Горчлива месечина (филм)
Горчлива месечина (англиски: Bitter Moon) е филм во режија на Роман Полански.
Факти за филмот
[уреди | уреди извор]Филмот „Горчлива месечина“ е режиран од режисерот Роман Полански, а главните улоги ги толкуваат Питер Којоти, Хју Грант, Кристин Скот Томас, и Емануел Сење. Филмот е снимен според истоимениот роман на Паскал Брикнер, а музиката ја компонирал Вангелис.[1]
Содржина
[уреди | уреди извор]Драмата „Горчлива месечина“ е необична приказна за односите меѓу луѓето, моралот, лицемерието, љубовта и омразата. Британската конзервативна двојка Фиона и Најџел Добсон крстарат со брод до Истанбул, на пат кон Индија, но нивните планови се менуваат кога ги запознаваат Мими и Оскар, пар со садистичко сексуално минато. Во филмот се прикажани љубовта и страста во нивната деструктивна сила, претворањето на љубовта во омраза, сожалување, мазохизам и садизам.[1]