Како да беше вчера
„Како да беше вчера“ | |
---|---|
Податотека:OYpost.jpg | |
Режисер | Исао Такахата |
Продуцент | Тошио Сузуки |
Сценарист | Исао Такахата |
Главни улоги | Мики Имаи Тоширо Јанагиба Јоко Хона |
Музика | Кац Хоши |
Монтажа | Такеши Сејама |
Студио | Студио Гибли |
Дистрибутер | Тохо |
Премиера | јули 20 1991 |
Времетраење | 118 минути |
Земја | Јапонија |
Јазик | Јапонски |
Грешка во Lua во Модул:Lang, ред 1670: attempt to index field 'engvar_sel_t' (a nil value) — јапонски анимиран драма филм од 1991 година напишан и режиран од Исао Такахата, заснован на истоимената манга од Хотару Окамото и Јуко Тоне.[2] Филмот е продуциран од Тошио Сузуки, а анимиран од Студио Гибли. Во Јапонија е издаден на 20 јули 1991 година.[3] Завршната песна (愛は花、君はその種子 "Ai wa Hana, Kimi wa sono Tane", буквално „Љубовта е цвет, ти си семето“) е јапонскиот превод на песната на Аманда Мек Брум (Amanda McBroom), "The Rose."
Оригиналното име на филмот има поетичен звук. Авторите го користат архаичното читање на јапонскиот збор за спомени おもひで Omohide, на кого му е додадена ономатопеја за имитирање на звук на капки кои се тркалат ぽろぽろ poroporo. Името на филмот алудира на носталгијата за минатото детсво и спомените на истото кои се секогаш присутни во нас.[4]
За Како да беше вчера како прогресивен аниме филм е значајно тоа што истражува жанр за кого по обичај се смета дека не спаѓа во светот на анимирани филови. Во овој случај е тоа реалистична драма напишана за возрасни луѓе, особено женска публика. И покрај тоа филмот успева да постигне изненадувачки успех во театарските благајни, првлекувајќи голем број на возрасна публика и од двата пола.
Приказна
[уреди | уреди извор]27-годишната девојка Таеко го напушта гласниот Токио и заминува на село кај свои блиски луѓе за да им помогне со бербата на шафран. За време на патувањето често ѝ се навраќаат спомени од детството кога имала 10 години. Се чини дека сè уште не се е пронашла самата себе и често се прашува дали им е останала верна на своите детски соништа. Ова летно патување, како и пријателството стекнато со помладиот земјоделец - Тошио, ќе ѝ помогнат да се отркие себеси.
Белешки
[уреди | уреди извор]Бидејќи дејството во филмот е поставено во 1982 година во рурална Јапонија, филмот влече паралели со Источна Европа, каде ваквиот селски начин на живот е сè уште присутен. Меѓу песните на звучниот запис често се појавуваат народни песни од оваа област, како нпр. романската свадбена песна "Frunzuliță Lemn Adus Cântec De Nuntă" на Георге Замфир, „Унгарски танци бр.5“ на Јоханес Брамс и други унгарски музичари. Во филмот е присутна и бугарска фолклорна музика. Кога Таеко во полето бере шафран може да се слушнат песните „Дилмано Дилберо“ и „Малка мома двори мете“. Стиховите и во двете песни се поврзани со темите присутни во филмот: секојдневието на земјоделците и бракот.
Ликови
[уреди | уреди извор]Таеко Окаџима (岡島タエ子) е 27-годишна, немажена Токијчанка, која целиот свој живот го минала во Токио. Од малечка сонува да има семејство на село со кое да минува време и за кое да може да пишува приказни.
Тошио (岡島タエ子) е 25-годишен земјоделец кој канцелариската работа ја заменува за работа во сферата на Органско земјоделство.
Настапуваат
[уреди | уреди извор]Таеко Окаџима (27-годишна) (岡島タエ子, Okajima Taeko) Мики Имаи (јапонски) Daisy Ridley (англиски)
Тошио (トシオ) Тоширо Јанигиба (јапонски) Dev Patel (англиски)
Таеко Окаџима (10-годишна) Јоко Хонна (јапонски) Alison Fernandez (англиски)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Team Ghiblink. „Only Yesterday: Frequently Asked Questions (FAQ): Q: What does "Omohide Poroporo" mean?“. Nausicaa.net. Посетено на 2009-07-13.
- ↑ Team Ghiblink. „Only Yesterday: Frequently Asked Questions (FAQ): Q: Is it based on a manga or a book?“. Nausicaa.net. Посетено на 2007-01-09.
- ↑ "Omohide Poro Poro". www.bcdb.com, May 13, 2012
- ↑ „HiNative“. HiNative. 7-1-2017. На
|first=
му недостасува|last=
(help); Проверете ги датумските вредности во:|date=
(help)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|