Историја на Алжир
Во текот на својата историја, денешната територија на Алжир била под власта на различни народи, култури и режими.
Рана историја
[уреди | уреди извор]Фенекијците (1000 п.н.е.) и Римјаните биле најзначајните окупатори на Алжир, сè до доаѓањето ан Арапите во текот на 8 век.
Среден век
[уреди | уреди извор]Во текот на средниот век, берберската династија Фатимиди, по потекло од Алжир, го зазел Египет и покрај тоа што по краток период ја напуштила Северна Африка. Во следните години земјата била во составот на Османлиското Царство.[1] Денешните граници на земјата биле оформени во тоа време.
Отомански Алжир
[уреди | уреди извор]Отомански Алжир претставувал територија на Отоманското Царство. Територијата на денешен Алжир од страна на Османлиите била освоена во 1525 година од страна на Хајредин Барбароса. Во следните векови Алжир станал центар на османлиската власт во Југоисточна Европа и Средоземјето. Земјата била заземена по француската инвазија во 1830 година.
По 1496 година, Шпанската империја ги зазела бреговите на Северна Африка. Орук Барбароса и Хајредин Барбароса во 1516 година својата база на операции ја преместиле во Алжир и следната година, во 1517 година побарале помош од Отоманското Царство. Во 1518 година Орук бил убиен во текот на една битка со шпанските сили. Хајредин го наследил како воен командант на Алжир. Во времето кога во Османлиското Царство на власт бил Сулејман I, тој му наредил експедиција на Хајредин Барбароса да ги нападне бреговите на Северна Африка а во замена Барбароса да стане владетел на овие простори односно вазал на Османлиите.
Синот на Барбароса, Хасан Паша бил првиот вазал кој бил директно назначен за управител на Алжир во 1544 година кога неговиот татко се повлечел. Во следните години Алжир станал ваза во војната со Шпанија, како и за османлиските напади во Мароко. Во 1580 година Алжир формално станала дел од Отоманското Царство по признавањето на Шпанија. Во следните години во земјата била организирана административната власт каде на чело стоел паша кој имал мандат од три години.
И покрај крајот на непријателствата со Шпанија во 1580 година, во следните години следувале голем број на напади врз христијани кои биле заробувани и продавани како робови. Пиратството собирало голем број на приходи за Алжир и империјата. Поради ова во текот на следните векови следувале неколку експедиции од европските сили кои завршувале неуспешно. Во 1816 година дошло до војна меѓу Алжир и САД познати како Прва берберска војна и Втора берберска војна.
Француска инвазија
[уреди | уреди извор]Француската инвазија на Алжир била голема воена операција предводена од страна на Кралство Франција на чело со Шарл X врз Отомански Алжир во 1830 година.
Како формална причина за француискиот напад било блокирањето на акжирското пристаниште во 1827 година. По три години дошол уште еден инцидент каде еден француски брод бил бомбардиран. Така, инвазијата на Алжир започнала на 5 јули 1830 година со поморски бомбардирања. Французите многу бргу ги поразиле силите на Хусеин Деј кој бил владетел на Алжир, но отпорот продолжил. Конфликтите продолжиле во следните 45 години.
За време на Наполеоновите војни Алжир имал голема корист од трговија со Медитеранот каде биле увезени големо количество на храна од Франција која алжирските власти го купиле со кредит. Французите го ограничиле своето тргување бидејќи Медитеранот бил управуван од страна на Велика Британија. Владетелот на Алжир се обидел да ги зголеми даноците кое довело до нестабилност во земјата и започнување на Првата берберска војна и Втората берберска војна.
Во 1827 година Хусеин Деј побарал од Франција да го плати долгот од 1799 година кога Наполеон го нападнал Египет. Следувала блокада на пристаништето на Алжир каде најголеми загуби претрпиле француските трговци бидејќи тие не биле во можност да тргуваат со Алжир, додека пак берберските пирати биле во можност да ја избегнат блокадата. Францускиот крал одлучил да организира казнена експедиција на бреговите на Алжир и да ги уништи берберските пирати. Конфликтот завршил со анексија на Алжир од страна на Франција.
Во следните години земјата била населена од страна на Французи, Италијанци. Новодојденото население добило статут на полноправни француски граѓани, за разлика од муслиманското население кое немало скоро никакви права.
Современа историја
[уреди | уреди извор]Во текот на 1954 година во Алжир започнала партизанска војна против француските власти. Во 1959 година Алжир ја постигнал својата независност, за да во 1962 година ја објави истата.
Наводи
[уреди | уреди извор]
|