Прејди на содржината

Џефри Плантагенет

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 16:48, 30 април 2011; направена од Тиверополник (разговор | придонеси) (нс)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)

Готфрид Убавиот (роден на 24 август 1113 - починал на 7 септември 1151, познат како Готфрид Плантагенет, бил гроф на Анжу од 1129 година, и војвода од Нормандија од 1144 година.

Тој бил најстариот син на анжувскиот гроф Фулк V и Ерменгарда. Хенри I пратил делегација во Анжу за да се среди бракот помеѓу неговата ќерка Матилда, вдовица на Хенрик V. Така бил направен договор за брак помеѓу петнаесетгодишниот Готфрид и дваесетиседумгодишната Матилда. бракот бил склучен на 17 јуни 1128 година. Бракот требало да стави мир помеѓу Нормандија и Анжу. Во нивниот брак се родиле Хенри, Готфрид и Вилијам.