Прејди на содржината

Махновизам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Нестор Махно во 1906 година

Махновизмот се однесува на политички и економски теории применети од страна на анархистичкиот револуционерен водач Нестор Махно и други понови теоретичари (како Петар Аршинов) кои се сметаат за носители на делото на првоспоменатиот. Махновизмот во праска подразбира спротивставување на државната апаратура, бирократијата, фаворизирање на децентрализирани комуни организирани од селани и работници. Махновизмот исто така ги зема како темел и ги надоградува идејите на Петар Кропоткин кои служат како филозофска база на анархистичкиот комунизам. Подоцна махновизмот почнува да се поистоветува со платформизмот кој е заснован на иделошката пракса на Нестор Махно и Револуционерната Востаничка Армија на Украина, но е прилично надограден.

Во периодот меѓу 1918 и 1921 година во Украина, на териториите под контрола на РВАУ или махновистите биле организирани селски зборови, комуни и совети. Земјата и фабриките биле експроприрани и било воспоставено работничко самоуправување. Економијата која ја наметнале махновистите во Украина била заснована на слободна размена помеѓу рурални и урбани заедници.

Поврзано

[уреди | уреди извор]