Андреј Бели
Борис Николаевич Бугаев (рус. Бори́с Никола́евич Буга́ев; Москва, 26 октомври 1880 - Москва, 8 јануари 1934), познат под книжевното име Андреј Бели (рус. Андре́й Бе́лый), бил руски поет, романописец, есеист и книжевник.[1][2]
Животопис
[уреди | уреди извор]Тој бил син на угледниот математичар Николај Бугаев. Борис исто така се школувал на природно-математичкиот факултет во Москва. Истовремено интензивно ја проучувал современата и класичната книжевност и филозофија. По естетичките и поетските ставови тој спаѓа во младата генерација на руските симболисти. На неговите убедувања влијание имале Кант, Ниче, Рикерт, Владимир Соловјов, а посебно поетот Рудолф Штајнер, чиј соработник и следбеник бил Бели. Со спојување на во драмските, епските и лирските елементи создал нов книжевен жанр симфонија. Напишал четири симфонии: Херојска, Драмска, Враќање и Пехар невреме. Има објавено неколку збирки на песни: Злато во азурата, Урна и Пепел. Експериментирал на планот за јазик во поемата Глосолалија. Темата на Октомвриска револуција ја обработил во поемата Христос Воскресе.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1965, Nabokov's television interview TV-13 NY
- ↑ Nabokov and the moment of truth на YouTube
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Дела од Andrey Bely на проектот „Гутенберг“
- Дела од или за Андреј Бели на Семрежниот архив
- Дела од Андреј Бели
Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |