ГЕРБ–СДС
ГЕРБ–СДС | |
---|---|
Водач | Бојко Борисов |
Основана | 28 март 2019 |
Идеологија | Конзервативизам Популизам Проевропизам |
Полит. положба | Центар-десно |
Европска припадност | Европска народна партија |
Европски парламент | Европска народна партија |
Коалициски членови | ГЕРБ, Сојуз на демократските сили |
Народно собрание на Бугарија | 68 / 240 |
Европски парламент | 5 / 17 |
Општини | 108 / 265 |
Политика на Bulgaria Политички партии Избори |
ГЕРБ–СДС — двопартиска политичка коалиција од Бугарија меѓу ГЕРБ и Унијата на демократски сили, предводена од Бојко Борисов.
Историја
[уреди | уреди извор]Коалицијата помеѓу двете партии била формирана пред изборите за пратеници од Бугарија во Европскиот парламент во 2019 година.[1] На 28 март 2019 година официјално бил потпишан договор меѓу двете страни.[2][3] На изборите, коалицијата го освои првото место и од 17 пратеници тие добиле 6 места: пет отидоа на ГЕРБ, еден на СДС.[4]
Меѓупартиската соработка продолжила и пред парламентарните избори во април 2021 година . Коалицијата имала потпишано и договори за политичко партнерство со Ѓурѓовденското движење, Обединети аграри, Движењето за единство на народот и исто така Сојузот на репресирани од комунизмот „Памет“[5][6][7] Коалициските листа биле регистрирани во изборните единици во земјата на 1 март 2021 година.[8][9][10][11] На изборите коалицијата освоила 75 места од вкупно 240.[12] Најмногу места освоени од една група.
Ѓурѓовденското движење влегле во коалиција пред неуспешните предвремените парламентарни избори во јули 2021 година.[13] Слоганот на коалицијата била „Ред сред хаосот“.[14] Како резултат на изборите, коалицијата добила 63 места во парламентот, губејќи од партијата Има таков народ, која добила 65 места.[15][16]
Коалицијата исто така учествувала и на истовремените претседателски и парламентарни избори во 2021 година. Кандидатот на коалицијата бил политичарот Анастас Герџиков заврши на второто место во вториот круг од претседателските избори.[17][18][19]
ГЕРБ–СДС станала најголемата партиска коалиција на парламентарните избори во 2022 година, а нејзиниот член Вежди Рашидов станал претседател на народното собрание.[20]
Коалицијата, исто така, во парламентарните избори во 2023 година завршиле како најголемата партија. Членот на групата, Росен Жељазков, станал претседател на народното собрание по договор со втората по големина група ПП-ДБ.
Парламентарни водачи
[уреди | уреди извор]бр. | Име |
Портрет | национално собрание | |
---|---|---|---|---|
1 | Десислава Атанасова
(1978-) |
45-ти | ||
46-ти | ||||
47-ми | ||||
48-ми | ||||
49-ти | ||||
2 | Бојко Борисов
(1959-) |
49-ти |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ангелов, Георги А. (2019-03-31). „Мария Габриел е водачът на листата на ГЕРБ за евроизборите (видео)“. Dnevnik (бугарски). Посетено на 2022-10-21.
- ↑ Епицентър; Епицентър. „Александър Йорданов се устремява към Европарламента, ще е на 6-то място в листата ГЕРБ – СДС“. Epicenter (бугарски). Посетено на 2022-10-21.
- ↑ „Политическо споразумение“ (PDF).
- ↑ Blitz.bg (2019-05-31). „ЦИК официално обяви имената на всички 17 български евродепутати“. Blitz.bg (бугарски). Посетено на 2022-10-21.
- ↑ „ГЕРБ и Обединени земеделци подписаха споразумение за политическо партньорство за изборите“ (англиски). 2021-03-15. Посетено на 2022-10-21.
- ↑ „ГЕРБ подписа споразумения с "Обединени земеделци" и Съюза на репресираните от комунизма "Памет"“. clubz.bg (бугарски). Посетено на 2022-10-21.
- ↑ Пауновски, Георги (2021-02-28). „ГЕРБ си осигури подкрепата на сдружение, обявило се за алтернатива на ДПС“. Dnevnik (бугарски). Посетено на 2022-10-21.
- ↑ „Румен Христов и Александър Ненков повеждат ГЕРБ – СДС в 23 МИР-София - Избори - Новини Бг“. Novini.bg (бугарски). Посетено на 2022-10-21.
- ↑ „ГЕРБ регистрира листата си в Пловдив, Тотев втори след Борисов“. bnr.bg (бугарски). Посетено на 2022-10-21.
- ↑ „Борисов, Росен Желязков и Румен Христов водят листите на ГЕРБ/СДС в 25, 24 и 23 МИР в София - Труд“. trud.bg (бугарски). Посетено на 2022-10-21.
- ↑ „Коалицията ГЕРБ/СДС регистрира листата си с кандидати за народни представители в Разград - Избори - Новини Бг“. Novini.bg (бугарски). Посетено на 2022-10-21.
- ↑ „Резултати :: Парламентарни избори 4 април 2021“. results.cik.bg. Посетено на 2022-10-21.
- ↑ „ГЕРГЬОВДЕНСКО КРЕДО 'ЮЛИ 2021“.
- ↑ „ГЕРБ промени слогъна за изборите на 11 юли“. dariknews.bg (бугарски). 10 June 2021. Посетено на 2022-10-21.
- ↑ „Резултати :: Парламентарни избори 11 юли 2021“. results.cik.bg. Посетено на 2022-10-21.
- ↑ „IFES Election Guide | Elections: Bulgaria National Assembly 2021 (July)“. www.electionguide.org. Посетено на 2022-10-21.
- ↑ „ГЕРБ най-вероятно ще подкрепи Анастас Герджиков за кандидат-президент - По света и у нас - БНТ Новини“. bntnews.bg (бугарски). Посетено на 2022-10-21.
- ↑ „Румен Христов: Проф. Герджиков е един безспорен ерудит | Dnes.bg“. www.dnes.bg (бугарски). Посетено на 2022-10-21.
- ↑ „Резултати :: Избори за президент и вицепрезидент и народни представители 14 ноември 2021“. results.cik.bg. Посетено на 2022-10-21.
- ↑ Мета, Редакција. „Вежди Рашидов од ГЕРБ-СДС e избран за претседател на бугарскиот Парламент“. Посетено на 2022-10-21.[мртва врска]