Прејди на содржината

Православието во Естонија: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Историја: Правописна исправка, replaced: 18 и 19 век → XVIII и XIX век
Rescuing 2 sources and tagging 0 as dead.) #IABot (v2.0.8
Ред 20: Ред 20:
=== Патот до автономија ===
=== Патот до автономија ===


Бидејќи естонскиот национализам постепено растел во текот на [[19 век]], естонското свештенство, исто така, се залагало за поголема независност, почнувајќи од естонската епархија со седиште во [[Талин]] предводена од естонски епископ<ref name="brief">[http://www.eoc.ee/eng/cat-501/cat-519/article_id-1271 A Brief History of the Orthodox Church of Estonia], Orthodox Church of Estonia website.</ref>. Во [[1917]] година, пленарниот совет го избрал [[Платон (Кулбуш)]], свештеник на Естонската православна заедница во [[Санкт Петербург]], за прв епископ<ref name="eaoc">Poska, Jüri. [http://www.orthodoxa.org/GB/orthodoxy/lifesaints/StPlatonlife.htm "Bishop Platon - His Life And Martyrdom"], [[Estonian Apostolic Orthodox Church]] website.</ref>. Како верен застапник за независност, тој бил погубен две години подоцна од страна на [[Црвена армија|Црвената армија]] за време на [[Естонска војна за независност|Естонската војна за независност]]<ref name="eoc"/>.
Бидејќи естонскиот национализам постепено растел во текот на [[19 век]], естонското свештенство, исто така, се залагало за поголема независност, почнувајќи од естонската епархија со седиште во [[Талин]] предводена од естонски епископ<ref name="brief">[http://www.eoc.ee/eng/cat-501/cat-519/article_id-1271 A Brief History of the Orthodox Church of Estonia] {{Семарх|url=https://web.archive.org/web/20110928111453/http://www.eoc.ee/eng/cat-501/cat-519/article_id-1271 |date=2011-09-28 }}, Orthodox Church of Estonia website.</ref>. Во [[1917]] година, пленарниот совет го избрал [[Платон (Кулбуш)]], свештеник на Естонската православна заедница во [[Санкт Петербург]], за прв епископ<ref name="eaoc">Poska, Jüri. [http://www.orthodoxa.org/GB/orthodoxy/lifesaints/StPlatonlife.htm "Bishop Platon - His Life And Martyrdom"], [[Estonian Apostolic Orthodox Church]] website.</ref>. Како верен застапник за независност, тој бил погубен две години подоцна од страна на [[Црвена армија|Црвената армија]] за време на [[Естонска војна за независност|Естонската војна за независност]]<ref name="eoc"/>.


Патријархот на [[Руската православна црква]], Тихон, во [[1920]] година ја признал Естонската Апостолска Православна Црква како автономна во економските, административните и образовните грижи, и ја одобрил привремената автокефалија. Пред тоа, Советската Русија ја усвоила марксистичко-ленинистичката идеологија којашто како идеолошка цел ја елиминирала религијата и ја заменила со државен [[атеизам]]<ref>[[Vladimir Lenin|Lenin, Vladimir Ilyich]]. [http://www.marxists.org/archive/lenin/works/1909/may/13.htm "The Attitude of the Workers' Party to Religion"], [[Proletary]], No.45, May 13 (26), 1909.</ref>. Како одговор на тоа, патријархот Тихон го прогонил советското раководство во [[1918]] година, што довело до период на интензивен прогон на Руската православна црква<ref>Pospielovsky, Dimitry V. ''The Russian Church Under the Soviet Regime, 1917-1983'', ch.2, St Vladimir's Seminary Press, Crestwood NY, 1984.</ref>. Во април 1922 година<ref>[http://ocafs.oca.org/FeastSaintsViewer.asp?SID=4&ID=1&FSID=102906 "Glorification of St Tikhon, the Apostle to America"], [[Orthodox Church in America]] website.</ref>, Тихон бил затворен, а естонскиот свештеник изгубил контакт со Московската Патријаршија. Во септември [[1922]] година Советот на Естонската апостолска православна црква поднел барање до Цариградскиот Патријарх да ја пренесе контролата на естонската црква од Руската православна црква кон Цариградската патријаршија. Во 1923 година [[Цариградската патријаршија]] издала црковен едикт според кој Естонската апостолска православна црква влегла под надлежност на Цариград и и бил доделен статус на автономијата, но не и целосна автокефалност<ref name="Toom"/><ref name="history">Ringvee, Ringo. [http://www.estonica.org/en/Eastern_orthodoxy_in_Estonia_%E2%80%94_a_brief_overview_of_religious_controversy/History_of_the_controversy/ "History of the controversy"], ''Estonica - Encyclopedia about Estonia'', Estonian Institute.</ref>.
Патријархот на [[Руската православна црква]], Тихон, во [[1920]] година ја признал Естонската Апостолска Православна Црква како автономна во економските, административните и образовните грижи, и ја одобрил привремената автокефалија. Пред тоа, Советската Русија ја усвоила марксистичко-ленинистичката идеологија којашто како идеолошка цел ја елиминирала религијата и ја заменила со државен [[атеизам]]<ref>[[Vladimir Lenin|Lenin, Vladimir Ilyich]]. [http://www.marxists.org/archive/lenin/works/1909/may/13.htm "The Attitude of the Workers' Party to Religion"], [[Proletary]], No.45, May 13 (26), 1909.</ref>. Како одговор на тоа, патријархот Тихон го прогонил советското раководство во [[1918]] година, што довело до период на интензивен прогон на Руската православна црква<ref>Pospielovsky, Dimitry V. ''The Russian Church Under the Soviet Regime, 1917-1983'', ch.2, St Vladimir's Seminary Press, Crestwood NY, 1984.</ref>. Во април 1922 година<ref>[http://ocafs.oca.org/FeastSaintsViewer.asp?SID=4&ID=1&FSID=102906 "Glorification of St Tikhon, the Apostle to America"], [[Orthodox Church in America]] website.</ref>, Тихон бил затворен, а естонскиот свештеник изгубил контакт со Московската Патријаршија. Во септември [[1922]] година Советот на Естонската апостолска православна црква поднел барање до Цариградскиот Патријарх да ја пренесе контролата на естонската црква од Руската православна црква кон Цариградската патријаршија. Во 1923 година [[Цариградската патријаршија]] издала црковен едикт според кој Естонската апостолска православна црква влегла под надлежност на Цариград и и бил доделен статус на автономијата, но не и целосна автокефалност<ref name="Toom"/><ref name="history">Ringvee, Ringo. [http://www.estonica.org/en/Eastern_orthodoxy_in_Estonia_%E2%80%94_a_brief_overview_of_religious_controversy/History_of_the_controversy/ "History of the controversy"], ''Estonica - Encyclopedia about Estonia'', Estonian Institute.</ref>.
Ред 50: Ред 50:
Московската Патријаршија остро се спротивставила на оваа пресуда. Од особена загриженост биле околу 20 цркви - изградени пред 40-тите години, а со тоа и правна сопственост на ЕАПЦ - управувана од Московската епархија. Во февруари [[1996]] година, Цариградската Патријаршија го обновила ''томосот'' од [[1923]] година, одобрувајќи ја автономијата на ЕАПЦ и воспоставила канонска подреденост на Вселенската Патријаршија<ref name="reactivation"/>. Московската Патријаршија, чиј естонски роден патријарх [[Алексеј II Московски]] ја сметал својата родна Естонија како дел од својата канонска територија, нагло ги прекинал односите со [[Вселенската Патријаршија]]<ref name="cnewa"/>.
Московската Патријаршија остро се спротивставила на оваа пресуда. Од особена загриженост биле околу 20 цркви - изградени пред 40-тите години, а со тоа и правна сопственост на ЕАПЦ - управувана од Московската епархија. Во февруари [[1996]] година, Цариградската Патријаршија го обновила ''томосот'' од [[1923]] година, одобрувајќи ја автономијата на ЕАПЦ и воспоставила канонска подреденост на Вселенската Патријаршија<ref name="reactivation"/>. Московската Патријаршија, чиј естонски роден патријарх [[Алексеј II Московски]] ја сметал својата родна Естонија како дел од својата канонска територија, нагло ги прекинал односите со [[Вселенската Патријаршија]]<ref name="cnewa"/>.


Односите меѓу спротивставените патријаршии биле обновени три месеци подоцна, откако состаноците во [[Цирих]] го постигнале следниот договор: и двете цркви би можат да функционираат паралелно во Естонија, а на поединечните парохии и свештеници ќе им биде дозволено да одберат која јурисдикција ќе ја следат<ref name="brief"/><ref name="cnewa"/>. Така бил одржан референдум, а мнозинството парохии (54 од 84, генерално по етнички линии) ја избрале ЕАПЦ, иако поголемиот дел од парохијаните ја поддржувале Московската Патријаршија<ref name="1990s">Rimestad, Sebastian. [http://www.eoc.ee/eng/cat-501/cat-519/article_id-1489 "Estonian Orthodoxy in the 1990s"], Orthodox Church of Estonia website.</ref>.
Односите меѓу спротивставените патријаршии биле обновени три месеци подоцна, откако состаноците во [[Цирих]] го постигнале следниот договор: и двете цркви би можат да функционираат паралелно во Естонија, а на поединечните парохии и свештеници ќе им биде дозволено да одберат која јурисдикција ќе ја следат<ref name="brief"/><ref name="cnewa"/>. Така бил одржан референдум, а мнозинството парохии (54 од 84, генерално по етнички линии) ја избрале ЕАПЦ, иако поголемиот дел од парохијаните ја поддржувале Московската Патријаршија<ref name="1990s">Rimestad, Sebastian. [http://www.eoc.ee/eng/cat-501/cat-519/article_id-1489 "Estonian Orthodoxy in the 1990s"] {{Семарх|url=https://web.archive.org/web/20110928111516/http://www.eoc.ee/eng/cat-501/cat-519/article_id-1489 |date=2011-09-28 }}, Orthodox Church of Estonia website.</ref>.


Руската епархија ја продолжила својата кампања за правно наследување до [[2001]] година, кога и биле отфрлилени повторно обидите за регистрирање на статутот од [[1935]] година, и наместо тоа, се обратила до Министерството за внатрешни работи за регистрација под името „Естонска православна црква на Московската Патријаршија“, на кое ЕАПЦ изразила протест, велејќи дека е премногу слична со нејзиното име. Најпрвин, владата застанала на страната на ЕАПЦ, која наместо предложила имиња како „Руската православна црква во Естонија“ или „Епархијата на Руската православна црква“. Естонската деловна асоцијација наскоро лобирала во име на Московската Патријаршија, бидејќи изјавите на руските власти ги навеле да веруваат дека поволната регистрација ќе доведе до намалени царински тарифи за естонско-руската трговија. Напорите успеале, а на [[17 април]] [[2002]] година била регистрирана Руската епархија како [[Естонска Православна Црква - Московска Патријаршија]] (ЕПЦ-МП). Сепак, ова не донесе ниту една од намалените очекувања за тарифите<ref name="solutions">Ringvee, Ringo. [http://www.estonica.org/en/Eastern_orthodoxy_in_Estonia_%E2%80%94_a_brief_overview_of_religious_controversy/Possible_solutions_to_the_conflict/ "Possible solutions to the conflict"], ''Estonica - Encyclopedia about Estonia'', Estonian Institute.</ref>.
Руската епархија ја продолжила својата кампања за правно наследување до [[2001]] година, кога и биле отфрлилени повторно обидите за регистрирање на статутот од [[1935]] година, и наместо тоа, се обратила до Министерството за внатрешни работи за регистрација под името „Естонска православна црква на Московската Патријаршија“, на кое ЕАПЦ изразила протест, велејќи дека е премногу слична со нејзиното име. Најпрвин, владата застанала на страната на ЕАПЦ, која наместо предложила имиња како „Руската православна црква во Естонија“ или „Епархијата на Руската православна црква“. Естонската деловна асоцијација наскоро лобирала во име на Московската Патријаршија, бидејќи изјавите на руските власти ги навеле да веруваат дека поволната регистрација ќе доведе до намалени царински тарифи за естонско-руската трговија. Напорите успеале, а на [[17 април]] [[2002]] година била регистрирана Руската епархија како [[Естонска Православна Црква - Московска Патријаршија]] (ЕПЦ-МП). Сепак, ова не донесе ниту една од намалените очекувања за тарифите<ref name="solutions">Ringvee, Ringo. [http://www.estonica.org/en/Eastern_orthodoxy_in_Estonia_%E2%80%94_a_brief_overview_of_religious_controversy/Possible_solutions_to_the_conflict/ "Possible solutions to the conflict"], ''Estonica - Encyclopedia about Estonia'', Estonian Institute.</ref>.

Преработка од 15:24, 14 август 2021

Катедралата Свети Александар Невски во Талин

Источното Православието во Естонија го практикуваат 12,8% од населението, што го прави втората најизразена религија во оваа мнозинска секуларна држава по лутеранското христијанство со 13,6%[1]. Православието најчесто се практикува од руското етничко малцинство на Естонија. Според естонскиот попис од 2000 година, 72,9% од оние кои се идентификувани како православни христијани биле од руско потекло.[2].

Денес во Естонија функционираат две гранки на Источната православна црква: Естонската Апостолска Православна Црква, автономна црква под Цариградската патријаршија и Естонска Православна Црква - Московска Патријаршија, полуавтономна црква на Руската православна црква.

Историја

Црквата Свети Никола во Талин
Црквата Марија Магдалена во Хапсалу, под ЕАПЦ
Патријарх Корнилиј

Православието најверојатно за првпат било воведено во 10 до 12 век од страна на мисионери од Велики Новгород и Псков активни меѓу Естонците во југоисточните региони на областа близу Псков. Првото споменување на едно православно собрание во Естонија датира од 1030 година[3]. Околу 600 година Естонците го основале градот Тарбату (денешен Тарту). Во 1030 година кнезот Јарослав I Мудриот го нападнал Тарбату и изградил своја тврдина наречена Јуријев, како и, наводно, катедрала посветена на неговиот светец-заштитник, Свети Ѓорѓи.

Како резултат на Северните крстоносни војни на почетокот на 13 век, северна Естонија била освоена од Данска и јужниот дел на земјата од страна на Тевтонскиот ред, а подоцна и од Ливонските браќа на мечот, а со тоа и денешна Естонија паднала под контрола на Западното христијанство. Сепак, руските трговци од Новгород и Псков подоцна можеле да основаат мали православни заедници во неколку естонски градови. Една таква заедница била протерана од градот Тарту од страна на Германците во 1472 година, мачејќи го свештеникот Исидор, заедно со голем број православни верници[4].

Малку е познато за историјата на црквата во областа до XVII и XVIII век, кога многу стари верници побегнале од Русија за да ги избегнат литургиските реформи што ги вовел Патријархот Никон од Руската Православна Црква[5].

Во XVIII и XIX век, Естонија била дел од Руското Царство, која била отстапена од Шведското Царство во 1721 година по поразот во Големата Северна Војна. Во текот на 1800-тите, значителен број естонски селани ја прифатиле православната вера со надеж дека ќе бидат наградени со земја[6]. Ова довело до формирање на епархија во Рига ​​од страна на Руската православна црква во 1850 година. Во доцниот 19 век, во земјата започнала голема Русификација, поддржана од руската хиерархија, но не од локалното естонско свештенство. Во овој период била изградена катедралата Свети Александар Невски во Талин.

Патот до автономија

Бидејќи естонскиот национализам постепено растел во текот на 19 век, естонското свештенство, исто така, се залагало за поголема независност, почнувајќи од естонската епархија со седиште во Талин предводена од естонски епископ[7]. Во 1917 година, пленарниот совет го избрал Платон (Кулбуш), свештеник на Естонската православна заедница во Санкт Петербург, за прв епископ[8]. Како верен застапник за независност, тој бил погубен две години подоцна од страна на Црвената армија за време на Естонската војна за независност[4].

Патријархот на Руската православна црква, Тихон, во 1920 година ја признал Естонската Апостолска Православна Црква како автономна во економските, административните и образовните грижи, и ја одобрил привремената автокефалија. Пред тоа, Советската Русија ја усвоила марксистичко-ленинистичката идеологија којашто како идеолошка цел ја елиминирала религијата и ја заменила со државен атеизам[9]. Како одговор на тоа, патријархот Тихон го прогонил советското раководство во 1918 година, што довело до период на интензивен прогон на Руската православна црква[10]. Во април 1922 година[11], Тихон бил затворен, а естонскиот свештеник изгубил контакт со Московската Патријаршија. Во септември 1922 година Советот на Естонската апостолска православна црква поднел барање до Цариградскиот Патријарх да ја пренесе контролата на естонската црква од Руската православна црква кон Цариградската патријаршија. Во 1923 година Цариградската патријаршија издала црковен едикт според кој Естонската апостолска православна црква влегла под надлежност на Цариград и и бил доделен статус на автономијата, но не и целосна автокефалност[3][12].

Во 1935 година, црквата законски го регистрирала својот статут со државата под името Естонска апостолска православна црква[13]. Ова имало важни законски последици подоцна.

Естонската црква останала под Цариградската Патријаршија до Втората светска војна. Во тоа време, околу една петтина од вкупното естонско население биле православни христијани, вклучувајќи го и Константин Патс, првиот претседател на Естонија[14]. Имло над 210.000 приврзаници (претежно етнички Естонци), тројца бискупи, 156 парохии, 131 свештеници, 19 ѓакони[15].

Советска окупација

Во 1940 година, Естонија станала составна република на Советскиот Сојуз, како дел од таен договор за поделба на територијата во германско-советскиот пакт за ненападување од август 1939 година. За време на советската ера, одлуката на Естонската црква да „побегне“ од Москва во корист на Цариградската Патријаршија била прогласена како нелегална. Како резултат на тоа, црквата ја изгубила својата автономија и била соединета во Руската православна црква на 28 февруари 1941 година[12]. Повеќе од половина од естонските православни свештеници поднеле оставка во знак на протест[3].

Ова сепак траело краток период, бидејќи Нацистичка Германија ја нападнала Естонија во јули 1941 година, по кое следувал првиот раскол во историјата на Естонското Православие. Во 1942 година црквата ја прогласила својата автономија и односите со Цариградската Патријаршија, но Епархијата Нарва, претежно населена со етнички Руси, ја продолжиле својата поврзаност со Руската Православна Црква[3][12].

Со текот на војната, Германија започнала да и губи своите позиции на Источниот Фронт. До почетокот на 1944 година, руската Црвена армија ги принудила на инвазивните германски трупи да се повлечат зад естонската граница. Околу 100.000 луѓе побегнале од Естонија во текот на овој период. Меѓу нив бил и митрополитот Александар, кој заедно со околу 20 свештеници ја основале Естонската Апостолска Православна Црква во прогонство во Стокхолм. Таму црквата во прогонство служела на околу 10.000 естонски православни христијани ширум светот[15].

И покрај жестокиот отпор при повлекувањето на германските сили и естонските националисти, Советскиот Сојуз ја потврдил контролата врз Естонија до есента 1944 година. Во 1945 година, Московската Патријаршија ја распуштила ЕАПЦ, отфрлајќи го преостанатото свештенство и сите естонски заедници биле префрлени во една епархија во рамките на Руската православна црква[12].

Естонската православна црква останала поделена додека Естонија била дел од Советскиот Сојуз. Пред неговата смрт во 1953 година, митрополитот Александар основал заедница како егзархија под Цариградската Патријаршија. Во Шведска во 1958 година бил основан синод за одржување на континуитетот на црквата во егзил, додека во Естонија црквата продолжила како епархија на Руската православна црква[7][16].

Естонска независност и реформи

На 20 август 1991 година, Естонија ја прогласила својата независност за време на распаѓањето на Советски Сојуз, враќајќи ја парламентарната влада пред 1940 година. Православната заедница повторно останала поделена, бидејќи некои сакале да останат под Московската Патријаршија, додека други сакале да ја обноват автономната црква под надлежност на Цариградската Патријаршија[12].

По прогласувањето на независност, Естонија започнала реформи за враќање на имотот експроприран од Советите за време на окупацијата. Но и овде проблемот бил повторно ист бидејќи се појавиле три „фракции“, онаа во прогонство, под Цариград или под Москва.

Во почетокот на 1993 година, естонскиот парламент го усвоил Законот за цркви и собранија, кој барал сите верски институции повторно да се регистрираат во Министерството за внатрешни работи. Во август истата година црквата во егзил го регистрирала статутот од 1935 година, што значело дека се смета себеси за продолжување на оригиналната Естонска Апостолска Православна Црква. Во ноември Московската Епархија се обидела да го регистрира истиот статут од 1935 година, но била одбиена. Како одговор на ова, епархијата започнала судски процес против ЕАПЦ, обидувајќи се да докаже дека таа, а не црквата во егзил, го задржала континуитетот на Естонската Апостолска Православна Црква за време на советската окупација. Судот ги отфрлил овие обвинувања, пресудувајќи дека црквата во егзил навистина била легитимен наследник на православната црква во постсоветската Естонија, со што ЕАПЦ станала единствениот правен наследник на сите имоти пред 1940 година[16][17].

Московската Патријаршија остро се спротивставила на оваа пресуда. Од особена загриженост биле околу 20 цркви - изградени пред 40-тите години, а со тоа и правна сопственост на ЕАПЦ - управувана од Московската епархија. Во февруари 1996 година, Цариградската Патријаршија го обновила томосот од 1923 година, одобрувајќи ја автономијата на ЕАПЦ и воспоставила канонска подреденост на Вселенската Патријаршија[13]. Московската Патријаршија, чиј естонски роден патријарх Алексеј II Московски ја сметал својата родна Естонија како дел од својата канонска територија, нагло ги прекинал односите со Вселенската Патријаршија[15].

Односите меѓу спротивставените патријаршии биле обновени три месеци подоцна, откако состаноците во Цирих го постигнале следниот договор: и двете цркви би можат да функционираат паралелно во Естонија, а на поединечните парохии и свештеници ќе им биде дозволено да одберат која јурисдикција ќе ја следат[7][15]. Така бил одржан референдум, а мнозинството парохии (54 од 84, генерално по етнички линии) ја избрале ЕАПЦ, иако поголемиот дел од парохијаните ја поддржувале Московската Патријаршија[18].

Руската епархија ја продолжила својата кампања за правно наследување до 2001 година, кога и биле отфрлилени повторно обидите за регистрирање на статутот од 1935 година, и наместо тоа, се обратила до Министерството за внатрешни работи за регистрација под името „Естонска православна црква на Московската Патријаршија“, на кое ЕАПЦ изразила протест, велејќи дека е премногу слична со нејзиното име. Најпрвин, владата застанала на страната на ЕАПЦ, која наместо предложила имиња како „Руската православна црква во Естонија“ или „Епархијата на Руската православна црква“. Естонската деловна асоцијација наскоро лобирала во име на Московската Патријаршија, бидејќи изјавите на руските власти ги навеле да веруваат дека поволната регистрација ќе доведе до намалени царински тарифи за естонско-руската трговија. Напорите успеале, а на 17 април 2002 година била регистрирана Руската епархија како Естонска Православна Црква - Московска Патријаршија (ЕПЦ-МП). Сепак, ова не донесе ниту една од намалените очекувања за тарифите[19].

Црквата денес

Православната заедница во Естонија, која изнесува околу 13% од вкупното население, останува поделена, при што мнозинството верници (претежно етнички Руси) остануваат под надлежност на Москва. Од владиниот извештај во 2004 година, околу 20.000 верници (главно етнички Естонци) во 54 парохии се дел од Автономната црква, додека 150.000 верници во 30 парохии, заедно со монашката заедница Пухтица, се под Московската Патријаршија[20].

Прашањата околу сопственоста на имотот најчесто се решаваат. Во 2002 година, ЕАПЦ се согласила да ја пренесе сопственоста на црквите што ги користи ЕПЦ-МП на државата, која пак требало да издаде 50-годинишен закуп на имотот на ЕПЦ-МП. За возврат, државата се согласила да ги реновира црквите на ЕАПЦ[19].

Наводи

  1. „Statistical database: Population Census 2000 – Religious affiliation“. Statistics Estonia. 22 October 2002. Архивирано од изворникот на 15 May 2011. Посетено на 2011-02-18.
  2. „Population By Religious Affiliation And Ethnic Nationality“. Statistics Estonia. 22 October 2002. Посетено на 2011-07-11.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Toom, Tarmo. "Estonia, Orthodox Church in", The Encyclopedia of Eastern Orthodox Christianity, p.226-8, Wiley-Blackwell Publishing, 2011.
  4. 4,0 4,1 Historical background of Orthodoxy in Estonia, Estonian Orthodox Church of Moscow Patriarchate website.
  5. Russian Old Believers in Estonia, Estonia.eu website.
  6. "Orthodoxy", Estonica - Encyclopedia about Estonia, Estonian Institute.
  7. 7,0 7,1 7,2 A Brief History of the Orthodox Church of Estonia Архивирано на 28 септември 2011 г., Orthodox Church of Estonia website.
  8. Poska, Jüri. "Bishop Platon - His Life And Martyrdom", Estonian Apostolic Orthodox Church website.
  9. Lenin, Vladimir Ilyich. "The Attitude of the Workers' Party to Religion", Proletary, No.45, May 13 (26), 1909.
  10. Pospielovsky, Dimitry V. The Russian Church Under the Soviet Regime, 1917-1983, ch.2, St Vladimir's Seminary Press, Crestwood NY, 1984.
  11. "Glorification of St Tikhon, the Apostle to America", Orthodox Church in America website.
  12. 12,0 12,1 12,2 12,3 12,4 Ringvee, Ringo. "History of the controversy", Estonica - Encyclopedia about Estonia, Estonian Institute.
  13. 13,0 13,1 Patriarch Bartholomew I of Constantinople. "Patriarchal and Synodical Act Concerning the Reactivation of the Patriarchal and Synodical Tomos of 1923 Regarding the Orthodox Metropolitanate of Estonia", February 20, 1996.
  14. Huang, Mel. "Estonia", Eastern Europe: an introduction to the people, lands, and culture, Volume 1, p.65, ABC-CLIO Inc., 2006.
  15. 15,0 15,1 15,2 15,3 "The Estonian Apostolic Orthodox Church", Catholic Near East Welfare Association website.
  16. 16,0 16,1 Mite, Valentinas. "Estonia: Two Branches of Orthodox Church Seeking to Live in One Country", Radio Free Europe/Radio Liberty archives, May 10, 2002.
  17. Ringvee, Ringo. "The Eastern Orthodox Church in the newly independent Estonia — the second act of the controversy", Estonica - Encyclopedia about Estonia, Estonian Institute.
  18. Rimestad, Sebastian. "Estonian Orthodoxy in the 1990s" Архивирано на 28 септември 2011 г., Orthodox Church of Estonia website.
  19. 19,0 19,1 Ringvee, Ringo. "Possible solutions to the conflict", Estonica - Encyclopedia about Estonia, Estonian Institute.
  20. Senate Committee on Foreign Relations. "Estonia", Annual Report on International Religious Freedom, 2004, p.324, Government Printing Office, 2005.

Надворешни врски