Прејди на содржината

Милан Недиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Милан Недиќ

Милан Недиќ бил југословенски генерал, српски политичар и претседател на квислиншката марионетска влада во Србија за време на окупацијата од страна на нацистичка Германија во Втората светска војна позната по името „Влада на национален спас”.

Недиќ се борел во Балканските војни и во Првата светска војна. Во меѓувреме бил началник на генерал-штаб и министер на војската и морнарицата. Сменет е и пензиониран поради своите прогермански ставови и блискоста со движењето на Димитрија Љотиќ. Вратен е во службата пред Априлската војна, во која ја командувал третата група на армијата која имала задача да го брани најважниот дел од фронтот на границата со Бугарија, ама не пружила никаков отпор. Германската окупација го поставила за претседател на марионетската влада на народниот спас со цел полесно да го задуши востанието во Србија. Недиќ бил загрижен за опстанокот на српскиот народ во Хитлеровиот нов пласман. Сакал да обезбеди рај за Србите кои биле прогонувани во други делови на окупирана Југославија, како и да ја спречи победата на комунистите во војната.

Неговата влада е задолжна за многу активности во врска со холукаисти и прогонети антифашисти, како што се регистрација и апсење на слободните евреи и заедничка контрола над логорот Баница. Неговиот режим верно ги извршувал германските барања. Недиќ бил фасциниран од германскиот национален социјализам и пробал да ја уреди Србија по угледот на Третиот Рајх.