Бајрамбос
Бајрамбос | |
Воздушен поглед на селото Бајрамбос | |
Координати 41°18′34″N 22°42′18″E / 41.30944° СГШ; 22.70500° ИГД | |
Регион | Југоисточен |
Општина | Валандово |
Област | Бојмија |
Население | 1 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2461 |
Повик. бр. | 034 |
Шифра на КО | 04002 |
Надм. вис. | 480 м |
Бајрамбос на општинската карта Атарот на Бајрамбос во рамките на општината | |
Бајрамбос на Ризницата |
Бајрамбос — село во Општина Валандово, во областа Бојмија, во околината на градот Валандово.
Потекло и значење на името
[уреди | уреди извор]Турското име на селото е Бајрам Обаси. Името на селото потекнува од турското лично име Бајрам, што означува „прослава, веселба“, како и од турскиот збор оба што означува „голем шатор со прегради или привремено место“ слично на номадите (Јуруци).[2]
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во крајниот источен дел на територијата на Општина Валандово, во изворишното подрачје на Анска Река. Атарот на селото се допира со државната гранична линија со Грција (дојранскиот дел на Општина Кукуш, Егејска Македонија), како и со подрачјето на Општина Дојран.[3] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 480 метри. Од градот Валандово, селото е оддалечено 16 километри.[3]
До селото води асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 1105 кај селото Раброво и продолжува како локален пат преку селото Чалакли.
Историја
[уреди | уреди извор]Подрачјето на Бајрамбос е населено барем од средниот век, за што сведочат остатоците од населба на наоѓалиштето Кале на еден километар источно од селото.[4]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Атарот на селото е мошне голем и зафаќа простор од 22,3 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 1.887,2 хектари, на пасиштата отпаѓаат 205,2 хектари, додека на обработливото земјиште 107,7 хектари.[3]
Во основа, селото има мешовита земјоделска функција.[3]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 110 домаќинства со 230 жители муслимани.[5]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Бајрамбос живееле 426 жители, од кои 420 Турци и 6 Роми.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Турци.[7]
Во селото живеело турско население, кое во 1961 година броело 202 жители, а во 1994 година, поради иселувањето на Турците, броело само осум жители.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Бајрамбос немало ниеден жител.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 1 жител, Турчин.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 426 | — | 383 | 420 | 202 | 32 | 8 | 6 | 8 | 0 | 1 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]На крајот од XIX век, Бајрамос било главно турско село во Дојранската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Валандово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Валандово.
Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Валандово.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Башибос, во која покрај селото Бајрамбос се наоѓале селата Башибос, Булунтули, Дурутли, Кочули, Куртамзали, Органџали, Севендекли и Џумабос. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Башибос, во која влегувале селата Бајрамбос, Башибос, Булунтули, Кочули, Куртамзали и Органџали.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0299 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во селото Башибос. Покрај селото Бајрамбос, во ова избирачко место се опфатени и селата Башибос, Булунтули и Кочули.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 190 гласачи.[14] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 199 гласачи.[15]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта[4]
- Кале — населба од средниот век
- Водопади
- Ѓаволски Водопад (познат и како Кочулски Водопад) — водопад во близина на селото
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија : (Б,Ѓ,Е,Ј,Н,Р,Т,Ќ,У,Ф,Х,Џ,Ш). Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 31. ISBN 978-608-220-026-2.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 17.
- ↑ 4,0 4,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 48. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 194-195.
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 163.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 19 јануари 2024.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2020-01-02. Посетено на 8 јануари 2020.
- ↑ „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2024-01-19. Посетено на 19 јануари 2024.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|