Горличка офанзива
Горличко-тарнувска или само Горличка офанзива во Првата светска војна започнала како помала германска офанзива, со цел да се ослабне притисок на руските сили врз австроунгарската војска на јужниот дел на Источниот фронт. Резултат на офанзивата бил потполн колапс на руските линии и големо повлекување на руската војска. Со тоа Русите ја загубиле Галиција и Полска.
Причини
[уреди | уреди извор]Во почетните фази на војната на Источниот фронт германската војска извеле серија значајни акции против две руски армии со кои војувала. Во Битката кај Таненберг ја опколила и уништила Втората руска армија кон крајот на август 1914 година. Во Прата битка на Мазурските Езера германската војска под команда на Паул фон Хинденбург и Ерих Лудендорф безмалку ја уништила Првата руска армија, која се спасила со бегство преку граница. Кон крајот на септември бил уништен поголемиот дел на двете руски армии, а руската војска била исфрлена од територијата на Германија.
На југ работите стоеле поинаку. Австроугарската војска и таму започнала офанзива кон крајот на август и ги потиснала Русите доволно далеку од границата во денешните краишта на средишна Полска. Русите извеле противнапад кон крајот на септември и ја потиснале преку границата непријателската војска и го зазеле големиот дел на Галиција. Потоа Русите започнале Опсада на Пшемишл. На помош на австроунгарските сили им пристигнале Германците со создавање на Деветтата армија. Германците започнале напад со Битката на Висла. На почеток биле неуспешни и се вратиле на почетните позиции. Русите се подготвувале за инвазија на Шлеска. Кога слушнале за таа закана Германците ја прекомандувале Деветтата армија на север и извршиле голем притисок на руското десно крило, со што судирот се развил во Битката кај Лоѓ на почеток на ноември 1914 година. Германците успеале да ги заобиколат руските единии, па Битката завршила нерешително со руското повлекување близу до Варшава. Зимата ги сопрела воените операции во неколкуте следни месеци.
Втора битка кај Мазурските Езера
[уреди | уреди извор]На почеток на 1915 година, Паул фон Хинденбург и Ерих Лудендорф брзо извеле голем маневар со кој Војската на Деветтата армија со возови ја преместиле на север. На тој начин Деветтата, Осмата и новоформираната Десеттата армија биле на линија на предвоените пруски граници со Русија.
Во февруари 1915 година Германците го започале нападот наречен Втора битка кај Мазурските Езера, во која го уништиле делот на Десеттата руска армија. Акцијата била успешна и сериозно ја угрозила руската војска во Полска која се соочувала со можност да биде отсечена во случај германските сили од крајни делови на Прусија да тргнат кон југ. Иако акција не била успешна како што се очекувало, руската војска била сериозно згрозена.
Продор
[уреди | уреди извор]Началникот на германскиот генералштаб Ерих фон Фалкенхајн се одлучил за голема офанзива во подрачјето на Горлице-Тарлов, југоисточно од Краков. Во април 1915 година Единаесеттата германска армија со 10 пешадиски дивизии под команда на Аугуст фон Макензен била префрлена на Западниот фронт требало да биде во содејствие со Четвртата австриска армија (осум пешадиски и една коњаничка дивизија) под команда на надвојводата Јозеф Фердинанд. Било предвидено да извршат напад на сектор каде што се наоѓала Третата руска армија (18 и половина пешадиски и 5 и половина коњанички дивизии) под команда на генералот Радко-Дмитриев.
Аугуст фон Макензен командувал со целата операција, и со германската и австриската војска. Офанзивата започнала на 1 мај по тешката артилериска подготовка. Русите целиот напад го дочекале неподготвено. Макензен на 35 километари од фронт, кој бил определен за пробив успеал да сконцентрира 10 пешадиски и една коњаничка дивизија, односно 126.000 војници, 457 лесни топови, 159 тешки топови и 96 минофрлачи. Русите на ист фронт имале 5 руски дивизии со 60.000 војници, 141 лесни топови и 4 тешки топови. Руската одбрана брзо била разбиена, а линијата се распаднала. Биле заробени 140.000 војници од 3 армии, а Третата армија речиси престанала да постои. Русите биле принудени да се повлечат. Германија и Австроунгарија ја повратиле Галиција од Русите, а посебно значајно било повторно освојување на Пшемишл на 3 јуни 1915 година. Фронтот се стабилизирал околу 1 јуни. На најдлабокото пробиено место, пробојот изнесувал и до 160 километари.
После 1 јуни, а пред 13 јули целиот јужен дел се поместил уште за 160 километари до реката Буг, па во рацете на Русите останал само мал дел на Полска. Варшава сè уште била во рацете на руската војска. Германците напредувале 150 километри за две недели. Во заднината Русите успевале некаде да им нанесат тешки загуби на Германците, како на реката Сан и Дњестар. Меѓутоа Русите немале доволно ресурси за да ги запрат Германците. Германците го освоиле Лавов на 22 јуни во 1915 година. А помешѓу23 и 27 јуни го преминале и Дњестар.
Под притисок на кајзер, Ерих фон Фалкенхајн попуштил и дозволил офанзивата да продолжи онака како што барале Паул фон Хинденбург и Ерих Лудендорф. На 13 јули 1915 година, армиите на Германија и Австроунгарија започнале офанзива на целиот фронт. Русите биле посилни во бројките, а поради претходните акции сè уште биле надвор од рамнотежа. Јужниот крај на руската линија бил распаднат и започнал да се движи иточно. Исто така им се заканувало и ново опкружување од страна на Десеттата и Нименова армија на крајниот север.
Новиот германскиот напад го извеле Осмата, Десеттата и Дванаесеттата армија од Прусија кон југ и предизвикал колапс и на тој дел од фронтот, така што целиот северен дел на руските линии се поместил до линијата север-југ на речиси поранешната, предвоена источна пруска граница. По добивање на значителна поддршка Германците го освоиле Брест-Литовск на 25 август 1915 година. Брест-Литовск се наоѓал на 190 километари источно од Варшава. Со повлекување на Русите Варшава останала изолирана. Била освоена на 4 - 5 август. Хинденбургови сили на 19 септември го зазеле Вилнус. Тогаш германското напредување конечно било запрено поради лошото време. Нова линија на фронтот била на 290 километари источно од Варшава.
Резултат
[уреди | уреди извор]Русите морале да ја напуштат Галиција, ја изгубиле Полска и дел од Литванија. Имале силни загуби, а цар Николај II на 8 септември 1915 година, лично ја презел командата врз војската. Иако Русите доживеале тежок пораз, повлекувањето на војската се одвивало без потешкотии, така што Русија не била исфрлена од војната. Од друга страна за да ја реализираат големата офанзива германците морале да повлечат војска од Западниот фронт намалувајќи ги своите шанси во судир со Французите и Британците.
Наводи
[уреди | уреди извор]- DiNardo, Richard L. (2010) Breakthrough: The Gorlice-Tarnow Campaign, Praeger, Santa Barbara, California
- Foley, R.T. (2007) [2005]. German Strategy and the Path to Verdun: Erich von Falkenhayn and the Development of Attrition, 1870–1916 (pbk.. изд.). Cambridge: CUP. ISBN 978-0-521-04436-3.
- Stone, David (2015). The Russian Army in the Great War: The Eastern Front, 1914-1917. Lawrence: University Press of Kansas. ISBN 9780700620951.
- Stone, Norman (1975) The Eastern Front 1914–1917, Hodder & Stoughton Ltd., London: 348 pp.
- Tunstall, Graydon J. (2010) Blood on the Snow: The Carpathian Winter War of 1915, University Press of Kansas, Lawrence, Kansas