Рамадан Шукри
Изглед
Рамадан Шукри | ||
Роден | 14 јули 1948 Ресен, СФР Југославија | |
---|---|---|
Занимање | контрабасист, диригент |
Рамадан Шукри (14 јули 1948 во Ресен) — македонски контрабасист и диригент.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Своето музичко образование го оформува во Битола и во Скопје.
Водач на групата контрабаси во оркестарот на Македонската опера и балет.
Работејќи со повеќе мандолински оркестри на основните училишта во Скопје, постигнува значајни резултати, а по негова иницијатива во 1981 година е основан Мандолинскиот оркестар при МКЦ. Со овој оркестар Шукри постигнува големи успеси, надминувајќи го аматерското музицирање, а тоа го потврдуваат добиените награди и признанија во земјата и во странство. Заедно со Ерхан Шукри во 2001 година го основал Мандолинскиот оркестар „Скопје“, кој за кратко време постинал значајни резултати, гостувајќи на фестивали низ цела Европа.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Шукри“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1665. Text "series " ignored (help)