Прејди на содржината

Борботски манастир

Координати: 40°12′56.92″N 21°1′50.39″E / 40.2158111° СГШ; 21.0306639° ИГД / 40.2158111; 21.0306639
Од Википедија — слободната енциклопедија
Борботски манастир
Свети Ѓорѓи
Ιερά Μονή Ταξιαρχών Τσούκας
Богородица Небесна скала, фреска од XVIII век
Карта
40°12′56.92″N 21°1′50.39″E / 40.2158111° СГШ; 21.0306639° ИГД / 40.2158111; 21.0306639
МестоБорботско, Костурско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Културнонаследна категоријаспоменик на културата
Завршена1625
Управа
Архијерејско намесништвоБорботско
ЕпархијаКостурска

Борботски манастир „Св. Ѓорѓи“ (грчки: Μονή Αγίου Γεωργίου Επταχωρίου) — машки манастир во Костурско, Егејска Македонија.[1] Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија. Изворно ѝ припаѓал на Охридската архиепископија.

Манастирот е сместен во шумовита клисура на планината Горуша. Се наоѓа на територијата на Општина Нестрам, на 4 км југоисточно од селото Борботско. Основан е во втората половина на XVII век, по изградбата на црквата во 1625 г., што е обележано на ктиторскиот натпис. Во извесни периоди во османлиско време манастирот бил женски, но е урнат на крајот од XIX век. Во XX век во него спорадично се вселувале монаси, а управата е доверена на свештеник од Борботско.[2] Параклисот „Воведение на пресв. Богородица“ и конаците се подигнати во 1881 г. Црквата е од светогорски тип, со две куполи и фрески.[1]

До 1974 г. манастирот бил во состав на Шишанско-сачишката епархија, по што прешол под Костурската.[1]

Во 1973 г. манастирската црква заедно со параклисот „Воведение на пресв. Богородица“ се прогласени за заштитен споменик на културата.[3]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 1,2 „Τα μοναστήρια της Καστοριάς (μέρος 2ο)“. Ιστορικά Καστοριάς. Посетено на 6 јануари 2014.
  2. „Μοναστήρι αγίου Γεωργίου Επταχωρίου“. 16 ноември 2013. Посетено на 13 февруари 2014.
  3. „ΥΑ Α/Φ25/23939/16-7-1973 - ΦΕΚ 856/Β/25-7-1973“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Посетено на 14 декември 2014.[мртва врска]