Михо Атанасовски
Изглед
Михо Атанасовски (10 април 1934 - 13 јули 2008) — поет и писател за деца и млади, и драмски автор.
Животопис
[уреди | уреди извор]Роден е во Скопје, каде завршил основно и средно образование. Бил уредник на радиодрамата за возрасни во Македонското радио. Бил член на ДПМ од 1957 година.[1] [2]
Книжевно творештво
[уреди | уреди извор]Атанасовски претежно пишувал поезија за деца и за возрасни. Негови поважни дела се:
- Очите и измаглините (поезија, 1955)
- Никогаш не сум сам (поезија, 1957)
- Минуваат пролети (поезија, 1959)
- Од лав до страв (басни, 1962)
- Божурика (поезија, 1963)
- Еден лав плаче од страв (басни, 1964)
- Марко новинарко (раскази за деца, 1969)
- Во дворецот на сказните (римувани сказни, 1971)
- Марко новинарко (нови раскази, 1972)
- Река (поезија, 1975)
- Големиот јунак (новела за деца, 1975)
- Песни (1976)
- Тајната на едно писмо (пиеска, 1976)
- Има еден прозорец (поезија, 1979)
- Отаде реката (поезија, 1985)
- Куќичката со бела шамија(роман за деца, 1987)
- Кога се сакавме со Тинка (роман за деца, 1989)
- Зад де-вет гори зелени (поезија, 1990)
- Бамбила од другиот свет (роман за деца, 1992)
- Тутуле бале (поезија за деца, 1994)
- Цветот што носи среќа (поема 1994)
- Уличето со обетки од цреши (поезија за деца, 1995)
- Пуземаже и Цинцилин (поезија за деца, 1996)
- Љубовниот живот на Симсиле (новели за деца, 1998)
- Уличето со обетки од цреши (нова книга, поезија за деца, 1998),
- Вечери кај шардаванот (поезија за деца, 2000)[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Котевска, Милка; Лидиjа Мирчевска. Повоените македонски писатели. Битола: Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. стр. 32.
- ↑ Петка — грб: пиески. Детска радост, Скопје, 1984, стр. 6.
- ↑ Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 31.