Дивата река (филм од 1994)
Дивата река (англиски: The River Wild) — американски филм од 1994 година, во режија на Кертис Хансон, по сценариото на Денис О'Нил. Во главните улоги настапуваат: Мерил Стрип, Кевин Бејкон, Дејвид Стретхејм, Џозеф Мацело, Бенџамин Брет, Ј. Ц. Рајли, Елизабет Хофман, В. Галовеј итн. Филмот е снимен на живописни локации во Монтана и во Орегон.[1]
Содржина
[уреди | уреди извор]Гејл (ја игра Стрип) е сопруга и мајка на две деца. Таа нема многу слободно време, а најмногу ужива во веслањето. Оттука, таа му предлага на сопругот Том (го игра Стретхејм) да одат во посета на нејзината мајка (ја игра Хофман) и нејзиниот татко (го игра Галовеј), кои живеат во Монтана. Истовремено, таму би поминале неколку дена на сплаварење по реката. Том не е многу расположен за патување, но прифаќа, додека нивниот син Рорк (го игра Мацело) е воодушевен од предлогот. И покрај претходните несогласувања меѓу Том и Гејл, одморот зпаочнува идилично, а таму се спријателуваат со двајца љубители на природата, Вејд (го игра Бејкон) и Тери (го игра Рајли). Нивното пријателство се зацврстува уште повеќе кога Том му го спасува животот на Вејд, кој за малку ќе се удави во реката. Меѓутоа, Вејд и Тери не се дојдени на одмор, туку бегаат од полицијата...[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „HRT (пристапено на 19.11.2017)“. Архивирано од изворникот на 2017-12-01. Посетено на 2017-11-26.
- ↑ „HRT (пристапено на 19.11.2017)“. Архивирано од изворникот на 2017-12-01. Посетено на 2017-11-26.