Православието во Естонија
Источното Православие во Естонија го практикуваат 12,8% од населението, што го прави втората најизразена религија во оваа мнозинска секуларна држава по лутеранското христијанство со 13,6%[1]. Православието најчесто се практикува од руското етничко малцинство на Естонија. Според естонскиот попис од 2000 година, 72,9% од оние кои се идентификувани како православни христијани биле од руско потекло.[2].
Денес во Естонија функционираат две гранки на Источната православна црква: Естонската Апостолска Православна Црква, автономна црква под Цариградската патријаршија и Естонска Православна Црква - Московска Патријаршија, полуавтономна црква на Руската православна црква.
Историја
Православието најверојатно за првпат било воведено во 10 до 12 век од страна на мисионери од Велики Новгород и Псков активни меѓу Естонците во југоисточните региони на областа близу Псков. Првото споменување на едно православно собрание во Естонија датира од 1030 година. Околу 600 година Естонците го основале градот Тарбату (денешен Тарту). Во 1030 година кнезот Јарослав I Мудриот го нападнал Тарбату и изградил своја тврдина наречена Јуријев, како и, наводно, катедрала посветена на неговиот светец-заштитник, Свети Ѓорѓи.
Како резултат на Северните крстоносни војни на почетокот на 13 век, северна Естонија била освоена од Данска и јужниот дел на земјата од страна на Тевтонскиот ред, а подоцна и од Ливонските браќа на мечот, а со тоа и денешна Естонија паднала под контрола на Западното христијанство. Сепак, руските трговци од Новгород и Псков подоцна можеле да основаат мали православни заедници во неколку естонски градови. Една таква заедница била протерана од градот Тарту од страна на Германците во 1472 година, мачејќи го свештеникот Исидор, заедно со голем број православни верници.
Малку е познато за историјата на црквата во областа до 17 и 18 век, кога многу стари верници побегнале од Русија за да ги избегнат литургиските реформи што ги вовел Патријархот Никон од Руската Православна Црква.
Во 18 и 19 век, Естонија била дел од Руското Царство, која била отстапена од Шведското Царство во 1721 година по поразот во Големата Северна Војна. Во текот на 1800-тите, значителен број естонски селани ја прифатиле православната вера со надеж дека ќе бидат наградени со земја. Ова довело до формирање на епархија во Рига од страна на Руската православна црква во 1850 година. Во доцниот 19 век, во земјата започнала голема Русификација, поддржана од руската хиерархија, но не од локалното естонско свештенство. Во овој период била изградена катедралата Свети Александар Невски во Талин.
Патот до автономија
- ↑ „Statistical database: Population Census 2000 – Religious affiliation“. Statistics Estonia. 22 October 2002. Архивирано од изворникот на 15 May 2011. Посетено на 2011-02-18. Занемарен непознатиот параметар
|deadurl=
(help) - ↑ „Population By Religious Affiliation And Ethnic Nationality“. Statistics Estonia. 22 October 2002. Посетено на 2011-07-11.