Метод на подготовка за натпреварувања
Корица на книгата | |
Автор | Михаил Ботвиник |
---|---|
Изворен наслов | Метод подготовки к соревнованиям |
Земја | Русија |
Јазик | руски |
Метод на подготовка за натпреварувања е шаховска книга од познатиот советски и руски велемајстор, поранешен светски првак во шах (1947-1956, 1957-1960, 1961-1963), шаховски учител и автор Михаил Ботвиник. Книгата е напишана во 1992 година и претставува збирка на материјали кои го илустрираат методот на подготовка на шахистите за шаховските натпреварувања. Книгата е напишана на руски јазик.
Содржина
[уреди | уреди извор]Во оваа своја кратка книга, Ботвиник врз основа на материјал прибран во периодот на првата половина на 20. век го објаснува неговиот метод за подготвувка пред значајните партии и турнири.. По краткиот предговор, тој дава објаснување нља повеќе негови методи на оваа тема, пред да се нафати со објаснување на главниот метод. Во продолжение книгата содржи и поглавја насловени „Младинска школа“, во кое Ботвиник ја опишува својата шаховска младост, „Судбината на шахот“, во кое е даден целосен осврт на шахот како игра и нејзиното толкување, како и три вежбанки, во кои се дадени соодветни анализи на позиции од партии на познатите велемајстори, но и клучните моменти и размислувањето за време на партијата. Во овие три поглавја (вежбанките) наведени се и турнирски партии, како и анализа на одвивањето на шаховски натпреварувања.
Стил на пишување
[уреди | уреди извор]Делото „Метод на подготовка за натпреварувања“ претставува збирка на материјал, кој содржи анализа на сопствените партии на авторот. Толкувањето на партиите е одлично, самокритично, а поткрепено е и со дијаграми на кои се прикажани критични позиции од партиите, кои авторот ги сметал за најзначајни. Тоа му овозможува на читателот без оглед на возраста, лесно да се снајде и заинтересира во сиодржината на оваа книга.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Мрежно место на кое книгата може да се подигне во DJVU формат Архивирано на 8 февруари 2009 г.