Прејди на содржината

Винтерхуде

Координати: 53°36′0″N 10°0′0″E / 53.60000° СГШ; 10.00000° ИГД / 53.60000; 10.00000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Винтерхуде
Кварт во Хамбург
Каналот Goldbekkanal со мост на подземната железница
Каналот Goldbekkanal со мост на подземната железница
Каналот Goldbekkanal со мост на подземната железница
Винтерхуде во рамките на Германија
Винтерхуде
Управа
Земја Германија
Покраина Хамбург
Град Хамбург
Реон Хамбург-Норд
Основни податоци
Површина 8 км2
Население 48.799  
 - Густина 6.100 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HH
Повик. бр. 040
Местоположба на Винтерхуде во Хамбург
Карта
Карта
Координати 53°36′0″N 10°0′0″E / 53.60000° СГШ; 10.00000° ИГД / 53.60000; 10.00000

Винтерхуде е квартер во округот Хамбург-Норд на Хамбург, Германија.

Историја

[уреди | уреди извор]

Винтерхуде бил првпат споменат во 13-от век,[1] но археолошките откритија на предмети, оружја и гробници потекнуваат од 1700 п.н.е. и 700 п.н.е..[2]

Во текот на Втората светска војна, пристаништето Хамбург и со тоа Винтерхуде биле цели на воздушните напади, на т.н. Операција Гомора.

Географија

[уреди | уреди извор]

Во 2006, според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, квартот Винтерхуде имал вкупна површина од 7,6 км2. На север е квартот Алстердорф, а квартот Бармбек-Норд е на исток. На запад се квартовите Епендорф и Харфештехуде и на југ се Уленхорст и Бармбек-Зид.

Во Винтерхуде е градскиот парк на Хамбург (Hamburger Stadtpark).

Демографија

[уреди | уреди извор]

Во 2007, населението во квартот Винтерхуде било 48.799. Густината на население била 6.439 жители на км2. 10,6% биле деца под 18 години, а 15% имале 65 или повеќе години. 11,8% биле имигранти. 1.684 лица биле регистрирани како невработени.[3] Во 1999, имало 31.732 домаќинства, а 60,4% од сите домаќинства биле составени од само еден член. Просечната големина на домаќинствата била 1,61.[4]

Население по години

1709 1810 1811 1834 1838
100 238 242 325 380 [5]
1939 1950 1961 1970 1980
65.937 90.623 79.235 61.899 50.787 [6]
1987 1988 1989 1990 1991 1992 1993 1994 1995 1996 1997 1998 1999
47.225 46.988 47.236 47.767 48.404 49.460 49.449 49.819 49.040 49.192 48.536 48.536 48.756[7]
2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007
48.653 48.469 48.421 48.610 48.532 48.602 49.018 48.799[7]

Во 2007, имало 4.622 кривични дела (95 дела на 1.000 луѓе).[7]

Образование

[уреди | уреди извор]

Во 2006, имало 6 основни и 3 средни училишта во квартот Винтерхуде со 3.959 ученици.[8]

Инфраструктура

[уреди | уреди извор]
Индонезиски конзулат во Хамбург.
Планетариумот во градскиот парк (2003).

Во 1956, основан е генералниот конзулат на Република Индонезија, кој се наоѓа во овој кварт.[9] Генералниот конзулат на Исламската Република Иран бил основан во 1858 и исто така се наоѓа во улицата Bebelallee.[10]

Здравствен систем

[уреди | уреди извор]

Болницата Israelitisches Krankenhaus има 180 кревети.[11]

Имало 32 дневни центри за деца, 156 лекари во приватни ординации и 16 аптеки.[7]

Сообраќај

[уреди | уреди извор]

Винтерхуде е поврзан со железничкиот систем на подземната железница со неколку станици: Sierichstraße, Borgweg и Saarlandstraße (линија У3), Hudtwalkerstraße и Lattenkamp (линија У1). Според секторот на моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), во квартот Винтерхуде биле регистрирани 15.992 приватни возила (328 возила/1000 луѓе).[7]

  1. Шпарман 1968, стр. 401
  2. Шиндлер 1960, стр. 284 et sqq.
  3. Биро за регистрацијата на граѓаните, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2007)
  4. Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (1999)
  5. Недермајер (1847), Zur Statistik und Topographie der Freyen und Hansestadt Hamburg, Хамбург, стр. 88 et sqq. and 128 (германски)
  6. BAUBEHÖRDE HAMBURG 1981, S.11 and STATISTISCHES LANDESAMT. Statist. Taschenbücher: Einwohnerentwicklung 1973-1995
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 7,4 Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2007)
  8. Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
  9. Список на конзуларни претставништва, трговски мисии, културни институции и меѓународни институции во Слободниот и ханзеатски град Хамбург, стр. 13 и 38 (германски)
  10. Список на конзуларни претставништва, трговски мисии, културни институции и меѓународни институции во Слободниот и ханзеатски град Хамбург, стр. 14 и 38 (германски)
  11. Болници во Хамбург (PDF), Behörde für Soziales, Familie, Gesundheit und Verbraucherschutz Министерство за социјални работи, семејни работи, здравство и заштита на потрошувачите, 2008-01-01, Посетено на 2008-02-28[мртва врска] (германски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]