Боб
Боб ― зимски спорт во кој натпреварувачите пробуваат во што пократко време да се спуштат по замрзнатата патека во посебни аеродинамични санки, која исто така се нарекува боб. Боб е стандарден спорт на Зимските олимписки игри од 1924 година.
Историја
[уреди | уреди извор]Боб како спорт првпат е прикажан во Швајцарија, на крај од 19 век. Првите натпревари биле одржувани на замрзнати патишта, и на дрвени санки.[1] На почетокот се натпреварувале 5-6 членови на екипажот во еден боб, за подоцна да бидат пропишани две дисциплини: боб четворосед и боб двосед.
Во 1923 година била основана Меѓународната боб федерација или кратко ФИБТ (скратеница од француски јазик Fédération Internationale de Bobsleigh et de Tobogganing). Веќе на Зимските олимписки игри 1924 била внесена дисциплината боб четворосед, а на Зимските олимписки игри 1932 и дисциплината боб двосед, и тоа само за мажи. Тие две дисциплини биле во програма на сите игри од тогаш, освен на Зимските олимписки игри 1960 кага бобот бил привремено вон програма. Освојувачите на олимписки медали во боб двосед за жени вклучиле и дисциплини двосед на Зимските олимписки игри 2002.
Освен на Зимските олимписки игри, натпреварувањата во боб биле одржувани низ Светските и Европски првенства, како и Светскиот куп. Најуспешна нација во боб натпреварување се Швајцарија, Германија и Канада, а добри претставници повремено имаат и Италија, Русија, САД и Австрија.
Дисциплини
[уреди | уреди извор]Постојат две дисциплини боб: четворосед и двосед. Додека мажите се натпреваруваат во двете дисциплини, жените се натпреваруваат само во дисциплината двосед. За секоја дисциплина строго се препишани димензии на бобот:
- максимална должина на бобот од 3,8 m (четворосед) односно 2,7 м (двосед)
- максимална тежина вклучваќи го екипажот 630 кг (четворосед) односно 390 кг (двосед) и 340 кг (женски двосед)
За да постигне дозволена максимална тежина, екипажот смее во бобот да додаде одреден број метални тегови. Причината е секако тој боб што тежи повеќе постигнува поголема брзина спуштајќи се по стазата. Пред воведување на правилата за максимална тежина на бобот по правило настапувале потешки натпреварувачи.
Екипажот се состои од пилот, кочничара и во случај на четворосед уште два члена на екипажот. За успешен настап потребна е сила и брзина на екипажот со првично туркање на бобот, и подоцна тоа е уметност на пилотот кој треба на патеката да го пронајде оптималниот пат и во што пократко време да ја помине стазата пазејќи при тоа да не се случи превртување или излетување од стазата. Кочничарот на бобот го забавува при поминувањето низ целта, додека кочење на самата патека не е дозвољено.