Али Алиу е роден е во Крани, Преспа на 1 април1934 година. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Доктор по филолошки науки. Бил професор на Филолошкиот факултет во Приштина. Член на ДПМ од 1975 година. Автор е на книгите: Истражувања (есеи и критики, 1970), Расправи (студии, 1975), По тековите на книжевноста (есеи, 1978), Критики (1980), Книжевни студии (1982), Теорија на книжевноста (1984), Литературни читања, Литература (учебници за повеќе одделенија во основното и класови во средното образование), Дон Кихот меѓу Албанците (есеи, 1996), Книжевни рефлекси (есеи, 1999), Антологија на современата албанска поезија (2000).[1]