Розово фламинго
Розово фламинго | |
---|---|
Розово фламинго во Валфис Беј, Намибија | |
Розово фламинго во лет | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Птици |
Ред: | Фламинговидни |
Семејство: | Фламинга |
Род: | Фламинго |
Вид: | Розово фламинго |
Научен назив | |
Phoenicopterus roseus Палас, 1811 | |
Синоними | |
Phoenicopterus antiquorum |
Розово фламинго или големо фламинго (науч. Phoenicopterus roseus) — најраспространет вид од семејството на фламингата. Се среќава во делови од Африка, Индискиот Потконтинент, Блискиот Исток и јужна Европа, вклучувајќи ја и Македонија. Некои населенија се преселници на кратко растојание и се среќаваат посеверно од вообичаениот опсег. Познати се и за чување во заробеништво, и можат да се видат во Скопската зоолошка градина.
Таксономија
[уреди | уреди извор]Розовото фламинго било опишано од Питер Симон Палас во 1811 година. Претходно се сметал дека е ист вид со американското фламинго (Phoenicopterus ruber), но поради разликите во бојата на главата, вратот, телото и сметката, двата фламинга сега се најчесто се сметаат за посебни видови. Розовото фламинго нема подвид.[2]
Опис
[уреди | уреди извор]Овој вид фламинго е најголем од целото семејство, висок 110–150 см и тежок 2–4 кг. Најголема женка розово фламинго е забележана со 187 см висина и тежина од 4,5 кг.[3] Како и сите фламинга, овој вид несе само едно варовито-бело јајце на тумба од кал. Повеќето од пердувите му се розовобели, но крилата му се покриени со црвени пердуви, а основните и средните пердуви за летање му се црни. Клунот му е розов со црн врв, а нозете му се целосно розови. Се огласува слично на гуска, како трубење. Младенчињата се белосиви, и им треба неколку години за да ја постигнат розовата боја. Таа боја, всушност ја добиваат од исхраната, од каротинските пигменти на организмите што ги јадат.
Овие птици живеат во мочурливи предели и плитки крајбрежни лагуни со солена вода. Со своите нозе ја копаат калта и тињата и оттаму со клунот филтрираат мали ракчиња, семиња, алги, микроскопски организми и мекотели. Се храни со главата надолу, а горната вилица не ѝ е фиксирана за чарепот, туку е подвижна.[4]
Рапределеност
[уреди | уреди извор]Го има во делови на Африка, јужна Азија (Бангладеш и крајбрежните региони на Пакистан, Индија и Шри Ланка), на Блискиот Исток (Бахреин, Кипар, Ирак, Иран, Израел, Кувајт, Либан, Палестина, Катар, Турција и на Обединетите Арапски Емирати) и јужна Европа (вклучувајќи ги Албанија, Грција, Италија, Црна Гора, Македонија, Португалија, Шпанија и јужна Франција). Најсеверно место за размножување е градот Фреден во западна Германија, близу до границата со Холандија. Забележано е дека тие се размножуваат во Обединетите Арапски Емирати на три различни места во Емиратот Абу Даби.[5] Во Гуџарат која е сојузна држава во Индија, фламингото може да се забележи во засолништето за птици Нал Саровар, засолништето за птици Киџадија, градот Фламинго и засолништето за птици Тол. Тие остануваат таму во текот на целата зимска сезона.[6]
Животен век
[уреди | уреди извор]Животниот век на фламингото, според зоолошката во Базел е над 60 години. Најстарото познато розово фламинго е жител на зоолошката градина Аделаида во Австралија, и има барем 77 години. Точната возраст на птицата не се знае, бидејќи веќе бил возрасен кога го донеле во зоолошката во 1933 година, и сè уште бил жив во 2011 г.[7]
Односи со луѓето
[уреди | уреди извор]Во минатото
[уреди | уреди извор]Римските цареви го сметале јазикот од фламингото за специјалитет.[4]
Заробеништво
[уреди | уреди извор]Прва позната зоолошка каде се одгледуваат фламинга е од 1959 г. во Базел. Таму се израснати 400 птици, просечно од 20 до 27 годишно до 2000 година.[8]
Поради успешноста на размножувањето во Базел и недостаток на простор, многу фламинга од таму се праќани во зоолошки ширум светот. Со оглед на времето од 1959 година и бројноста на птиците кои се излегнати таму, може да се заклучи дека голем број колонии фламинга во другите зоолошки се роднински поврзани со фламингата од Базел.
Опасности
[уреди | уреди извор]Во солените блата на Индија и Пакистан, повремено фламингата се усмртени од каблите со 1000 вати струја, на кои тие стојат. До сега се регистрирани 139 такви случаи.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ BirdLife International (2012). „Phoenicopterus roseus“. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 јули 2012.
- ↑ del Hoyo, J.; Collar, N.; Garcia, E. F. J. „Greater Flamingo (Phoenicopterus roseus)“. Handbook of the Birds of the World Alive. Барселона, Шпанија: Lynx Edicions. Посетено на 22 април 2021.
- ↑ „архивски примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2009-02-26. Посетено на 2013-05-13.
- ↑ 4,0 4,1 „Flamingo Feeding“. Stanford University. Посетено на 11 March 2013.
- ↑ Khan, Shahid; и др. (2017). „Greater Flamingo (Phoenicopterus roseus): Important wintering sites and breeding records in the United Arab Emirates“. Zoology in the Middle East. 63 (3): 194–201. doi:10.1080/09397140.2017.1331586.
- ↑ Koshti A.J. and Bony L.S (2016). "Ethology of greater flamingo in captivity", Undergraduate thesis submitted to St.Xavier's College, Ahmedabad, India.
- ↑ „Australia youths "maul flamingo"“. BBC News Online. 30 октомври 2008. Посетено на 17 април 2009.
- ↑ „50 years of flamingo breeding“. Basler Zeitung. 13 август 2008. Посетено на 21 март 2010.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Розово фламинго на Ризницата ?
- Greater Flamingo[мртва врска] from the IUCN/Wetlands International Flamingo Specialist Group
- Flamingo Resource Centre Архивирано на 13 април 2009 г. - a collection of resources and information related to flamingos
- Greater Flamingo videos, photos & sounds Архивирано на 12 април 2010 г. on the Internet Bird Collection
- Performing Greater Flamingos in open field Архивирано на 9 јануари 2018 г.
- Greater Flamingo - Species text in The Atlas of Southern African Birds.