Меѓународна единица
Меѓународна единица (скрат. МЕ или IU, од англ. International Unit)[1] е мерна единица во фармакологијата со која се изразува количеството на дадена супстанција, според биолошката активност или ефектот. Се користи за количинско претставување на витаминиуте, хормоните, извесни лекарства, вакцини, крвни производи и слични биолошки активни супстанции.
Многу биолошки агенси постојат во разни облици и препарати (на пр. витаминот А во облик на ретинол или бета-каротин).[2] Меѓународната единица има за цел да овозможи нивна споредба, така што разните облици и препарати со ист ефект содржат ист број на меѓународни единици. To do so, Стручниот комитет за биолошка стандардизација на Светската здравствена организација утврдува еталонски препарат на аентот, произволно го задава бројот на меѓународни единици во тој препарат, и пропишува биолошка постапка за споредување на другите препарати на истиот агенс со еталонскиот. Бидејќи бројот на меѓународни единици во секоја нова супстанција е произволен, не може да постои еквиваленција помеѓу износот на МЕ кај разни биолошки агенси. На пример, 1 МЕ на витаминот Е не може да се поистовети со 1 МЕ на витаминот A на ниеден начин, заклучно со масата и делотворноста.
И покрај името, меѓународната единица не е дел од Меѓународниот систем на мерни единици (SI) што се употребува во физиката и хемијата.
Масени еквиваленти на 1 МЕ
[уреди | уреди извор]Кај некои супстанции подоцна се утврдува точен масен еквивалент на МЕ. Во таквите случаи, поранешната маса по МЕ за таа супстанција официјално се отфрла во полза на новоутврдената маса. Бројката на единиците честопати останува во употреба.
- Витамин А: 1 МЕ е биолошки еквивалент на 0,3 μг ретинол, или на 0,6 μг бета-каротин[3][4]
- Витамин Ц: 1 МЕ е 50 μг L-аскорбинска киселина
- Витамин Д: 1 МЕ е биолошки еквивалент на 0,025 μг холекалциферол/ергокалциферол
- Витамин Е: 1 МЕ е биолошки еквивалент на приближно 0,667 мг d-алфа-токоферол (точно 2⁄3 мг), или на 1 мг dl-алфа-токоферол ацентат
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Се користат и кратенките UI (од шпан. unidad internacional, фр. unité internationale и итал. unità internazionale), IE (од герм. Internationale Einheit, дан. International Enhed, швед. Internationell Enhet) и МЕ (од рус. международная единица).
- ↑ Сè за Витаминот А Архивирано на 18 февруари 2015 г. - Македонски портал за рак (македонски)
- ↑ База на состојки во додатоците во исхраната Архивирано на 22 септември 2016 г. (англиски)
- ↑ Еталонски табели за состојки во исхраната: Фактори на претворање (англиски)