Манастирската порта на Света Троица (украински: Троїцька надбрамна церква; руски: Троицкая надвратная церковь) е историска црква која се наоѓа во Киевско-печерската лавра во Киев, Украина.
Христијанскиот храм бил изграден во периодот од 1106 до 1108 година, како дел од Киевско-печерската тврдина. Црквата била основана од страна на внукот на Светослав II, кој подоцна се откажал од својот статус како кнез, и се замонашил на 17 ноември 1106 година.
Во 1240 година, целиот комплекс бил разрушен од страна на Монголоте. Во тоа време посебно настрадала главната катедрална Успенска црква, па Манастирската порта на Света Троица станала главна катедрала на комплексот.
Старата црква претставуваа типичен пример за киевската архитектура. По нејзиното разрушување и на неколкупати реконструирање, денеска таа е изградена во украински барок.