Прејди на содржината

Јохан Рист

Од Википедија — слободната енциклопедија
Портрет на Јохан Рист

Јохан Рист (германски: Johann Rist; 8 март 1607 - 31 август 1667) ― познат германски поет и драматург. Тој е препознатлив по химните кои ги пишувал.

Роден е во градот Отензен (денешен Хамбург) на 8 март 1667 година. Син е на германецот Каспар Рист. Најпрвин своето образование го стекнал во гимназијата Јохновата гимназија во Хамбург и гимназијата „Илустре“ во Бремен, а подоцна учел теологија на универзитетот во Ринтелн. Под влијание на Јошуа Стегман започнал да пишува химни. По заминувањето од Ринтелн работел како учител на синовите на познат хамбуршки трговец. Подоцна заедно со нив заминал на универзитетот во Росток, каде што учел хебрејски јазик, математика и медицина. Подоцна во текот на неговиот живот повторно работел како учител. Во 1635 се оженил со Елизабет Стапел. Со неа имал пет деца, но две од нив починале на многу рана возраст. Во 1662 година починала и неговата жена. Две години подоцна тој се оженил со поранешната жена на својот, веќе починат, добар пријател. Рист починал на 31 август 1667 година во Ведел.

Работа како драматург и поет

[уреди | уреди извор]

Јохан Рист ја стекнал својата слава со пишување на драмата „Персеј“, напишана во 1634 година. Тој ја напишал оваа драма додека бил во Хајде. Подоцна тој продолжил да пишува и други дела и неговата слава се движела во нагорна линија. Рист бил познат во тој период.

Најпознати дела

[уреди | уреди извор]
  • Die alleredelste Belustigung (1666)
  • Die alleredelste Erfindung (1667)
  • Das alleredelste Leben (1663)
  • Das alleredelste Nass der gantzen Welt (1663)
  • Das Friedewünschende Teuschland (1649)
  • Sabbathische Seelenlust. Lüneburg: J. and H. Stern 1651
  • Neue Musikalische Fest-Andachten: Lüneburg: J. and H. Stern 1655
  • Neue Musikalische Katechismus-Andachten. Lüneburg: J. and H. Stern: 1656
  • Himmlische Lieder. Lüneburg: J. and H. Stern 1641
  • Neue Musikalische Kreutz- Trost- Lob und DankSchule. Lüneburg: J. and H. Stern 1659