Даница Ручигај
Даница Ручигај | |
---|---|
Роден/а | 5 мај 1934 Скопје, Кралство Југославија, денес Македонија |
Починат/а | 26 јули 1963 Скопје, Македонија |
Занимање | Писател |
Националност | Македонец |
Апсолвент на | Филозофски факултет - Скопје |
Даница Ручигај (Скопје, 5 мај 1934 - Скопје, 26 јули 1963) — македонска поетеса.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Даница Ручигај е родена во 1934 година во Скопје. Учела класична гимназија, каде што ги изучувала старогрчкиот и латинскиот јазик. Извесно време поминала во Грција. По завршувањето на средното образование, студира на Филозофскиот факултет во Скопје, каде што дипломирала југословенска книжевност, со што трајно и професионално се врзала за поезијата и за книжевноста. Својот краток работен век го поминала во Министерството за култура на СР Македонија.
Своите први песни ги објавува во 1955 година во познатите литературни списанија „Современост” и „Разгледи”, а нешто подоцна се појавува и во периодиката од другите јазични подрачја на некогашна Југославија, афирмирајќи ја преку нив младата македонска поезија.[2]
Таа е авторка на две стихозбирки. Дебитирала со исповедната љубовна лирика „Сребрени, ноќни игри“ во 1960 и “Заробеници на ветерот“ во 1963 година. Со втората стихозбирка таа е претходничка на мотивскиот и јазичен нонконформизам на една цела плејада македонски поетеси[3]. Загинува трагично во Скопскиот земјотрес на 26 јули 1963 година. Од 2005 година во нејзина чест се доделува наградата „Даница Ручигај“ за најдобра дебитантска поетска книга[4].
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Миодраг Друговац, Историја на македонската книжевност XX век, 1990.
- ↑ „Даница Ручигај“. Македонска нација. Посетено на 2022-04-09.
- ↑ Јасна Котеска. Македонско женско писмо, 2002.
- ↑ „Марга Велеска ја доби наградата „Даница Ручигај" за најдобра дебитантска стихозбирка за 2006 година“. IDIVIDI.com. 15 ноември 2009. Посетено на 2009-11-15.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Биографија, „Македонска нација“
- „Предговор кон „Сребрени ноќни игри & Заробеници на ветрот” на Даница Ручигај, „Делфина 3” - Скопје, 2003“[мртва врска] - Комплетна биографија