Прејди на содржината

Договори на Европската Унија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Договорите на Европската унија се збир на меѓународни договори помеѓу земјите-членки на Европската унија (ЕУ) коишто ја поставуваат нејзината уставна основа. Тие ги формираат бројните институции на ЕУ како и нивните надлежности, постапки и цели. ЕУ може да дејствува само во рамките на надлежностите коишто произлегуваат од овие договори, а за нивна измена, потребна е согласност и ратификација од секоја земја-членка.

Насловна страница на документ на ЕУ што ги содржи консолидираните договори и документи кои ја сочинуваат правната основа на ЕУ

Содржина

[уреди | уреди извор]

Клучните два договори врз кои ЕУ се заснова се Договорот за Европска унија (Мастришкиот договор, којшто е во сила од 1993 година) и Договорот за функционирање на Европската унија (Договорот од Рим, којшто е во сила од 1958 година). Овие клучни договори (заедно со нивните протоколи и декларации) се изменети со нивно дополнување и тоа најмалку еднаш во една декада откако тие стапиле во сила. Последниот клучен договор е Лисабонскиот договор којшто стапи во сила во 2009 година со кој Повелбата на основните човекови права стана правно обврзувачка иако таа не е договор сама по себе. Проблематичната ратификација на Лисабонскиот договор покажува дека нема услови за дополнителни реформи во следните неколку години. Икслучок се Договорите за пристапување со коишто новите земји-членки можат да се приклучат кон Унијата.

Договорот за Европска унија

[уреди | уреди извор]

По преамбулата на Договорот, текстот е поделен на шест дела.

Наслов 1: Општи одредби:

Првиот дел се занимава со општите одедби. Со член 1 се основа Европската унија врз основа на Европската заедница и ја изложува нејзината правната вредност. Во вториот член се наведува дека ЕУ „е основана врз основа на вредностите на почитување на човечкото достоинство, слобода, демократија, владеење на правото како и почитување на човековите права, вклучувајќи ги и правата на припадниците на малцинствата. “Земјите-членки живеат во „општество во кое преовладува плурализмам, недискриминација, толеранција, правда, солидарност и еднаквост помеѓу мажите и жените“. Член 3 ги наведува целите на ЕУ во шест точки. Во првата точка се промовира мирот, европските вредности како и благосостојбата на граѓаните. Втората точка се однесува на слободното движење со добро развиени надворешни гранични контроли. Третата точка се занимава со внатрешниот пазар. Со четвртата точка се воведува еврото. Во член 5 се наведува дека ЕУ ќе ги промовира своите вредности, ќе придонесе за искоренување на сиромаштвото, ќе ги почитува човековите права како и Повелбата на Обединетите нации. Во последната шеста точка се наведува дека ЕУ ќе ги извршува своите цели преку „соодветни мерки“ според надлежностите дадени во договорите. Член 4 се однесува на суверенитетот на земјите-членки и нивните обврски. Член 5 ги поставува основните принципи на доделување титули, супсидијарност како и пропорционалност во однос на границите на своите овластувања. Член 6 ја поврзува ЕУ со Повелбата за основните човекови права на Европската унија и Европската конвенција за човекови права. Член 7 се занимава со суспензија на земјите-членки додека член 8 се занимава со воспоставување блиски добрососедски односи.

Наслов 2: Одредби за демоктратските принципи

Член 9 ја утврдува еднаквоста на граѓаните и државјаните на Европската унија. Во член 10 се наведува дека ЕУ е основана врз принципите на посредната демократија. Според тоа, одлуките што се носат треба да бидат што е можно поблиски до народот. Тоа упатува на европските политички партии и на тоа како тие ги застапуваат своите граѓани: директно во Парламентот и од страна на нивните влади во Советот и Европскиот совет и притоа даваат отчет до своите национални парламенти. Со член 11 се утврдува транспарентноста на власта каде што се наведува дека потребни се широки консултации, а се воведува и одредба за петиција каде најмалку 1 милион граѓани можат да поднесат претставка до Комисијата кога станува збор за донесување закони по ова прашање. Со член 12 се ограничува вклученоста на националните парламенти во законодавниот процес.

Наслов 3 Одредби за институциите:

Со член 12 се основаат институциите на ЕУ и тоа во следниов редослед и со следниве називи: Европски парламент, Европски совет, Совет на Европската унија, Европска комисија, Суд на правда на Европската унија, Европска централна банка и Суд на ревизори. Според тоа, член 13 ги обврзува институциите да соработуваат едни со други а воедно и ги ограничува нивните надлежности со овластувањата во рамките на договорите. Член 14 се занимава со работата на Парламентот и неговиот избор. Член 15 се занимава со Европскиот совет и неговиот претседател. Член 16 се занимава со Советот на Европската унија и неговото назначување додека член 17 се занимава со Комисијата и нејзиното назначување. Со член 18 се поставува Висок претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика додека со член 19 се основа Судот на правдата.

Наслов 4 Одредби за подобра соработка:

Наслов 4 се состои од само еден член кој им овозможува на ограничен број земји-членки да соработуваат во рамките на ЕУ доколку други земји ја блокираат интеграцијата на тоа поле.

Наслов 5 Општи одредби за надворешното дејствување на Унијата и посебни одредби за заедничката надворешна и безбедносна политика:

Првото поглавје од овој наслов ги содржи член 21 и член 22. Член 21 се занимава со принципите коишто даваат преглед на надворешната политика на ЕУ, вклучувајќи ја усогласеноста со Повелбата на Обединетите нации, промовирањето на светската трговија, хуманитарната помош како и глобалното владеење. Член 22 му овозможува на Европскиот совет, дејствувајќи едногласно, да го контролира создавањето на надворешната политика на ЕУ. Второто поглавје е дополнително поделено на два дела. Првиот дел, кој ги опфаќа заедничките одредби, дава преглед на насоките и функционирањето на надворешната политика на ЕУ, вклучувајќи го и формирањето на Европската служба за надворешно дејствување како и обврските на земјите-членки. Вториот дел, од член 42 па сè до член 46, се занимава со воена соработка (вклучувајќи ја и заемната одбрана).

Наслов 6 Завршни одредби:

Со член 47, ЕУ добива својство на правно лице. Член 48 се занимава со измени на договорот, а особено со обичните и поедноставените постапки за преглед. Член 49 се занимава со апликациите за членство во ЕУ додека член 50 се занимава со нивно повлекување. Член 51 се занимава со протоколите приложени со договорите додека член 52 се занимава со географската примена на договорот. Во член 53 се наведува дека договорот е во сила на неограничен период. Член 54 се осврнува врз ратификацијата додека член 55 се справува со различните јазични верзии на договорите.

Договор за функционирањето на Европската Унија

[уреди | уреди извор]

Договорот за функционирањето на Европската унија навлегува подлабоко односно во детали поврзани со улогата, политиката и дејствувањето на ЕУ и е поделен на седум делови.

Прв дел: Основни начела:

Во основа, со член 1 се поставува основата на договорот и неговата правна вредност. Членовите од 2 до 6 даваат преглед на надлежностите на ЕУ според степенот на власта доделена во секоја област. Членовите од 7 до 14 ги образложуваат социјалните начела додека членовите 15 и 16 го образложуваат јавниот пристап до документи и средби. Во член 17 се наведува дека ЕУ ќе го почитува статусот на црквите во рамките на националното право.

Втор дел: Недискриминација и државјанство во Унијата:

Вториот дел започнува со член 19 со кој се забранува дискриминација врз основа на националност, во рамките на ограничувањата на договорите. Во член 19 се наведува дека „ЕУ ќе се бори против дискриманација врз основа на пол, раса, етничка припадност, хендикеп, возраст или сексуална ориентација“. Со членовите од 20 до 24 се воведува европско државјанство како и правата коишто произлегуваат од него а тоа се: слободно движење, конзуларна заштита од други земји,право на глас на локални и европски избори, право на молба до Парламентот и Европскиот правобранител како и право да се контактираат но и да се добие повратна информација на својот јазик од институциите на ЕУ. Член 25 ја обврзува Комисијата да поднесува извештај за спроведувањето на овие права секоја трета година.

Трет дел: Политиките на Унијата и нејзиното внатрешно дејствување:

Третиот дел за политиките и дејствувањето на Унијата е поделен на следниве наслови: внатрешен пазар; слободно движење на стока, вклучувајќи ги и царинската унија, земјоделството и риболовот; слободно движење на луѓе, услуги и капитал; област на слобода, правда и безбедност, вклучувајќи ја полицијата и соработката во областа на правосудството; политика на транспорт; конкуренција и усогласување на прописите; економска и монетарна политика, вклучувајќи ги и членовите за еврото; политика за вработување; Европски социјален фонд; образование, стручна обука, политики за млади и спорт; културна политика; јавно здравје; заштита на потрошувачите; транс-европски мрежи, индустриска политика; економска, социјална и територијална кохезија (намалување на разликите во равојот); туризам; заштита на граѓаните; и административна соработка.

Четврти дел: Здружение на прекуокеанските земји и територии:

Четвртиот дел се занимава со здружението на прекуокеанските територии. Член 198 ја поставува целта на здружението за промоција на економскиот и социјалниот развој на здружените територии наведени во анекс 2. Следните членови даваат осврт на формата на здружението како што се царинските давачки и сл.

Петти дел: Надворешно дејствување на Унијата:

Петтиот дел се занимава со надворешната политика на ЕУ. Во член 205 се наведува дека надворешното дејствување мора да биде во согласност со принципите поставени во Поглавје 1 Глава 5 од Договорот за Европската унија. Членовите 206 и 207 ја воведуваат заедничката политика на ЕУ за надворешна трговија. Членовите од 208 до 214 се занимаваат со соработка за развој на хуманитарна помош за земјите од третиот свет. Член 215 се осврнува врз санкциите додека членовите од 216 до 219 се справуваат со постапките за воспоставување меѓународни договори со земјите од третиот свет. Член 220 им дава иснтрукции на Високиот претставник и на Комисијата за вклучување во соодветна соработка со други меѓународни организации додека со член 221 се формираат делегациите на ЕУ. Во член 222, клаузула на солидарноста, се наведува дека земјите-членки коишто се предмет на терористички напад, природна или вештачка катастрофа ќе добијат помош од другите земји-членки, вклучувајќи ја и употребата на воена сила.

Шести дел: Институционални и финансиски одредби:

Шестиот дел ги разработува институционалните одредби во Договорот за Европската унија како и неговата структура. Членовите од 288 до 299 даваат преглед на формите на законските акти како и постапките на ЕУ. Членовите од 300 до 309 гиформираат Економскиот комитет за економски и социјални прашања, Комитетот на региони и Европската инвестициона банка. Членовите од 310 до 325 даваат преглед на буџетот на ЕУ. Последните членови, од 326 до 334, воспоставуваат одредба за зајакната соработка.

Седми дел: Општи и завршни одредби:

Седмиот дел се занимава со завршните законски точки како што се територијална и временска апликација, седиште на институциите (за што одлучуваат земјите-членки, а е усвоено со протокол приложен со договорите), имунитет и влијание врз договорите потпишани пред 1958 година или на датумот на пристапувањето.

Протоколи, анекси и декларации

[уреди | уреди извор]

Постојат 37 протоколи, 2 анекси и 65 декларации коишто се приложени со договорите. Нивната цел е да обработуваат детали коишто честопати се во врска со една земја, чиј текст не е целосно правен.

Протоколи:

1: за улогата на националните парламенти во Европската унија

2: за примената на начелата на супсидијарност и пропорционалност

3: за статутот на Судот на правда на Европската унија

4: за статутот на Европскиот систем на централни банки и Европската централна банка

5: за статутот на Европската инвестициона банка

6: за локацијата на седиштата на институциите и на одредени тела, канцеларии, агенции и сектори на Европската унија

7: за привилегиите и имунитетот на Европската унија

8: во врска со член 6(2) од Договорот за Европска унија за пристапот на Унијата кон Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи

9: за одлуката на Советот во врска со примената на член 16(4) од Договорот за Европска унија и член 238(2) од Договорот за функционирање на Европската унија во периодот помеѓу 1 ноември 2014 година и 31 март 2017 година од една страна и од 1 април 2017 година од друга страна

10: за постојано структурирана соработка воспоставена со член 42 од Договорот за Европската унија

11: за член 42 од Договорот за Европска унија

12: за постапка за преголем дефицит

13: за критериумите на конвергенција

14: за Еврогрупата

15: за одредени одредби во врска со Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска

16: за одредени одредби во врска со Данска

17: за Данска

18: аа Франција

19: за Шенгенскиот договор интегриран во рамката на Европската унија

20: за примена на одредени аспекти од член 26 од Договорот за функционирање на Европската унија во Обединетото Кралство и Ирска

21: за ставот на Обединетото Кралство и Ирска во однос на областа на слобода, безбедност и правда

22: за ставот на Данска

23: за надворешните односи на земјите-членки во однос на преминување на надворешните граници

24: за азил за граѓаните на земјите-членки на Европската унија

25: за остварување заедничка надлежност

26: за услуги од општ интерес

27: за внатрешниот пазар и конкуренцијата

28: за економската, социјалната и територијалната кохезија

29: за системот на јавна радиодифузија во земјите-членки

30: за примена на Повелбата на основните човекови права на Европската унија во Полска и во Обединетото Кралство

31: во врска со увозот во Европската унија на нафтени производи рафинирани во Холандија

32: за стекнување имот во Данска

33: во врска со член 157 од Договорот за функционирање на Европската унија

34: за посебни договори за Гренланд

35: за член 4033 од Уставот на Ирска

36: за преодни одредби

37: за финансиски последици од истекувањето на Договорот на ЕЗЈЧ и за Фондот за истражување на јаглен и челик

Анекси:

- во Анекс 1 се наведува земјоделското и поморското производство опфатено од Заедничката земјоделска политика и Заедничката рибарска политика.

- во Анекс 2 се наведуваат прекуокеанските земји и територии поврзани со ЕУ.

Декларации:

Постојат 65 декларации приложени со договорите на ЕУ. На пример, тие го вклучуваат следново: Декларација 1 потврдува дека Повелбата, со којашто се стекнува правна сила, ги потврдува правата од Европската конвенција и не и дозволува на ЕУ да дејствува надвор од своите надлежности. Декларација 4 доделува дополнителен европратеник во Италија. Декларација 7 дава преглед на постапките за гласање на Советот коишто треба да станат активни по 2014 година. Декларација 17 го потврдува приматот на правото на ЕУ. Декларација 27 нагласува дека одржувањето на правна одговорност не и дозволува на ЕУ да дејствува надвор од нејзините надлежности. Декларација 43 му овозможува на Мајот (Mayotte) да го промени својот статус во „најдалечен регион“.

Амандмани и ратификација

[уреди | уреди извор]

Обичната постапка за преработка и изменување на договорите бара од институциите да поднесат предлози до Европскиот совет. Потоа, претседателот на Европскиот совет може да ја повика Европската конвенција (составена од национални влади, национални парламентарци, пратеници во Европскиот парламент и претставници од Комисијата) за да изготви нацрт-измени или сама да изготви предлози во Европскиот совет доколку промената е мала. Потоа, постапката ја проследува Меѓувладината конференција (МВК) којашто го одобрува договорот којшто потоа сите национални водачи го потпишуваат и на крај секоја земја го ратификува. Поедноставената постапка за преработка, којашто се однесува само на третиот дел од Договорот за функционирањето на Европската унија и којашто не може да ги зголеми овластувањата на ЕУ, едноставно само се погрижува за донесените промени во Европскиот совет со одлука пред ратификацијата на земјите. Најпосле, следи портал клаузулата (passerelle clause) којашто може да ја промени постапката за гласање. Во некои области на политиката, законодавството се донесува со едногласност и со минимална вклученост на Парламентот. Ова може да биде измена во обичната законодавна постапка, сè додека не постојат одбранбени импликации, преку едногласна согласност во Европскиот совет и секако доколку ниту еден национален парламент не се противи. Секоја реформа за правната основа на ЕУ мора да се ратификува според постапките на секоја земја-членка. Сите земји се обврзани да ја ратификуваат и да ги поднесат инструментите на ратификација со Владата на Италија пред договорот да може да стапи во сила во секој поглед. Во некои држави, како што е Ирска, за вакви случаи обично се одржува референдум бидејќи секоја промена на уставот на државата подразбира и други промени. Во други земји пак, како што е Германија, референдумот се забранува со устав со што ратификацијата мора да се одржи во националниот парламент. Во некои случаи, можно е државата да не успее да го добие договорот усвоен од граѓаните на референдум. Во случајот на Ирска и Данска, се одржа втор референдум откако се забележаа многу отстапки. Сепак, во слулајот на Франција и Холандија, договорот беше повлечен во корист на договор во којшто референдумот нема да се доведе во прашање. Во случајот на Норвешка, каде што договорот е Спогодбата за пристап (оттука и нивното членство), беше, исто така, прекинат. Исто така, договорите се испраќаат и до Европскиот парламент иако неговиот глас не е обврзувачки но е сепак важен. Италијанскиот парламент изјава дека ќе стави вето на Договорот од Ница доколку Европскиот парламент гласа против него.

Ратификувани договори

[уреди | уреди извор]

Документ Потпишан во: Стапил на сила во: Договорот од Берлин 1948 година 1948 година Договорот од Париз 1951 година 1952 година Изменетиот договор од Брисел 1954 година 1955 година Договорот од Рим 1957 година 1958 година Договорот за спојување 1965 година 1967 година Одлуката на Европскиот совет 1875 година Нема Шенгенскиот договор 1985 година 1985 година Единствениот европски акт 1986 година 1987 година Мастришкиот договор 1992 година 1993 година Договорот од Амстердам 1997 година 1999 година Договорот од Ница 2001 година 2003 година Лисабонскиот договор 2007 година 2009 година

Европски заедници:

-Европска заедница за атомска енергија (Евроатом)

-Европска заедница за јаглен и челик (ЕЗЈЧ)

-Европска економска заедница (ЕЕЗ)

Договор Воспоставен/изменет Потпишан во Потпишан на Важечки од Престанува да важи на Договорот за ЕЗЈЧ Европска заедница за јаглен и челик Париз, Франција 18 април 1951 година 23 јули 1952 година 23 јули 2002 година Договорот за Евроатом Евроспка заедница за атомска енергија Рим, Италија 25 март 1957 година 1 јануари 1958 година Во сила Договорот за ЕЕЗ Европска економска заедница Рим, Италија 25 март 1957 година 1 јануари 1958 година Во сила Конвенција за островите Атили во Холандија со ЕЕЗ Применет статус на прекуокенски земји и територии за островите Атили во Холандија Брисел, Белгија 13 ноември 1962 година 1 октомври 1964 година Во сила Договорот за спојување Претходно изменет Брисел, Белгија 8 април 1965 година 1 јули 1967 година 1 мај 1999 година Првиот буџетски договор Претходно изменет Луксембург, Луксембург 22 април 1970 година 1 јануари 1971 година Во сила Актите за пристапување Проширени со: Данска, Ирска и Обединетото Кралство Брисел, Белгија 22 јануари 1972 година 1 јануари 1973 година Во сила Вториот буџетски договор Претходно изменет Брисел, Белгија 22 јули 1975 годин 1 јуни 1977 година Во сила Актите за пристапување Проширени со:Грција Атина, Грција 28 мај 1979 година 1 јануари 1981 година Во сила Договорот од Гренланд Отцепување на Гренланд Брисел, Белгија 13 март 1984 година 1 јануари 1985 година Во сила Актите за пристапување Проширени со: Шпанија и Португалија Мадрид, Шпанија; Лисабон, Португалија 12 јуни 1985 година 1 јануари 1986 година Во сила Шенгенскиот договор Се воспоставуваат отворени граници Шенген, Луксембург 14 јуни 1985 година 26 март 1995 година Во сила Единствениот европски акт Претходно изменет Луксембург, ХАГ, Холандија 17 февруари 1986 година; 28 февруару 1986 година 1 јули 1987 година Во сила Договорот за Европска унија Европска унија, Претходно изменет Мастрихт, Холандија 7 февруари 1992 година 1 ноември 1993 година Во сила Актите за пристапување Проширени со: Австрија. Финска и Шведска Крф, Грција 24 јуни 1994 година 1 јануари 1995 година Во сила Договорот од Амстердам Претодно изменет Амстердам, Холандија 1 октомври 1997 година 1 мај 1999 година Во сила Договорот од Ница Претодно изменет Ница, Франција 26 февруари 2001 година 1 февруари 2003 година Во сила Договорот за пристапување од 2003 година Проширен на 10 нови земји-членки Атина, Грција 16 април 2003 година 1 мај 2004 година Во сила Договорот за пристапување од 2005 година Проширен на: Бугарија и Романија Луксембург, Луксембург 13 април 2005 година 1 јануари 2007 година Во сила Лисабонскиот договор Претходно изменет Лисабон, Португалија 13 декември 2007 година 1 декември 2009 година Во сила

Нератификувани договори

[уреди | уреди извор]

Договори во исчекување

[уреди | уреди извор]

Протоколот со којшто се изменува протоколот (бр. 36) за предни одредби

Поради доцнење со ратификацијата на Лисабонскиот договор, изборите од 2009 година се одржаа според правилата од Договорот од Ница, непосредно пред ЕУ да почне да работи под Лисабоските правила. Во нив е вклучено и правилото со кое Парламентот избира помалку членови што не е случај со Лисабонскиот договор. На 23 јуни 2010 година, изготвен е протокол со кој може да се назначат дополнителни членови во Парламентот коишто би служеле до 2014 година, а од јануари 2011 година е ратификуван од сите земји-членки (потребна е ратификација на протоколот, како целосен договор, од сите земји-членки бидејќи станува збор за измена на договор). Протоколот резултира со вкупниот број на места доделени на секоја земја па сè до земјите наведени во Лисабон и дозволува тие да бидат избрани на функција. Сепак, Германија (којашто би изгубила 3 места со Лисабонскиот договор) ќе ги задржи своите дополнителни членови сè до следните избори.

Заборавени договори

[уреди | уреди извор]

Договорот за основање Европска одбранбена заедница

Земајќи го предвид успехот на Договорот од Париз, се правеа напори за да и се овозможи на Западна Германија повторно да се вооружи во рамките на Европската одбранбена структура во форма на Европска одбранбена заедница. Договорот беше потпишан од страна на шесте земји-членки на 27 мај 1952 година и веднаш потоа заедничкото собрание започна да го изготвува Договорот за Европска политичка заедница со цел да се обезбеди демократска отчетност на новата армија. Но овој договор беше заборавен кога Договорот за одбрабнената заедница беше одбиен од страна на Француското национално собрание на 30 август 1954 година.

Актите за пристапување на Норвешка од 1973 и 1995 година

Норвешка се обиде двапати да и се приклучи на Европската заедница/унија. Но, и во двата наврати, националните референдуми покажаа негативен резултат за членството на Норвешка во ЕУ. Првиот договор беше потпишан во Брисел на 2 јануари 1972 година додека вториот во Крф на 24 јуни 1994 година.

Договор за воспоставување на Устав за Европа (Европкси Устав)

Европскиот Устав е договор со кој би се укинале и обединиле сите претходни договори, коишто се поклопуваат (ос исклучок на Договорот за Евроатом), во еден единствен документ. Тоа, исто така, би направило измени во системот на гласање, би ја поедноставил структурата на ЕУ и би ја напреднал соработката во област на надворешната политика. Договорот е потпишан во Рим на 29 октомври 2004 година и требаше да стапи во сила на 1 ноември 2006 година доколку беше потпишан од сите земји-членки. Сепак, тоа не се случи поради одбивањето на документот на национален референдум на 29 мај 2005 година од страна на Франција, а потоа и Холандија. По „период на размислување“, Уставот во таа форма беше отфрлен и заменет со Лисабонскиот договор.

Идни договори

[уреди | уреди извор]

И покрај незаинтересираноста да се извршат новите договори по ратификацијата на Лисабонскиот договор, постојат три извори на потенцијални нови договори. Првиот е дека со секое ново проширување (се очекува следна да биде Хрватска) потребен е нов договор. Второ, исклучоците обезбедени за време на ратификацијата на Лисабонскиот договор од страна на некои земји-членки ќе станат законски во следниот договор.Најпосле, од октомври 2010 година постои нов потег за Договор за реформа на Еврозоната.

Реформа на Еврозоната

[уреди | уреди извор]

По економската криза од 2010 година којашто резултираше со доделување на финансиска помош на Грција, постојат желба за реформи во функционирањето на Еврозоната во случај на криза. Германија стравува дека освен дополнителните промени на финансиската помош, за која се согласи за време на кризата, таа има недостиг и од легитимност и може да биде погодена од Уставниот суд на Германија. Германската влада смета дека потребни се измени на договорот со цел да се реши овој проблем. По тешката ратификација на Лисабонскиот договор, многу земји-членки и политички водачи се спротивставија на повторното отворање на измените на договорот, а британската влада се спротивстави на промените коишто влијаат врз Обединетото Кралство. Сепак, по освојувањето на поддршката од францускиот претедател Никола Саркози, Германија ја освои поддршката од Европскиот совет за нов договор во октомври 2010 година. Се работи за мала измена којашто би ги зајакнала санкциите и би создала постојан механизам за финасиска помош. Сепак, тоа нема да го исполни барањето на Германија за остранување на правото на глас како санкција бидејќи со тоа ќе се јави потреба од подлабоко измени на договорот. Договорот ќе се дизајнира така што нема да има потреба од референдуми со цел да стапи во сила во 2013 година кога истекува привремениот механизам за финансиска помош.Претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј, го поддржува истражување на промените преку поедноставена постапка за преглед. На 16 декември 2010 година, Европскиот совет се согласи за измена на два реда од договорот со коишто би се избегнал секаков референдум. Измената гласи: „земјите-членки чија валута е еврото можат да воспостават и активираат механизам на стабилоност доколку е неопходно да се зачува стабилноста на Еврозоната како целина. Доделувањето на каква било финанска помош според овој механизам ќе подлежи на строга условеност.“ Измената е наменета само за да му даде основа на Фондот за финансиска помош и да го смири пазарот. Текстот е вметнат во член 136 од Договорот за функционирањето на Европската унија како став 3. Во прилог на оваа измена, ќе се воспостави Механизмот за европска стабилност со договор меѓу земјите-члени на Еврозоната како меѓувладина организација во рамките на меѓународното јавно право, а со седиште во Луксембург.

Исклучоци

[уреди | уреди извор]

Како резултат на различните комрпомиси за време на ратификацијата на Лисабонскиот договор, постојат бројни протоколи чии водачи ќе бидат објавени во следниот договор, а тоа веројатно е Договорот за пристапување на Хрватска или Исланд што би било не порано од 2011 година. Овие протоколи се однесуваат на исклучоците и гаранциите за Ирска и Чешка со цел да добијат соодветна помош од нивната јавност како и од нивниот претседател. По одбивањето на договорот од страна на ирското изборно тело во 2008 година, голем број гаранции (за безбедност и одбрана, етнички проблеми и данок) и се дадени на Ирска во замена за втор обид. На вториот обид во 2009 година, договорот беше одобрен. Наместо да се повтори постапката за ратификација, гаранциите се само декларации со ветување дека ќе бидат додадени во следниот договор.

Претседателот на Чешка, Вацлав Клаус, одби да ја заврши ратификацијата на договорот сè додека Чешка не добие можност за повлекување од Повелбата за основните човекови права (како Полска и Обединетото Кралство). Неговото барање може да го искористат Германците коишто беа исфрлени од Источниот блок по Втората светска војна. Како резултат на тоа, ирското решение беше употребено со цел да се задоволи неговото барање. Сепак, пратеникот на Либералната партија, Ендрју Даф, го покрена прашањето за тоа дека Договорите за пристапување се законски дозволени само доколку се води сметка за деталите и дека овие проблеми не би го оставиле договорот отворен за напад во судовите. Сепак, не може да се предвиди новата општа реформа на договорот и затоа водачите не можат да се подготват за еден единствен договор во поглед на овие прашања.