Минстер (административен округ)
Минстер Münster | |
---|---|
Административен округ | |
Карта на North Rhine-Westphalia со округот Минстер | |
Земја | Германија |
Сој. покраина | Северна Рајна-Вестфалија |
Админ. центар | Минстер |
Површина | |
• Вкупна | 6.904,93 км2 (266,601 ми2) |
Население (31 декември 2023)[1] | |
• Вкупно | 2.678.417 |
• Густина | 3,9/км2 (10/ми2) |
Мреж. место | bezreg-muenster.nrw.de |
Минстер е еден од петте административни окрузи во Северна Рајна-Вестфалија, Германија, кој се наоѓа на северот на покраината и е наречен по градот Минстер. Тој ја вклучува територијата, која во средновековието била позната како Драјнгау.
Округот Минстер ги опфаќа главно руралните земји од Минстерскиот крај (Münsterland, Минстерланд), кој е позната по неговите замоци, на пример: Нордкирхенскиот и Ахаус. Округот нуди повеќе од 100 замоци, сите поврзани со велосипедска патека (100 Шлесер Рут/100 Schlösser Route).
Всушност, наједноставниот пат да го откриете Минстерланд е со велосипед. Најголемиот рамен предел со неговите архитектонски и културни богатства повикува на велосипедизам, за амбициозните патно возење (на пример:Минстерланд Џиро-трка) и релаксирани тури на земјени рурални патишта, Pättkes (мали патеки). Создадени се над 4.500 км долга мрежа на велосипедски патеки не се единствените најпопуларни рути, туку исто така има и мали и горени кружни тури низ округот. Софистицираната инфраструктура за велосипедистите со фарми Бед & Бајк, навигациони системи и сервис-станици го прават Минстерланд велосипедски рај.
Историјата на округот датира од 1815, кога еден од првичните 25 окрузи замислени како поделба на покраините на Прусија. Најголемата реорганизација на окрузите била направена во 1975, кога бројот на окрузи бил намален од 10 на 5 и бројот на слободните градови од шест на три.
Окрузи Kreise |
Слободни градови Kreisfreie Städte |
---|---|
Клима
[уреди | уреди извор]Климата е главно морска, под влијание на Голфската струја. Температурите над 30°C за време на летото се ретки. Но, исто така, температурите во зима под нула се ретки.
Знаменитости
[уреди | уреди извор]- Нордкирхенски дворец — најважен замок, исто така наречен „Вестфалски Версај“ [1] Архивирано на 27 април 2009 г.
- Замок Ахаус
- Замок Вестервинкел
- Замок Штајнфурт
- Хаус Ришхаус
- Бург Хилсхоф - родно место на Анет фон Дросте-Хилсхоф
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Олденбуршки Минстерски крај — соседна област
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Населеност на местата“. Статистичка служба на Северна Рајна-Вестфалија. 20 јуни 2024. (германски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Службена страна
- Туристичко биро за Минстерланд Архивирано на 28 мај 2010 г.
52°00′N 7°30′E / 52.0° СГШ; 7.5° ИГД
|