Пеликановидни
Пеликановидни Период: доцна креда–денес, | |
---|---|
Pelecanus occidentalis | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Птици |
Инфракласа: | Нововилични |
Ред: | Веслоножни Sharpe, 1891 |
Семејство | |
традиционално: |
Веслоножни или пеликановидни (науч. Pelecaniformes) — ред птици. Тоа се птици кои живеат на вода и се хранат со риби. Сите четири прста им се споени со кожичка за пливање и затоа се одлични пливачи. Дел од семејствата, како кормораните, на пример, се и одлични летачи.
Особини
[уреди | уреди извор]Сите видови од овој ред ја ловат својата храна под вода, а тоа се најчесто риби. Семејствата на кормораните и анхингите имаат водонепропусно перје само во долниот слој, под покривното перје, а останатите видови имаат целосно водоотпорно перје. Сите видови имаат мали или затворени носници, што го спречува продирањето на водата во дишните органи. Кормораните и фалимијата блуни (Sulidae) дишат исклучиво преку клунот, бидејќи носниците им се целосно затворени. Една од типичните карактеристи на овој ред е дека сите видови гнездат во колонии. Колониите ги прават на осамени острови или далечни брегови. Повеќето видови прават вистински гнезда кои ги градат двата родитела. Младенчињата, по испилувањето, се целосно немоќни и родителите ги хранат со делумно сварена храна.
Систематизација
[уреди | уреди извор]Според традиционалната систематизација во редот на веспаѓаат следните семејства:
- Семејство: анхинги (Anhingidae)
- Род: анхинга (Anhinga)
- Семејство: фрегати (Fregatidae)
- Род: фрегата (Fregata)
- Семејство: пеликани (Pelecanidae)
- Род: пеликан (Pelecanus )
- Семејство: тропичарки (Phaethontidae)
- Род: тропичарка (Phaethon)
- Семејство: корморани (Phalacrocoracidae)
- Род: корморан (Phalacrocorax)
- Семејство: глупчовци (Sulidae)
- Род: лакомец (Morus)
- Род: Аботов глупчо (Papasula)
- Род: глупчо Sula
Според новата класификација[1] (со ДНК-анализи) ибисите и лажичарките, кои беа во редот на штрковидните сега се преместени во редот на пеликановидните:
- Семејство: Treskiornithidae
- Потсемејство: Threskiornithinae - ибиси
- Род Threskiornis
- Род Thaumatibis
- Род Geronticus
- Род Nipponia
- Род Bostrychia
- Род Theristicus
- Род Cercibis
- Род Mesembrinibis
- Род Phimosus
- Род Eudocimus
- Род Plegadis
- Род Lophotibis
- Потсеејство: Plateinae - лажичарки
- Род Platalea
Исто така, подредот Sulae, е преиначен во ред Suliformes, со следниве семејства:
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ A Phylogenomic Study of Birds Reveals Their Evolutionary History. Shannon J. Hackett, et al. Science 320, 1763 (2008).
- Bourdon, Estelle; Bouya, Baâdi & Iarochene, Mohamed (2005): Earliest African neornithine bird: A new species of Prophaethontidae (Aves) from the Paleocene of Morocco. J. Vertebr. Paleontol. 25(1): 157–170. DOI: 10.1671/0272-4634(2005)025[0157:EANBAN]2.0.CO;2 HTML abstract
- Mayr, Gerald (2003): The phylogenetic affinities of the Shoebill (Balaeniceps rex). Journal für Ornithologie 144(2): 157–175. [English with German abstract] HTML abstract[мртва врска]
- Mortimer, Michael (2004): The Theropod Database: Phylogeny of taxa Архивирано на 16 мај 2013 г.. Retrieved 2013-MAR-02.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Дрво на животот:Пеликановидни Архивирано на 12 август 2014 г.
|
|