Верзијата за печатење повеќе не е поддржана и може да дава грешки. Подновете си ги бележнците во прелстувачит и користете ја можноста за печатење од самиот прелистувач.
Зидхајде (германски: Südheide) — општина во округот Целе, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Била именувана по блискиот истоимен ридски масив. Била создадена на 1 јануари 2015 година со спојување на поранешните општини Хермансбург и Унтерлис.
Географија
Местоположба
Зидхајде се наоѓа во северниот дел на округот Целе, на север од Природниот парк Зидхајде. Обете главни места, Хермансбург на запад, и Унтерлис на исток, се оддалечени 16,5 километри. Хермансбург се наоѓа околу 29 километри северно од окружниот град Целе, додека Унтерлис се наоѓа околу 29 километри југозападно од Илцен.
Општински единици
Општината Зидхајде е составена од следниве места: Бафен, Бекедорф, Боншторф, Хермансбург, Лутерло, Олдендорф, Унтерлис и Везен.[2]
Соседни општини
Од север надесно општината се граничи со Фасберг, најсеверната општина на округот Целе, со Ајмке и Зудербург во округот Илцен, Ешеде и Берген во округот Целе и Вицендорф во округот Хајде.