Прејди на содржината

Лебдење

Од Википедија — слободната енциклопедија
Коцкест магнет како лебди над суперспроводен материјал (Мајснеров ефект)

Лебдење (или левитација, латински: levare, да се крене) — процес во кој објект ѝ се спротивставува на гравитацијата, во стабилна позиција под дејство на надворешна сила без физички контакт.

Исто така е и популарен магионичарски трик, особено во случајот кога се работи за кревање на човечко тело без употреба на физички контакт. Илузијата најчесто се постигнува со специјален механички уред, игра на светлина или на некој друг начин.

На земјата сѐ што е потребно за да лебди еден објект е сила што ќе дејствува во спротивен правец на гравитацијата со еднаква големина како онаа која ја предизвикува самиот објект. Ова се постигнува на неколку различни начини, на пример магнетни сили, електростатички (односно наелектризирани) предмети или аеродинамични објекти. Со употреба на магнетната лебдење може да се предизвика лебдење дури и на мали животни.

Научниците имаат разработено техника со која може да се направи да лебдат ултрамали објекти, најчесто со манипулација со таканаречената Казимирова сила, која во нормален случај ја овозможува компактноста на елементите по квантни правила. Ова, во пракса, моментално е возможно само на микро објекти.[1][2]

Аеродинамичното лебдење често се забележува во воздушниот хокеј каде млазови воздух предизвикуваат движење на пакот по нагорна линија. Лебдењето може да биде предизвикано и со туркање на воздухот надолу на пример, кај хеликоптерот, авионот со вертикално полетување, како и кај лебдилката. Сфера може стабилно да лебди во воздушен проток без употреба на каков било контролен систем, во случај условите да се добри. Ваква играчка е произведена во текот на 1960-тите.

Ликовна претстава на магионичарски трик.
  1. „Научниците ја открија тајната на лебдењето, Yahoo! News“. Архивирано од изворникот 2007-08-11. Посетено на 2007-08-11.
  2. Лебдење во минијатура, почетна хипотеза.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]