]] на 23 октомври [[1893]] година во [[Солун]]. Избран е секретар и касиер на Централниот Комитет. Како што сам кажува организацијата е создаена "по образец на Револуционерната организација во [[Бугарија]] пред ослободувањето... по примерот на [[Христо Ботев|Ботев]], [[Васил Левски|Левски]], [[Бенковски]]". Од основањето на тајната македонска револуционерна организација и првиот Централен комитет, Груев цели шест години ја обиколува [[Македонија]] во убедување, проучување и посветување на македонското дело на нови приврзаници, според прописите на [[Уставот]].

Во [[1894]]-[[1895]] г. назначен е за учител во [[Штип]], каде учителствува заедно со [[Гоце Делчев]] и [[Туше Делииванов]]. Од [[1895]] година се враќа во [[Солун]], како училишен инспектор каде се активира и во работењето на Организацијата со што го воведува шифрарникот. Во 1897 - 1898 е интерниран од [[Солун]] во [[Битола]] каде развива голема дејност за закрепнување на револуционерните комитети, за формирање на нови комитети и привлекување на нови соборци, а на 6 август [[1900]] година е уапсен и осуден на 10 години затвор, затворен во битолскиот затвор, поради таканаречената [[Битолска провала (1900)|Попставрева афера]].

И од битолскиот затвор Даме раководи со делото, посебно со Битолскиот вилает. На 29 мај [[1902]] г. од затворот во [[Битола]] е испратен во [[Подрум кале]]. Тука затворските казни ги издржуваат [[Христо Татарчев]], [[Христо Матов]], [[Пере Тошев]], [[Иван Хаџи Николов]] и други. Амнестиран е пролетта [[1903]] г.

На [[Смилевски конгрес|Смилевскиот конгрес]] во почетокот на мај [[1903]] година Даме, [[Атанас Лозанчев]] и [[Борис Сарафов]] се избрани за членови на Главниот штаб на [[Илинденско востание|Илинденското востание]] во Битолскиот револуционерен округ на кој конгрес е донесена и официјализирана нова стратегија и тактика на востанието. Учествува во донесувањето на одлуката за датумот на кревање на востанието. Тој бил најмногу задолжен за бранење на Смилевското подрачје. Заедно со [[Ѓорги Сугаре]] ја раководат одбраната на [[Смилево]]. На 14 август одбраната на [[Смилево]] е пробиена и востаниците биле принудени да се повлечат по високите места на Бигла планина. Во востанието и по него заедно со народот ги споделува последиците од него.
[[Слика:Dame_mrtov.jpg|мини|300п|лево|Даме Груев убиен во 1906-та година]]

На 9 септември [[1903]] година Даме и [[Борис Сарафов]] во името на Генералниот Штаб испраќаат писмо до бугарската влада со повик за помош од [[Бугарија]]. При крајот на [[1904]] година Даме е заробен од србоманскиот војвода [[Глигор Соколовиќ]] - Љамето но, [[Пере Тошев]] му се заканува на персоналот на српското дипломатско претставништво во [[Софија]] и Даме е ослободен.

На [[Рилски конгрес|Рилскиот конгре]]с (октомври 1905) избран е за претседател на ЦК. По заминувањето за [[Софија]] тој се разочарал од состојбите кои се случувале во Организацијата. Според спомените на [[Дамјан Наумов]], по напуштањето на [[Софија]], Даме Груев извикал:„''Си одам разочаран, не се враќам повеќе овде“'' . И навистина, на 23 декември [[1906]] година, заедно со со своите верни другари [[Сандо Капитанов]], [[Георги Карчев]] херојски загинува на врвот Петлец над селото [[Русиново]]. Коските на тројцата храбри борци биле погребани во еден гроб во дворот на Русиновската црква.

Во однос на туѓите непријателски пропаганди кон [[Македонија]], во еден разговор со еден шкотски новинар за списанието "Блеквудс магазин", Даме ќе рече: ''"Ако постои грчка и српска пропаганда, зошто да не може да постои и бугарска. Таа постои. Има бугарски политичари кои се поголеми наши непријатели од Грците и Србите. Под имињата на мошне познати шефови тие испраќаат чети во Македонија да агитираат за анексионистичката идеја... Тука има место само за една Организација, а тоа е народната, македонската".''

== Надворешни врски ==
*[http://www.angelfire.com/super2/vmro-istorija/Knigi/spomdg.htm Спомени на Даме Груев]
*[http://members.tripod.com/~dimobetchev/dame.html Страница за Даме Груев на англиски јазик]
*[http://www.forum.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=132&EditionID=29&ArticleID=297&Page=1 МИЈАЧКО СМИЛЕВО И ЦИНЦАРСКИ СЕРЕЗ]

[[Категорија:Историја на македонскиот народ|Г]]
[[Категорија:Македонски борци|Г]]
[[Категорија:Македонци|Г]]
[[Категорија:Лозарското движење]]
[[Категорија:Македонски револуционери]]

[[bg:Даме Груев]]
[[en:Dame Gruev]]
[[fr:Damé Grouev]]
[[sr:Дамијан Груев]]

Преработка од 18:30, 17 декември 2007

Даме Груев
Роден 19 јануари, 1871
с. Смилево, Република Македонија
Починал 23 декември, 1906
врвот Петлец, Република Македонија

Даме Груев (Дамјан Груев, Дамјан Јованов - Даме) (Смилево, 19 јануари, 1871 - Русиново, 23 декември, 1906) е македонски револуционер, еден од основачите на ТМОРО и најценетите и највлијателните негови раководители, заедно со Гоце Делчев.

Груев е роден 1871 г. во Смилево (Демирхисарско). Според некои имал мијачко потекло од селото Селци. Потекнува од ѕидарско-печалбарско семејство. Се школувал во родното место - селото Смилево, демирхисарско, до четврти клас учи во Битола а потоа во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“.

Во јануари 1888 година, во една група од 19 души меѓу кои и Петар Поп Арсов, привлечен од српската пропаганда, заминува да учи во Белград бесплатно на сметка на Друштвото „Св. Сава“. Таму, завршува гимназија и пак на сметка на „Св. Сава“ се запишува во Великата Школа. Во 1891 исклучен од школата го напушта Белград. Се запишува историја на Вишото училиште во Софија, но во 1891 година и оттаму е исклучен. Во Софија со неколкумна сомисленици од кругот околу „Лоза“ создаваат „Дружба“ со цел да бараат примена член 23 од Берлинскиот договор.

Од 1891 до 1893 година бил учител во селото Смилево и во Прилеп.

Од летото 1894 година започнал да ги формира првите револуционерни комитети на македонската револуционерна организација во повеќе градови и села во Македонија. Бил учител во Штип и инспектор во солунско, а потоа и гимназиски наставник во Битола и раководител на Битолскиот револуционерен округ.

По убиството на министерот за финансии Христо Белчев, Даме и некои од неговите другари биле уапсени како осомничени. Во април 1891 година заминува за Македонија. Поднесол молба да биде назначен за егзархиски учител во Битола, но молбата му е одбиена. Назначен е за учител во Смилево. Следната година учителствува во Прилеп, а летото на 1893 заминува во Солун, каде работи како коректор во печатницата на Коста Самарџиев.

Даме е иницијаторот за основачката средба на ВМОРО на 23 октомври 1893 година во Солун. Избран е секретар и касиер на Централниот Комитет. Како што сам кажува организацијата е создаена "по образец на Револуционерната организација во Бугарија пред ослободувањето... по примерот на Ботев, Левски, Бенковски". Од основањето на тајната македонска револуционерна организација и првиот Централен комитет, Груев цели шест години ја обиколува Македонија во убедување, проучување и посветување на македонското дело на нови приврзаници, според прописите на Уставот.

Во 1894-1895 г. назначен е за учител во Штип, каде учителствува заедно со Гоце Делчев и Туше Делииванов. Од 1895 година се враќа во Солун, како училишен инспектор каде се активира и во работењето на Организацијата со што го воведува шифрарникот. Во 1897 - 1898 е интерниран од Солун во Битола каде развива голема дејност за закрепнување на револуционерните комитети, за формирање на нови комитети и привлекување на нови соборци, а на 6 август 1900 година е уапсен и осуден на 10 години затвор, затворен во битолскиот затвор, поради таканаречената Попставрева афера.

И од битолскиот затвор Даме раководи со делото, посебно со Битолскиот вилает. На 29 мај 1902 г. од затворот во Битола е испратен во Подрум кале. Тука затворските казни ги издржуваат Христо Татарчев, Христо Матов, Пере Тошев, Иван Хаџи Николов и други. Амнестиран е пролетта 1903 г.

На Смилевскиот конгрес во почетокот на мај 1903 година Даме, Атанас Лозанчев и Борис Сарафов се избрани за членови на Главниот штаб на Илинденското востание во Битолскиот револуционерен округ на кој конгрес е донесена и официјализирана нова стратегија и тактика на востанието. Учествува во донесувањето на одлуката за датумот на кревање на востанието. Тој бил најмногу задолжен за бранење на Смилевското подрачје. Заедно со Ѓорги Сугаре ја раководат одбраната на Смилево. На 14 август одбраната на Смилево е пробиена и востаниците биле принудени да се повлечат по високите места на Бигла планина. Во востанието и по него заедно со народот ги споделува последиците од него.

Даме Груев убиен во 1906-та година

На 9 септември 1903 година Даме и Борис Сарафов во името на Генералниот Штаб испраќаат писмо до бугарската влада со повик за помош од Бугарија. При крајот на 1904 година Даме е заробен од србоманскиот војвода Глигор Соколовиќ - Љамето но, Пере Тошев му се заканува на персоналот на српското дипломатско претставништво во Софија и Даме е ослободен.

На Рилскиот конгрес (октомври 1905) избран е за претседател на ЦК. По заминувањето за Софија тој се разочарал од состојбите кои се случувале во Организацијата. Според спомените на Дамјан Наумов, по напуштањето на Софија, Даме Груев извикал:„Си одам разочаран, не се враќам повеќе овде“ . И навистина, на 23 декември 1906 година, заедно со со своите верни другари Сандо Капитанов, Георги Карчев херојски загинува на врвот Петлец над селото Русиново. Коските на тројцата храбри борци биле погребани во еден гроб во дворот на Русиновската црква.

Во однос на туѓите непријателски пропаганди кон Македонија, во еден разговор со еден шкотски новинар за списанието "Блеквудс магазин", Даме ќе рече: "Ако постои грчка и српска пропаганда, зошто да не може да постои и бугарска. Таа постои. Има бугарски политичари кои се поголеми наши непријатели од Грците и Србите. Под имињата на мошне познати шефови тие испраќаат чети во Македонија да агитираат за анексионистичката идеја... Тука има место само за една Организација, а тоа е народната, македонската".

Надворешни врски