Виктор Корчној
Виктор Корчној (руски: Ви́ктор Льво́вич Корчно́й) роден во Ленинград (денешен Санкт Петербург), 23 март 1931 починал во Волен на 6 јуни 2016 година.
Бил советски шаховски велемајстор на почетокот а подоцна и советско – швајцарски шаховски ас. Според стилот на играта бил нарекуван „Страшниот Виктор“.
За време на Втората светска војна Корчној живеел во Ленинград (денес Санкт Петербург) за време на неговата опсада (1941-1945).
Започнал да учи шах уште во неговата шеста година од животот. Станал советски мајстор во 1951 година, интернационален мајстор во 1954 година а велемајстор во 1956 година. Четири пати бил шампион на Советскиот Сојуз, а играл и за олимпискиот тим на истата држава. Како член на шаховскиот тим на Советскиот Сојуз има освоено 6 златни медали (одликувања). Осум пати играл во натпревари за кандидат за светски првак, а играл и двапати во финале против Анатолиј Карпов.
Емигрирал во Швајцарија во 1976 година и таму се здобива со статус на Швајцарски граѓанин во 1991 година. Тоа претставувала прва емиграција на врвни советски шахисти од Советскиот Сојуз кон државите од западот. На Филипините во 1978 година бил многу блиску до победа против Карпов во натпревар за светски првак.
Корчној бил повеќе од 50 години пласиран помеѓу 100те шахисти во светот на ранг листата. Сè до својата смрт бил врвна форма, а во поодминатите години од својот живот има победувано на турнири (2006 година освоил титула помеѓу ветерани). Виктор Корчној починал на 6 јуни 2016 година во градот Волен во Швајцарија во 86-тата година од својот живот.
Добро го говорел српскиот јазик.
Сè до својата смрт бил рангиран помеѓу првите 100 шахисти во светот.
период | позиција | рејтинг |
Јануари 2007 | 85 | 2629 |
Октомври 2005 | 92 | 2620 |
Јули 2005 | 100 | 2615 |
Април 2005 | 96 | 2619 |
Јануари 2005 | 90 | 2617 |
Јули 2003 | 66 | 2628 |
Април 2003 | 60 | 2632 |
Јануари 2003 | 43 | 2642 |
Октомври 2002 | 52 | 2634 |
Јули 2002 | 59 | 2626 |
Април 2002 | 51 | 2635 |
Јануари 2002 | 54 | 2633 |
Октомври 2001 | 45 | 2639 |
Јули 2001 | 64 | 2617 |
Април 2001 | 41 | 2643 |
Јануари 2001 | 46 | 2639 |
Октомври 2000 | 50 | 2632 |
Јули 2000 | 63 | 2620 |
Табела со: пласман и рангирање на Корчној во периодот од јули 2000 до 2007 година
Успеси во шаховската кариера
[уреди | уреди извор]Виктор Корчној многу долг период успеал да остане врвен шахист. Го восхитил светскиот шаховски свет кога на импресивен начин успеал да се квалификува на шаховското првенство на тогашниот Советски Сојуз (СССР) во 1952 година. Во тоа време СССР бил доминантна шаховска сила во светот. Во 1960 година за прв пат успева да победи на шаховското првенство на Советскиот Сојуз, додека второ место има освоено во 1962, 1964 и во 1970 година. Неговата најзначајна игра во целокупната шаховска кариера била онаа за титулата шампион на светот против Анатолиј Карпов. Тоа се случило во два наврата и тоа во 1970 и 1980 година. Финалните натпревари за кандидат за светски првак ги започнал во 1974 а траеле до 1981 година. Во сите тие натпревари играл против вкупно 8 светски прваци: Ботвиник, Таљ, Смислоц, Петросјан, Спаски, Фишер, Карпов и Каспаров. Против Таљ имал 13 победи, 6 порази и 29 нерешени натпревари - реми. Против Петросјан и Спаски имал позитивен исход, а против Ботвиник и Фишер имал нерешен резултат. За сите тие години бил втор играч на светската ранг – листа.
- 1960 - 1970 година шампион на Советскиот Сојуз – 4 пати
- 1968 година финален натпревар за кандидат со Спаски (1 победа и 4 порази) Киев, Украина
- 1974 година финален натпревар за кандидат против Карпов (2 победи и 3 порази) Москва, СССР
- 1977 година финален натпревар за кандидат против Спаски (7 победи и 4 порази) Белград, Југославија
- 1978 година натпревар за светски шампион во шах против Карпов (5 победи и 6 порази) Филипини
- 1980 година финален натпревар за кандидат против Хибнер (3 победи и2 пораза) Мерано, Италија
- 1981 година натпревар за светски шампион во шах против Карпов (2 победи и 6 порази)
Успеси на големи турнири
[уреди | уреди извор]- 1960 година, СССР – прво место
- 1965 година, Ереван, Ерменија – прво место
- 1980 година, Лондон, Велика Британија – поделба од прво до трето место
- 1985 година, Тилбург, Холандија – поделба од прво до трето место
Карактерот на Корчној
[уреди | уреди извор]Долго време за Корчној се мислело дека е лош и со циничен карактер поради неговиот остар поглед. Тој во суштина бил многу љубезен и пријатен човек и таквите првично донесени заклучоци за него го навредувале. Приказната за неговиот натпревар против Карпов била легендарна. Мистериозниот јогурт од јагоди кој го пиел за време на натпреварот, х - зраците, хипнозата, вртењето околу масата за игра и другите бизарности кои порано никогаш не биле забележани го карактеризирале тој натпревар.
Се говори дека постои анегдота во која во еден момент на една партија без ронка комплекс го запрашал судијата за големата рокада. Го запрашал судијата дали може да направи рокада на дамината страна кога неговиот противник го напаѓа полето Б1. Корчној подоцна ја продолжил партијата и победил во истата.