Прејди на содржината

Рамадан Шукри

Од Википедија — слободната енциклопедија
Рамадан Шукри
Роден 14 јули 1948(1948-07-14)(76 г.)
Ресен, СФРЈ СФР Југославија
Занимање контрабасист, диригент

Рамадан Шукри (14 јули 1948 во Ресен) — македонски контрабасист и диригент.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Своето музичко образование го оформува во Битола и во Скопје.

Водач на групата контрабаси во оркестарот на Македонската опера и балет.

Работејќи со повеќе мандолински оркестри на основните училишта во Скопје, постигнува значајни резултати, а по негова иницијатива во 1981 година е основан Мандолинскиот оркестар при МКЦ. Со овој оркестар Шукри постигнува големи успеси, надминувајќи го аматерското музицирање, а тоа го потврдуваат добиените награди и признанија во земјата и во странство. Заедно со Ерхан Шукри во 2001 година го основал Мандолинскиот оркестар „Скопје“, кој за кратко време постинал значајни резултати, гостувајќи на фестивали низ цела Европа.

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Шукри“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1665. Text "series " ignored (help)