Лозер (планина)
Лозер | |
---|---|
Mont Lozère | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 1.699 м |
Координати | 44°25′34″N 3°44′21″E / 44.4261° СГШ; 3.7391° ИГД |
Географија | |
Матичен венец | Севени |
Лозер (француски: Mont Lozère, окситански: Mont Losera) — највисок планински врв на Севените во состав на Централниот Масив, франција. Сместен е во Националниот парк Севени и се издига на висина од 1.699 м.
На планината има терени за скијање во зимските месеци,[1] додека пак преку летото е посетувана од студенти-љубители на планинарството. Нуди впечатливи глетки со своите четинарски насади и честаци.
Од Лозер извира реката Тарн, и тоа во највисокото место на планинарската патека „Роберт Луис Стивенсон“ (GR 70). Оваа долга патека ги следи чекорите на писателот Роберт Луис Стивенсон кој ја посетил планината во 1878 г. и го опишал тоа доживување во неговата книга Патување по Севените на магаре.[2][3] Се работи за сточарска патека обележана со камења.[3]
По планината е наречен департманот Лозер.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Home page“. Station de ski du Bleymard–Mont Lozère. Посетено на 29 јуни 2017.
- ↑ Stevenson, Robert Louis (1905) [1879]. Викиизвор. . Travels with a Donkey in the Cevennes (англиски). New York: Charles Scribner's Sons. стр. – преку
- ↑ 3,0 3,1 Castle, Alan (2007). The Robert Louis Stevenson Trail (II. изд.). Cicerone. стр. 125–127. ISBN 978-1-85284-511-7.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Лозер (планина) на Ризницата ?
- Лозер Архивирано на 9 октомври 2008 г. — Натура 2000 (француски)
- Туристичка служба на Севените — планина Лозер (француски)
- Лозер во Заедничката база на заштитени подрачја (англиски)
Оваа статија место во Франција е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|