Високи потпетици
„Високи потпетици“ | |
---|---|
Режисер | Педро Алмодовар |
Продуцент | Агустин Алмодовар, Енрике Поснер |
Сценарист | Педро Алмодовар |
Главни улоги | Викторија Абрил, Мариса Паредес Мигел Босе[1] |
Дистрибутер | Мирамакс (САД) |
Премиера | 23 октомври 1991 |
Времетраење | 112 мин |
Јазик | шпански |
„Високи потпетици“ (шпански: Tacones lejanos е филм на шпанскиот режисер Педро Алмодовар снимен во 1991 година. Во главните улоги настапуваат Викторија Абрил и Мариса Паредес. Како и кај повеќето филмови на Алмодовар, тешко е да се одреди жанр; овде се мешаат драма, трилер, надреализам, фарса и комедија.
И покрај различните критики, филмот имал комерцијален успех. Бил избран за шпански кандидат за најдобар странски филм на 64-тото доделување на Оскарите, но не бил прифатен како номиниран.[2]
Синопсис
[уреди | уреди извор]Приказната е за мајка (Мариса Паредес) и ќерка (Викторија Абрил), и чудно убиство извршено од Абрил а предизвикано од нејзината посесивна мајка. Мажот на Ребека бил првата љубов на мајка ѝ, дивата „Беки дел Парамо“. Мајката и ќерката се спротивставуваат откако тој ќе биде убиен. Честопати, судијата кој го води случајот (Мигел Босе) се облекува како жена – ја имитира Беки.
Саундтрак
[уреди | уреди извор]Песните за саундтракот се изведени од шпанската пејачка Лус Касал, која ги создаде своите најголеми хитови: "Piensa en mí" and "Un año de amor".[3]
Награди
[уреди | уреди извор]- 1991 Цезар награда
- 1992 Сан Џорди награда за најдобра глумица
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Strauss 2006, стр. 114.
- ↑ Margaret Herrick Library, Academy of Motion Picture Arts and Sciences
- ↑ Allinson 2001, стр. 201.
|