Прејди на содржината

Вајле

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вајле
Vejle
Град
Старата градска куќа на Вајле (1878)
Старата градска куќа на Вајле (1878)
Амблем на Вајле
Амблем
Грб на Вајле
Вајле is located in Данска
Вајле
Вајле
Локација во Данска
Координати: 55°43′N 9°32′E / 55.717° СГШ; 9.533° ИГД / 55.717; 9.533
ДржаваДанска
РегионЈужна Данска
Управа
 • ГрадоначалникАрне Сигтенбјергард
Површина
 • 1.066,32 км2 (41,171 ми2)
Население (2012)
 • Вкупно51.804
 • 108.021
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Мреж. местоwww.vejle.dk

Вајле (дански: Vejle) — значаен град во Данска, поточно во средишниот дел на државата. Градот е управен центар на Јужна Данска, каде со околните населени места претставува општина, Општина Вајле. Денес Вајле има 51,804 жители (1 јануари 2012)[1] во градот и 108,021 во поширокото градско подрачје.[2]

Природни услови

[уреди | уреди извор]

Вајле се наоѓа во средишниот дел на Данска. Од главниот град Копенхаген, градот е оддалечен само 235 километри западно.

Релјеф: Градот Вајле се наоѓа во средишниот дел на данскиот полуостров Јитланд. Градското подрачје е типично за дански услови. Надморската височина на средиштето на градот се движи од 0 до 70 метри. Во средината се наоѓа котлина, која се завршава со залив. Падините и од двете страни на котлината и заливот достигнуваат најголеми височини околу ридот Мункебјерг, каде буката процвета 14 денови пред процветувањето во останатите места во Данска.

Клима: Климата во градот Вајле е претежно умерено-континентална под силно влијание на Атлантикот и топлата Голфска струја.

Води: Вајле се формирал на крајот на истоимениот фјорд Вајле, кој претставува дел од Северното Море.

Името на градот значи "плитко место" или "газ", што е прилично точен назив, со оглед на тоа дека градот се наоѓа во внатрешноста на заливот, на доста плитко место, па е возможно лесно преминување.

Историја

[уреди | уреди извор]

Подрачјето на Вајле било населено уште во времето на праисотријата. Денешната населба првпат се споменува во 1256 година, а во 1327 година, населбата ги добила градските права. Средишниот дел на градот се ширел околу потокот Вајле и Грејс. Подоцна градот се проширил на брегот на Сондермаркен и Молхолм на југот, и Норемаркен и Ухој на север, додека кон запад се ширел во текот на триесеттите години на дваесеттиот век.

И покрај пет годишната окупација над Данска (1940-1945) од страна на Третиот Рајх, градот и неговото население не претрпеле големи страдања.

Население

[уреди | уреди извор]

Денес Вајле има околу 51.000 жители во градските граници и околу 106.000 со околните населени места.

Етнички состав Населението на Вајле до пред неколку децении било типично населено со етнички Данци. И денес етничките Данци се поголемото мнозинство во градот, но мал дел од населението се доселеници.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Вајле некогаш бил познат како „дански Манчестер“, додека денес е средиште на ИТ-секторот.

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. [1]
  2. BEF44: Population 1st January, by urban areas податоци од Данската статистика

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]