Прејди на содржината

Столб на Константин

Координати: 41°00′31″N 28°58′16″E / 41.00861° СГШ; 28.97111° ИГД / 41.00861; 28.97111
Од Википедија — слободната енциклопедија
Столб на Константин
Çemberlitaş sütunu
Столбот на Константин, гледана од југоисток. Зад неа се гледа Атик Али-паша џамија.
Карта
Општи податоци
ГрадИстанбул
ЗемјаТурција

Столбот на Константин (турски: Çemberlitaş sütunu) е споменик-столб изграден по наредба на римскиот цар Константин Велики во 330 година. Колоната била изградена по декларацијата на Византија за именување на градот Нов Рим за нова престолнина на Римското Царство.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во времето кога била изградена, колоната се наоѓала во центарот на форумот на Константин (денеска попозната како Çemberlitaş), надвор од денешните градски ѕидини, во близина на т.н. западна порта на Антонинија. Колоната била висока 50 метри, конструирана од девет цилиндрични порфирски блокови, а на нејзниот врв се наоѓал статуа на Константин. Се смета дека објектот содржал фрагменти од Вистинскиот Крст. Во подножјето на колоната се наоѓало светилиште кое содржело остатоци од крстовите на двајцата разбојници кои биле распнати со Исус Христос на Калварија[1], дрвена статуа на Атена од Троја итн. Статуата на Константин од колоната паднала во 1106 година, а во времето на Мануел I Комнин (1143-1180) таа била заменета со крст. Во времето на четвртата крстоносна војна и зазимањето на градот од страна на крстоносците, тогашниот сенат дал дозвола за доградба на неговата северна страна каде биле додадени поголем број на антички статуи. Крстот бил отстранет по Падот на Цариград во 1453 година и заземањето на градот од страна на Османлиите.[2] Земјотресот од 1779 година предизвикал паѓање на колоната. Истата повторно била вратена од страна на Абдул Хамид I.

Колоната денес

[уреди | уреди извор]

Колоната на Константин е еден од најзначајните примери на римската уметност во Истанбул. Столбот е висок 35 метри, и денес може да се види од Мраморно Море и од Босфорот, како дел од познатиот историски скајлаин на Истанбул. Во 1955 година колоната била реставрирана, како и во 1972 година.

  1. Clarke, Howard: The Gospel of Matthew and its Readers. Indiana University Press, 2003. p.204.
  2. „Çemberlitas (Burnt Column), Istanbul“. TurkeyTravelPlanner.com. Посетено на 2008-01-15.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

41°00′31″N 28°58′16″E / 41.00861° СГШ; 28.97111° ИГД / 41.00861; 28.97111