Лепиња
Печење на лепињи во фурна | |
Вид | леб |
---|---|
Дел од оброкот | предјадење или главен оброк |
Регион | Источно Средоземје |
Температура на послужување | топло и ладно |
Главни состојки | брашно, вода, сол, квасец |
Лепиња[1][2] — вид тенок тркалезен леб.[3] Дел е од гастро-културата на многу народи што живеат покрај бреговите на Источното Средоземје и во внатрешноста на Балканот.
Во различни земји од овој дел на светот има варијации во подготовката на лепињата, но и во името на овие мали округли лепчиња. Покрај лепиња (во Македонија, Србија) и сомун (во Босна), тие се познати и како пиде (во Турција),[4] пита (во Грција) или пита леб (Pita bread[5] — во поголемиот дел од англиското говорно подрачје; pita на американски англиски, или pitta на британски англиски), манкуша (مناقيش — во Либан)[6] или либански леб (ширум светот), шами (во Египет)[7] итн.
Лепињите се прават од киснато тесто, како и повеќето лебови. Сепак, во самата постапка на правење тесто за лепиња, специфично е тестото да нарасне трипати, па структурата на ова печиво е воздушна, лесна и идеална како основа за вкусен оброк „на пат“. Ефектот на воздушната внатрешност на лепињата може да се подобри со употреба на адитиви како прашок за печиво или сода бикарбона, кои помагаат тестото повеќе да се полни со воздух.[8]
Историја
[уреди | уреди извор]На археолошко наоѓалиште во југоисточен Јордан, научниците пронашле јагленисани остатоци од тенки, тркалезни лебови, за кои било откриено дека се стари околу 14.500 години. Благодарение на ова откритие, археолозите дошле до заклучок дека лебот се правел дури 4.000 години пред номадските племиња да почнат да основаат постојани населби и да одгледуваат житарици. Овој леб го правеле ловци-собирачи од подрачјето на источното Средоземје. Веројатно бил бесквасен и донекаде сличен на пита-лебот, направен од диви житарици како јачмен, крупник (дива пченица) и овес, како и ризоми од папирус, мелени во брашно. Пред ова, најстарото откритие се сметал леб стар 9.100 години, откриен на археолошко наоѓалиште во Турција.[9]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „лепиња“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „лепиња“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „лепиња“. dict.cc. Посетено на 30 март 2019.
- ↑ „Do you know the Story about the Origin of Somun?“. SARAJEVO TIMES. 6 јуни 2016. Посетено на 30 март 2019.
- ↑ „The History of Pita Bread: Practical & Healthy for Millennia“. Bodrum. Bodrum Mediterranean restaurant. Посетено на 30 март 2019.
- ↑ „LEBANON: MANA'EESH (MAN'OUSHE)“. 196 FLAVORS. Посетено на 30 март 2019.
- ↑ „EGYPT: MLOKHIA SOUP AND SHAMI BREAD“. 196 FLAVORS. Посетено на 30 март 2019.
- ↑ „The Balkans: Lepinja / Lepinje (Triple-Raised Soft Baked Flatbread)“. EuropeanCuisines.com. Посетено на 30 март 2019.
- ↑ „World's oldest bread found at prehistoric site in Jordan“. The Jerusalem post (elektronsko). 16 јули 2018. Посетено на 30 март 2019.