Прејди на содржината

Втора шлезвишка војна

Од Википедија — слободната енциклопедија
Втора шлезвишка војна
Дел од војните за Обединување на Германија

Карта на Втората шлезвишка војна
Датум 1 февруари — 30 октомври 1864
Место Шлезвиг / Јитланд
Исход Австриско-пруска победа, Виенски договор (1864)
Територијални
промени
Данска ја предала контролата на Шлезвиг, Холштајн и Лауенбург на Прусија и Австрија
Завојувани страни
Австриско Царство

Кралство Прусија

 Данска
Команданти и водачи
Хелмут фон Молтке
Фридрих Граф фон Врангел
Вилхелм фон Тегетхоф
Данска Кристијан Јулиус де Меца
Данска Георге Даниел Герлах
Сила
при избувнувањето на војната: 61.000
158 пушки
доп. засилувања: 20.000
64 пушки
38.000
над 100 пушки
Жртви и загуби
над 1.700 загинати, ранети или заробени над 1.570 загинати, над 700 ранети, над 3.550 заробени

Втора шлезвишка војна (дански: 2. Slesvigske Krig; германски: Deutsch-Dänischer Krieg[1]) — втор вооружен судир како последица на нерешениот статус на Шлезвиг-Холштајн. Започнала на 1 февруари 1864 година, кога пруските сили ја преминале граница во Шлезвиг.

Данска се бореле против Прусија и Австрија. Како и во Првата шлезвишка војна (1848–51), борбата била за контрола на Војводствата Шлезвиг и Холштајн поради нивното управување откако данскиот крал умрел без наследник прифатлив за Германскиот Сојуз. Одлучувачкиот спор произлегол по донесување на Ноемврискиот устав, со кој Војводството Шлезвиг се припојувало во данското кралство со што се прекршувал Лондонскиот протокол од 1852 година.

Причините за војната била етничката расправа во Шлезвиг и постоењето на двојни политички системи во рамките на данската унитарна држава.

Војната завршила на 30 октомври 1864 година, кога бил потпишан Виенскиот договор со кој Данска ги предала Војводството Шлезвиг, Холштајн и Саксо-Лауенбург на Прусија и Австрија.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Други имиња за војната се Данско-пруска војна, Германско-данска војна, Пруско-данска војна, Војната од 1864 и Војна на наследство на Шлезвиг-Холштајн.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]