Прејди на содржината

Биљана Драгиќевиќ-Пројковска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Билјана Драгиќевиќ-Пројковска
Родена Биљана Драгиќевиќ
11 април 1975(1975-04-11)(49 г.)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
Националност Македонка
Позната по улогата во:
Сашка и Сашко
Мајки
Пет плус
Занимање глумица
Сопружник Дејан Пројковски

Билјана Драгиќевиќ-Пројковска (родена на 11 април 1975 во Скопје) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица. Димпломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје во класата на професорот Владимир Милчин.

Во 1998 година се вработила како глумец во Драмски театар - Скопје. Остварила бројни главни и споредни улоги во претстави во Драмскиот театар, но и во други театарски установи и тоа не само како глумец, туку и како режисер, кастинг директор и проект менаџер. Покрај театарските улоги остварува и филмски и телевизиски улоги.

Театарски претстави

[уреди | уреди извор]
  • Управителката на домот - Грев или шприцер, од Сашко Насев, р. Деан Дамјановски, ДТС 2011
  • Жената како воено поле, од Матеј Винсиек, р. Владлен Александров, ДТС, 2008
  • Ангелот на апокалипсата – Каменот на мудроста, од Југослав Петровски, р. Југослав Петровски
  • Ингрид – Питачка опера, од Вацлав Хавел, р. Горан Тренчевски
  • Шехерезада - Вазна од порцелан, од Југослав Петрески
  • Милка – Сончогледи, од Валентин Катаев, р. Коле Ангеловски
  • Петриа – Чорбаџи Теодос, од Васил Иљоски, р. Горан Стојановски
  • Ана Попова – Мечката, од А. П. Чехов, р. Синиша Ефтимов
  • Сара – Заводникот од западниот свет, р. Коле Ангеловски
  • Нина Заречна – Галебот, од А. П. Чехов, р. Стојан Стојановски
  • Слугинката – Бркотница, од Огнен Георгиевски, р. Дритро Касапи
  • Гласот на народот – Ојдипус Тиранус, од Софокле, р. Зоја Бузалковска
  • Јицуко – Три есенски приказни, од Yokio Mishima, р. Владимир Милчин
  • Меги – Музеј од приказни, од Жанина Мирчевска, р. Дритро Касапи
  • Смит – Петар Пан, детска претстава, р. Билјана Драгичевиќ и Дејан Лилиќ
  • Сара - The Lover, група автори, р. Зоја Бузалковска
  • Сенката – Сенката, р. Искра Стојковска
  • Гилдестерн – Хамлет, од Шекспир, р. Владо Цветановски
  • Џокер – Бетмен засекогаш, детска претстава, р. Билјана Драгичевиќ и Дејан Лилиќ
  • Ана – Поблиску, од Патрик Марбер, р. Слободан Унковски
  • Марија Јегоровна – Платонов, од А. П. Чехов, р. Димитар Станковски
  • Сестрата – Роберто Зуко, од Bernard Mari Coltes, р. Дритро Касапи
  • Рајка – Земјомер, од Николај Кољада, р. Владимир Милчин
  • Јури – Кандид во земјата на чудата, од Венко Андоновски, р. Сашо Миленковски
  • Вера – Диво месо, од Горан Стефановски, р. Александар Поповски
  • Клаудија Рогов – Тетовирани души, од Горан Стефановски, р. Сашо Миленковски
  • Таа – Епсеранца, од Жанина Мирчевска, р. Александар Чамински
  • Наташа – Падот на невиноста, од Василиј Сигарев, р. Дејан Пројковски
  • Рајна – Лет во место, од Горан Стефановски, р. Љупчо Георгиевски
  • Ангустиа – Домот на Бернарда Алба, од Ф. Г. Лорка, р. Горчин Стојановиќ
  • Баукида – Тито, од Слободан Шнајдер, р. Дејан Пројковски, Мартин Кочовски, Деан Дамјановски, Бранко Брезовац
  • Виола – Супернова, од Златко Славенски, според Лори Андерсон, р. Златко Славенски

Филмски и ТВ улоги

[уреди | уреди извор]

Драгиќевиќ-Пројковска ги остварила филмските улоги:[1]

  • Денес, утре, ТВ филм, 1998
  • Селанката – детско ТВ емисија Волшебниот свирач, 1999
  • Мајката – Вета, краток филм, режија Теона Митевска, Берлински филмски фестивал 2001
  • Фатима – Сликар, краток филм, режија Александар Станковски, 2000
  • Џипче и Летка – Волшебното тркало, детска ТВ емисија, режија Ристо Самарџиев, СИТЕЛ ТВ, 2000
  • Сашка – Сашка и Сашко, ТВ проект, режија Драган Вељановски, МРТВ, 2005
  • Самитот на Шаманите, ТВ филм, режија Александар Станковски, 2006
  • Касиерка — Досие-К, ТВ филм, режија Драган Вељановски, 2007
  • Мајки, ТВ-филм, режија Милчо Манчевски, 2010.
  • Бистра вода, ТВ серија, режија Јани Бојаџи, 2010
  • Динка — Ова не е американски филм, ТВ филм, 2011
  • Бардо, ТВ филм, 2012
  • Сестрата — Последниот Македонец, ТВ филм режија Илија Пиперкоски, 2015
  • Жената — Лазар, ТВ филм режија Светозар Ристовски, 2015
  • Петко – 5+ фамилија, детски ТВ проект, ТЕЛМА ТВ, 2014-2020
  • Преспав, ТВ серија, 2020
  • Сестри ТВ филм, 2021.
  • Прогестерор(н), ТВ филм, 2022.
  • Тајниот изум, ТВ филм 2022.
  • 2001, трет Асистент во филмот „Како лош сон“ од Антонио Митриќески
  • 2001/2002, Кастинг директор на ТВ серијата „Наше маало“
  • 2002, трет Асистент на ТВ филмот „Шимански“, германска продукциска куќа

Режисерски ангажмани

[уреди | уреди извор]
  • 1997, Дестка претстава „Петар Пан“, режија Билјана Драгичевиќ и Дејан Лилиќ, Детски Креативен Центар
  • 1998, Детска претстава „Снежана и седумте џуџиња“, режија Билјана Драгичевиќ и Дејан Лилиќ, Детски Креативен Центар
  • 1999, Детска претстава „Бетмен засекогаш“, режија Билјана Драгичевиќ и Дејан Лилиќ, Детски Креативен Центар
  • 1999, Детска претстава „Астеркис и Обеликс“, режија Билјана Драгичевиќ и Дејан Лилиќ, Детски Креативен Центар
  • 2000, Краток документарен филм, „Многу одамна си беше еден крал“, режија и монтажа: Билјана Драгичевиќ. Дел од проектот „Уметност за социјални промени“, финансирано од Европска Културна Фондација.
  • 2000, Детска претстава „Биле баксуз“, режија Билјана Драгичевиќ и Дејан Лилиќ, Детски Креативен Центар,
  • 1999 Награда за најдобар глумец од списанието „Вечер
  • 2001 награда за најдобар глумец за 2000 година за претставата „Поблиску“ – Златна Бубамара на популарност
  • 2023 награда за најдобра женска улога на фестивалот на дуодрама "Бранко Ѓорчев" за улогата во претставата "За нас почнува живот" во режија на Дејан Пројковски.
  1. „Biljana Dragicevic-Projkovska“. IMDb. Посетено на 5 февруари 2023.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]