ГСГ9
Border Protection Group 9 | |
---|---|
Grenzschutzgruppe 9 | |
GSG 9 заштитен знак | |
Активна | 17 април 1973 - денес |
Земја | Германија |
Род | Федерална полиција |
Вид | Тактичка полициска единица |
Улога | Анти-тероризам |
Големина | ок. 400 членови |
Штаб | Санкт Аугустин-Хангелар near Bonn |
Обележја | |
GSG 9 |
Група за заштита на граница 9 (ГСГ 9) е елитната Полициска Тактичка Единица на германската Сојузна Полиција (германски: Bundespolizei). ГСГ 9 колеги на државно ниво се Командоси за специјално распоредување (германски: Spezialeinsatzkommandos (SEK)).
Потекло
[уреди | уреди извор]На 5 септември 1972 година, Палестинското терористичко движење Црн септември ги инфилтрирале Летните олимписки игри во Минхен, Западна Германија, за да ги грабне 11-те Израелски спортисти, при што двајца загинаа во Олимпиското Село во првичниот напад на собите на спортистите. Инцидентот кулминираше кога на германската полиција, кои не биле обучени или опремени за кантер-тероситички операции, потценувајќи го бројот на терористите кои биле инволвирани, се обиделе да ги спасат спортистите. Полицијата не ја имаат специјализирани тактички снајперистот тим во тоа време. Војската имала снајпери, но германскиот Устав не дозволува употреба на германските Вооружени Сили во Германија за време на мир.
Обидот да ги спасат заложниците не бил успешен, и операцијата доведе до смрт на еден полицаец, пет од осумте киднапери и сите останатите девет заложници.
Историја
[уреди | уреди извор]Како последица на лошото водење на Олимписката трагедија, Западно германската влада ја создаде ГСГ 9 под раководство на тогаш потполовникот Улрих Вегенер што значи дека во слични ситуации во иднина би можеле да се одговори соодветно и професионално.[1] Многу германски политичари не го оправдале формирањето на оваа единица, стравувајќи дека ГСГ 9 ќе го обноват сеќавањето на Нацистичка Партија(пкк). Одлуката беше донесена за да се формира единица од полициските сили, што е спротивно од војската, како еквивалент на сили во други земји, врз основа на тоа дека германскиот закон забранува употребата на воени сили против цивилното население. Составување на посебна сила од полициски персонал ќе се избегне тоа. Единицата беше официјално основана на 17 април, 1973 година како дел од Германиската федерална полицициска агенција, (Bundesgrenzschutz), преименувана (Bundespolizei во 2005 година).
Во 2017, GSG9 најави дека КТ единица цел да се справи со ЦБРН ситуации ќе биде со седиште во Берлин.[2]
Промена на името
[уреди | уреди извор]Името ГСГ 9 стои за "Grenzschutzgruppe 9" (Гранична полициска единица 9) и беше избрано едноставно затоа што БГС имаше осум редовни гранични полиции во тоа време. По преименувањето во 2005 година, кратенката "ГСГ 9" се чуваше поради славата на единицата и сега е официјален начин да се однесува на единицата. Нејзиното формирање беше засновано на експертизата на британските САС контратеррористички единици и израелските специјални операции.
Операции
[уреди | уреди извор]ГСГ 9 стапува во акција во случај на заложнички ситуации, киднапирање, тероризам и ограбувње. Групата, исто така, може да се користи за обезбедување локации, неутрализирање цели, следење на бегалците, а понекогаш и снајперски операции. Единицата е многу активна во развој и тестирање на методи и тактики за овие мисии. Групата може да дава совети на различни држави во Германија, министерства или меѓународни сојузници. Групата им помага на "Bundespolizei" и други федерални и локални агенции на барање.
Од 1972 до 2003 година, тие, наводно, извршиле над 1.500 мисии, користејќи ги своите оружја само во пет случаи. На "SWAT светското првентсо" во 2005 година, ГСГ 9 освои осум од осум настани, победувајќи 17 други тимови. ГСГ 9 го одбрани своето првенсство следната година, и е ставен петти во 2007 година.
Германија понуди да и помогне на Индија во пресрет на нападите во Мумбаи во ноември 2008 година. ГСГ 9 помогна во обуката и надградбата на Националната гарда за безбедност, примарната единица за борба против тероризмот во Индија. Понатамошна помош беше дадена на полицијата во Мумбаи, за да можат да создадат тактичка полициска единица.
Мисии
[уреди | уреди извор]Нејзината прва мисија, "Операција Фјуерзаубер", веднаш ја воспостави репутацијата на ГСГ 9 како елитна единица. Тоа беше спроведено во 1977 година, кога палестинските терористи го запленија "Ландшут", авион " на пат од Палма де Мајорка до Франкфурт, барајќи затворени членови на германската терористичка група Фракција на Црвената армија да бидат ослободени во замена за патниците и екипажот кој ќе биде задржан како заложници. Авионот потоа беше пренесен во неколку одредишта низ Средниот Исток. Во тоа време, капетанот на Луфтханза Јурген Шуман бил убиен од водачот на киднаперите во Аден.
По четиридневната одисеја, киднаперите го насочија Боинг 737 во Могадишу, Сомалија, каде што чекаа да пристигнат членови на фракцијата на Црвената армија откако германската влада (лажно) сигнализираше дека ќе бидат ослободени. Во ноќта помеѓу 17 октомври и 18 октомври, сомалиските ренџерски единици им го одвлекоа вниманието, додека членовите на ГСГ 9 го нападнаа авионот.
Операцијата траеше седум минути и беше успешна со сите заложници спасени. Тројца киднапери загинаа, четвртиот беше сериозно повреден. Само еден член на ГСГ 9 и еден стјуардеса беа повредени. Меѓународната заедница за борба против тероризмот аплаудираше на ГСГ 9 за одличното и професионално справување со ситуацијата, бидејќи нападите врз авионите се сметаат за една од најтешките операции што веројатно ќе треба да ги направи заложната спасувачка сила. За поддршка на акцијата на ГСГ 9, двајца придружни британски САС советници обезбедија некои ново развиени флеш експлозивни гранати, но во крајна инстанца флеш-удирањата никогаш не биле користени поради ризикот од пожар во кабината на авионот.
Организација
[уреди | уреди извор]Единицата е дел од германската Bundespolizei (Федерална полиција, порано Bundesgrenzschutz), и на тој начин има нормални полициски овластувања, вклучително, на пример, моќта на апсење. Федералната полиција на Германија (а со тоа и ГСГ 9) е под контрола на Сојузното министерство за внатрешни работи. Bundespolizei, исто така, обезбедува воздушен превоз за ГСГ 9. Спротивно на тоа, редовните полициски сили се подредени на различни области, како и нивните тимови "Spezialeinsatzkommando" (СЕК), додека војската е одговорна за "Kommando Spezialkräfte" (КСК) и Кампсшвајмер.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Conception for the Establishment and Employment of a Border-Guard for Special Police Action (GSG9)“ (PDF). 19 September 1972. Посетено на 9 September 2017.
- ↑ http://www.thefirearmblog.com/blog/2017/10/20/german-gsg9-setup-new-anti-terror-unit-berlin/