Втора влада на Зоран Заев
Втора влада на Зоран Заев Заев II | |
---|---|
32. влада на Македонија | |
2020-2022 | |
Заев во 2021 | |
Конституирана | 31 август 2020 |
Распуштена | 16 јануари 2022 |
Организација | |
Претседател | Стево Пендаровски |
Премиер | Зоран Заев |
Заменици на премиерот | Артан Груби Љупчо Николовски Фатмир Битиќи Никола Димитров |
Вкупно членови | 20 |
Статус во собрание | Коалициска влада |
Историја | |
Избори | 2020 |
Претходен кабинет | Спасовски |
Следен кабинет | Ковачевски |
32. влада на Македонија била избрана орган на извршната власт во Македонија избран по предвремените парламентарни избори од 15 јули 2020. Водачот на СДСМ, Зоран Заев, добил мандат за состав на владата од претседателот Стево Пендаровски како предводник на најголемата партија во македонското собрание.[1] Собранието на Македонија на 30 август 2020 со 62 гласа „за“, 51 „против“ и без воздржани, ја изгласа владата предводена од Заев.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Владата е избран на 31 август 2020 по предвремените парламентарни избори одржани на 15 јули 2020. Таа се состои од 20 министри. Како дел од политичкиот договор за формирање на новата влада, се создала и функцијата прв заменик премиер. Оваа одлука на колиционите партнери наишла на критика од страна на опозициските партии, дел јавноста и стручната фела.[3][4]
Како последица на лошиот резултата кој го остварл СДСМ на локалните избори во 2021 година, како и поразот на изборите за градоначалник на Град Скопје, вечерта по вториот круг на 31 октомври, Зоран Заев најавил оставка на позицијата претседател на СДСМ и повлекување од премиерската позиција.[5]
Политичките партии дел од власта следниот ден ја потврдиле својата намера да останат во владата и ја изразиле својата поддршка на Зоран Заев. Од партијата ДУИ порачале дека одлуката на Заев да се повлече од политиката е „избрзана“ и „непотребна“.[6][7]
Пет дена подоцна опозицискиот лидер Христијан Мицкоски на социјалната мрежа Фејсбук објавил заедничка фотографија со претседателите на партиите Алијанса за Албанците, Алтернатива, Беса и Левица, споделувајќи дека донесле одлука за формирање на ново парламентарно мнозинство од 61 пратеник, предводено од ВМРО-ДПМНЕ кое ќе има за цел да го распушти на собранието и да распише предвремени парламентарни избори.[8]
На 8 ноември пратениците од новоформираното мнозинство поднеле иницијатива за гласање на доверба на владата,[9] а на 11 ноември била закажана седницата по таа точка.[10][11] На истата не се појавил пратеникот Кастриот Реџепи од партијата Беса. Поради неможноста да се обезбеди кворум за спроведување на дискусијата, како и немањето доволно пратеници да гласаат за недоверба, истата била одложена на неодредено.[12] Половина час по започнувањето на седницата Реџепи во објава на социјалните мрежи споделил дека нема намера да „застане на патот“ на „новонастанатиот проевропски политички моментум“. Од неговата партија Беса, како и останатите опозициски пратеници изразиле сомнеж во веродостојноста на изјавата на Реџепи како и за околностите во кои истата е напишана.[13] Христијан Мицкоски изјавил дека се очекувало саботажа на обидот за смена на владата.[14] Лидерот на партијата Беса, Биљал Касами, попладнето во полициската станица Бит Пазар го пријавил Реџепи за исчезнат.[15] Кастриот Реџепи пак попладне на својот Фејсбук профил споделил видео во кое кажува дека е безбеден, негирајќи ги изјавите на неговите партиски колеги.[16]
Вечерта непосредно пред полноќ, седницата е завршена со заклучок дека собранието нема донесено одлука за доверба, поради истекот на законски предвиденот рок од три дена за произнесување на пратениците по поднесување на иницијативата.[17]
На 27 ноември Централниот одбор на СДСМ ја потврдил оставката на Заев од претседателската позиција во партијата, а внатрепартиските избори за избор на нов претседател биле закажани за 12 декември.[18] На истите за нов лидер на социјалдемократите бил избран Димитар Ковачевски.[19]
На 23 декември собранието ја констатирало оставката на 32. влада.[20]
На 16 јануари 2022, собранието со 62 гласа ја изгласало 33. влада на Македонија предводена од Димитар Ковачевски.[21]
Состав на владата
[уреди | уреди извор]СДСМ ДУИ НЗ (номиниран од СДСМ) БЕСА
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Заев го доби мандатот, најави влада за 20 дена“. DW Македонија. Скопје. 13 август 2020. Посетено на 9 февруари 2021.
- ↑ Делевска, С. К. (30 август 2020). „Собранието ја изгласа владата на Заев“. Сакам Да Кажам. Скопје. Посетено на 9 февруари 2021.
- ↑ „Груби вицепремиер, Бесими министер за финансии, Османи за надворешни работи“. Радио Слободна Европа. 19 август 2020. Посетено на 10 февруари 2021.
- ↑ Блажевска, Катерина (20 август 2020). „Премиерот ќе раководи или „кораководи"?“. DW Македонија. Посетено на 10 февруари 2021.
- ↑ „Заев се повлекува од владата и партијата“. DW на македонски. Скопје. 31.10.2021. Посетено на 21.1.2024. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=
(help) - ↑ „Коалиционите партнери остануваат верни на СДСМ“. DW на македонски. Скопје. 1.11.2021. Посетено на 21.1.2024. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=
(help) - ↑ „ДУИ го убедува Заев да не дава оставка“. DW на македонски. Скопје. 1.11.2021. Посетено на 21.1.2024. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=
(help) - ↑ „Мицкоски: имаме ново парламентарно мнозинство“. Слободна Европа. Скопје. 5.11.2021. Посетено на 21.1.2024. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=
(help) - ↑ „Прашање за доверба на Владата на Република Северна Македонија (08-4716/1)“. Собрание на Македонија. 8.11.2021. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Детали на седница 53“. Собрание на Македонија. 11.11.2021. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Собраниска седница за доверба на владата“. Слободна Европа. Скопје. 11.11.2021. Посетено на 21.1.2024. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=
(help) - ↑ „Седницата за доверба на владата цел ден на пауза“. Слободна Европа. Скопје. 11.11.2021. Посетено на 21.1.2024. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=
(help) - ↑ „Опозицијата во потрага по Кастриот Реџепи“. DW на македонски. Скопје. 11.11.2021. Посетено на 21.1.2024. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=
(help) - ↑ „Мицкоски- ќе чекаме до 12 часот да се појави пратеникот Реџепи“. Слободна Европа. Скопје. 11.11.2021. Посетено на 21.1.2024. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=
(help) - ↑ „Касами го пријавил Реџепи во полиција за исчезнат“. 360 степени. Скопје. 11.11.2021. Посетено на 21.1.2024. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=
(help)/ - ↑ „(Видео) Се огласи Кастриот Реџепи на ФБ и порача дека е здрав и добро“. Алсат. Скопје. 11.11.2021. Посетено на 21.1.2024. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=
(help) - ↑ „Стенографски белешки од 53-та седница на Собранието на РСМ на 11.11.2021“. Собрание на Македонија. 11.11.2021. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Оставката на Заев прифатена, СДСМ на 12 декември бира нов претседател“. VoA на македонски. Скопје. 27.11.2021. Посетено на 21.1.2024. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=
(help) - ↑ „Димитар Ковачевски е нов лидер на СДСМ, убедливо ги победи Деспотовски и Ременски, ќе биде и мандатар на новата влада“. Сакам да кажам. Скопје. 12.12.2021. Посетено на 21.1.2024. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=
(help) - ↑ „Собранието ја констатираше оставката на премиерот Заев, во оставка е цела влада“. Сакам да кажам. Скопје. 23.12.2021. Посетено на 21.1.2024. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=
(help) - ↑ „Со само 62 гласа „за" избрана владата на премиерот Ковачевски“. 360 степени. 17.1.2022. Посетено на 21.1.2024. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=
(help)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Мрежно место на владата на Македонија
|