Моби
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Моби | |
---|---|
Моби во 2009 | |
Животописни податоци | |
Родено име | Ричард Мелвил Хол |
Познат(а) и како |
|
Роден(а) | 11 септември 1965 Харлем,Њујорк, САД |
Потекло |
|
Жанрови | |
Занимања |
|
Инструменти | |
Период на активност | 1978–сега |
Издавачи | |
Соработници | |
Мреж. место | moby.com |
Моби (Ричард Мелвил Хал) роден (11 септември 1965) во Харлем, Њујорк, а пораснал во Дериен, Конектикат. Според неговите кажувања родителите го нарекле Моби уште по раѓањето поради новелата Моби Дик на Херман Мелвил, неговиот поддалечен предок[1]. По осум Топ 40 песни во 1990-тите со техно музика, неговиот најголем успех е албумот Play, издаден во 1999, кој е продаден во 9 милиони копии ширум светот[2]. Тој свири на синтисајзер, гитара, бас гитара и тапани. Има издавано музика со псевдонимите Voodoo Child[3], Barracuda, UHF, The Brotherhood, DJ Cake, Lopez, Mindstorm, и Pippy Baliunas. Покрај останатото во јавноста е познат и како една од најконтрaверзните личности во техно музиката. Откако ги завршил студиите и дипломирал на универзитетот SUNY Purchase, со насока социологија, тој почнал да се насочува повеќе кон својата животна идеја, да создава музика. Пишувал, продуцирал и ремиксирал музика за Дејвид Боуви, Daft Punk, Милен Фармер, Pet Shop Boys, Бритни Спирс, Њу Ордер, Guns N' Roses, Metallica, Soundgarden, и други.[4]
Почетоците на Моби
[уреди | уреди извор]Кариерата ја започнал во раните 1980 како дел од панк бендот наречен Ватикан Командос[5] . Бил ди-џеј во клубот The Beat во Port Chester, Њујорк во 1985. Подоцна во 1989 потпишал договор за снимање со Instinct Records.[6] Неговиот прв успех е Go, прогресивната снимка која користи делови од темата на Лаура Палмер од Твин Пикс. Со неа достигна во листите на најдобри десет во Велика Британија во октомври 1991 доби можност се појави во Top of the Pops што многу придонесе кон славата на неговиот прв албум, The Story So Far. Направил ремикс верзии на музиката на Prodigy, Orbital и Aphex Twin[7] Направил и рап за снимка на Recoil наречена Curse.[8]. Го објавува албумот Моби во 1992. Некои од неговите други синглови во 1992 и 1993 се Next Is the E, Thousand (со неговото темпо од 1,000 удари во минута), и Voodoo Child.
Кариера
[уреди | уреди извор]1994 - 1998 Everything Is Wrong
[уреди | уреди извор]Неговиот прв албум за Mute Records од 1995 е Everything Is Wrong. Истиот добил награда од критиката, бил прогласен од страна на Spin магазинот за "Албум на годината"[9] и доживеал каков-таков комерцијален успех. Оваа соработка продолжила и во 1996 со двојниот албум Everything Is Wrong, mixed and remixed. Брзо потоа, неговата издавачка куќа, Instinct промовирала албум наречен Rare: The Collected B-Sides 1989-1993. Подоцна во 1996, Моби промовирал нов хард рок и електро албум наречен Animal Rights и бил на турнеја низ Европа со Red Hot Chili Peppers. Синглот Come on Baby од Animal Rights бил трета изведба на Моби што се нашла на Top of the Pops, забележана поради агресивниот изглед и звук. Иронично, токму кога Моби сакал да го смени правецот, електронската музика почнала да стекнува популарност преку уметници како The Chemical Brothers и The Prodigy. Во 1997 тој го промовирал албумот I Like to Score, колекција од неговата музика која била користена во филмската продукција. Меѓу овие дела била и преработката на темата за филмот за Џејмс Бонд,Утрешнината никогаш не умира. Animal Rights и I Like to Score немаа многу голем комерцијален успех.
1999 - 2001 Play
[уреди | уреди извор]Оваа декада исполнета со музика, Моби ја крунисал со албумот од 1999 Play. Албумот се состои од 18 песни и е прв албум во историјата кој ги лиценцирал сите песни[10]. Песните на албумот биле прифатени од неколку радио формати иако албумот можел да биде финансиски успешен дури и без радио изведби. Како додаток на славата, албумот Play се истакнува и со своите блуз снимки соберени од страна на Алан Ломакс.[11] Во 2001, Моби ја донапиша и ја продуцираше Is It Any Wonder со Софи Елис Бекстор за нејзиот прв соло албум Read My Lips. Во 2001, Моби го основа Area: One Festival[12]. Тоа е популарен рок фестивал карактеризиран со повеќе видови електронска музика. Во 2001, добил груби коментари од Еминем откако ја нарекол неговата музика хомофобична. Еминем подоцна сатирично го споменал Моби (меѓу останатите) во Without Me, нарекувајќи го "36-годишно келаво незадоволство", за притоа да изјави дека "Никој не слуша техно!".[13] Двајцата се конфронтираle во МТВ Видео Музички Награди, иако Моби изразил почитување кон Еминем како уметник.
2002 - 2004 18
[уреди | уреди извор]Во 2002, го промовираl 18, албум со 18 песни. Најпопуларната песна на албумот продаден во 4 милиони копии и со кој освоил бројни награди во 30 земји била We Are All Made of Stars.[14] На кратко имал и телевизиска емисија на МТВ во 2002, Señor Moby's House of Music со фокус најмногу на електронската музика. Во 2003, продуцирал песна за Бритни Спирс за нејзиниот албум In The Zone. Песната се вика Early Mornin". Таа не била промовирана како сингл, но им била омилена на обожавателите.
2005 - 2007 Hotel
[уреди | уреди извор]Во 2005 го промовирал албумот Хотел[15], прв по тригодишна пауза. Веднаш по оваа промоција била испланирана турнеја низ Европа, поставување на ново мрежно место и нови зделки во врска со музиката. На 6 ноември 2006 излегла компилација на неговите најголеми хитови, насловена како Go: The Very Best of Moby која вклучува и нова песна "Њујорк, Њујорк", изведена од Деби Хари. Различни верзии на овој албум го имаат неговиот сингл Slipping Away на различни јазици и со различни пејачи[16]. Моби ја обедини повторно легендарната група на Ричард Барон од 80-ите, Бонгос за да ја продуцираат и да ја изведат новата верзија на нивната песна Bulrushes. Во 2006 го направил саундтракот на филмот на Ричард Кели Southland Tales (2007), бидејќи бил обожавател на претходниот филм на Кели Дони Дарко .[17] Во 2007, Моби започнал рок бенд, The Little Death with his friends заедно со Лора Дон, Дерон Марфи, и Ерон А. Брукс.[18] The Little Death објавиле албум во 2010. Од 2007 до 2008 водел серија настани во еден њујоршки клуб насловени "Degenerates".[19][20] Моби направил и ремикс компилација за видеоиграта Биошок заедно со Оскар, наречена The BioShock EP. Дискот бил достапен со купување на изданието на играта. "The BioShock EP" и вклучува три ремикс песни и една оригинална снимка: Beyond the Sea, God Bless the Child, and Wild Little Sisters.
2008-2012 Wait for me
[уреди | уреди извор]Во ноеември 2008 Моби во интервју го најавил својот нов албум Last Night: "Сакам да направан навистина емотивна, убава плоча. Не знам дали ќе успеам, но целта ми е да направам нешто многу лично, многу мелодично,многу убаво."[21] Албумот за кој зборувал се нарекува Wait for Me и истиот бил објавен во јуни 2009.[22][23]
Моби и Дејвид Линч оствариле соработка на синглот Shot in the Back of the Head, чие видео е во режија на Линч.[24] Синглот бил пуштен слободно да се данлодира преку мрежната страница на Моби.
Моби собрал $75,000 и $100,000 за помош на жртвите на домашно насилство[25] откако САД го укинале фондот за рограмата противсемејното наследство. За да го стори тоа, ја донирал заработката од концертите во Калифорнија (Сан Диего, Сан Франциско, Лос Анџелес).
Во јануари 2010, најавил дека почнува да работи на нова плоча. Рекол дека "расположнието за оваа плоча ќе биде поакустична и не толку електронска како порано".[26] Во овој период започнал хеви метал бенд заедно со неговиот пријател Фил Костело, Diamondsnake. Бендот објавил два албума на Фејсбук.[27]
Во февруари 2011, Моби го објавил издавањето на новиот албум Destroyed, објавен во мај 2011.[28][29] Албумот содржи 15 сингла.
2013-2017 Innocents
[уреди | уреди извор]Помеѓу февруари и август 2013, Моби имал концерти и DJ настапи на Вандерласт Фестивалот со настапи на Хаваи, Калифорнија и Колорадо во САД а воедно во Канада и во Чиле.[30] Единствен настап во Азија му бил на Светскиот музички фестивал во Сингапур.[31] Во јули најавил дека ќе објави студиски албум насловен Innocents. Албумот бил напишан и снимен за 18-те претходни месеци и требал да излезе во октомври. Сниман бил во апартманот на Моби и во него гостуваат доста вокалисти. Првиот официјален сингл бил насловен A Case for Shame а го продуцирал добитникот на Греми Марк „Спајк“ Стент.[32] Во септември 2016 најавил нов албум These Systems Are Failing.[33] објавен на 14 октомври 2016, под името Moby & The Void Pacific Choir.[34] Првиотофицијален сингл на албумот бил "Are You Lost In The World Like Me?".[35] Видеото за тој сингл, создадено од аниматорот Стив Катс се однесува на зависноста од мобилни смарт телефони.[36]
Иновации
[уреди | уреди извор]Моби користи некои невообичаени иновации во неговата кариера. Неговиот сингл од 1995 Everytime You Touch Me има особини на ремиксот на Џуд Себастиан. На некои изведби на европската турнеја во 2005 Live Here Now,тој им доделил на обожавателите компакт диск со снимки од изведбата 10 минути по завршувањето на концертот. Неговиот сингл од 2005 Lift Me Up имаше особини како додаток на бројни ремикси.Многу од албумите на Моби вклучуваат есеи кои тој самиот ги има напишано. Everything Is Wrong имаше есеи за преголемото конзумирање "Ние користиме отровен хлорски избелувач за да ја зачуваме долната облека бела" и за религиозните водачи на САД "Зошто христијаните не одат да шират милост, сочувство и самопожртвуваност?", и "The End of Everything" каде дискутира за вегетаријанците "Можете ли да погледнете животно во очите и да му кажете: "Мојот апетит е поважен од твоето страдање?".
Приватен живот
[уреди | уреди извор]Покрај музиката Моби е целосен вегетариjанец, христијанин и самопрокламиран симплтон (поради неговите често искрени и идејалистички проценки). Живее во делот Мала Италија во Њујорк каде што живеел цела декада во мал стан во петкатна зграда спротивно од Дејвид Боуви. До неодамна беше ко-сопственик на мал ресторан и чајџилница наречена TeaNY. Исто така го организирал "Колективот на мали идиоти" "Little Idiot Collective", група на уметници. Има потпишано да плати $207.000 за да биде првата поп ѕвезда која патувала во вселената, на компанијата за вселенски туризам Virgin Galactic’s VSS Enterprise вселенски брод во 2010. Во интервју за Психологијата денес, Моби изјавил дека кога имал 19 години пробал LSD и почнал да добива напади на паника. Тој тврди дека повеќе не ги користи често како порано, но можеби некогаш тој: ”ќе има премногу кофеин, ќе биде под стрес за работата и ќе биде во врска која пропаѓа и пак ќе почнат”. Тој е многу отворен во врска со ова со цел да им помогне на обожавателите кои страдаат од слични панични нарушувања.
Активизам
[уреди | уреди извор]Тој е веганец и поборник за правата на животните.[37] Во март 2010, ја објавил книгата Gristle: From Factory Farms to Food Safety (Thinking Twice About the Meat We Eat), колекција есеи од луѓе во индустријата за храна.[38] Во ноември 2015 отворил вегански ресторан наречен Little Pine во Лос Анџелес и тој лично го води истиот.[39][40]
Моби е воедно познат активист и спонзор за плејада од прогресивни идеи, работејќи со MoveOn и PETA. Тој ги создал MoveOn Voter Fund's "Bush in 30 Seconds" натпреварите заедно со Лаура Даун и директорката на MoveOn Ели Паризиер. Во последните неколку години активно се ангажира во неутралниот активизам и учествува во Одборот на директори на организацијата Аменд, непрофитно здружение кое имплементира програми за заштита од повреди во Африка. Тој смета дека оваа организација е многу ефикасна и успешно водена. Во 2004. беше почестен со наградата "Музиката има сила" за неговата поддршка на музичката терапија и неговата посветеност и помош за снимање на телевизиска програма.
Религија
[уреди | уреди извор]Во 2003 во интервју за BBC, Моби зборува за неговоао средба со Евангелието, "Околу 1985 година ги прочитав подучувањата од Исус и веднаш ми дојде идејата Исус бил некако видовит. Кога велам Јас го сакам Исус и го сакам неговото учење , тоа го мислам на наједноставен и наивен начин. Не велам дека сум во право". На (19 јануари) 2007), по гледањето на филмот на Александра Пелоси, "Пријателите на Господ", Моби напиша, "Филмот ме потсетува колку е оддалечена верзијата на евангелието за христијанство од учењата на Исус".
Фотографија
[уреди | уреди извор]Мобие е фотограф уште на 10годишна возраст, растејќи околу филмови и темни фото лаборатории.[41] бидејќи чичко му бил фотограф за The New York Times.[42]
Во 2011,објавил книга со фотографии, Destroyed, од неговата меѓународна турнеја. Името на книгата е исто како насловот на албумот објавен истата таа година
Книги
[уреди | уреди извор]Моби објавил автобиографија насловена Порцелан: мемоари во мај 2016.[43]
Дискографија
[уреди | уреди извор]- Студиски албуми
- Moby (1992)
- Ambient (1993)
- Everything Is Wrong (1995)
- Animal Rights (1996)
- Play (1999)
- 18 (2002)
- Hotel (2005)
- Last Night (2008)
- Wait for Me (2009)
- Destroyed (2011)
- Innocents (2013)
- Long Ambients 1: Calm. Sleep. (2016)
- These Systems Are Failing (со The Void Pacific Choir) (2016)
- More Fast Songs About the Apocalypse (со The Void Pacific Choir) (2017)
- Everything Was Beautiful, and Nothing Hurt (2018)
- Long Ambients 2 (2019)
- All Visible Objects (2020)
- Live Ambients – Improvised Recordings Vol. 1 (2020)
- Reprise (2021)
- Ambient 23 (2023)
- Resound NYC (2023)
- Always Centered at Night (2024)
Музиката во филмови и реклами
[уреди | уреди извор]- 2002 We Are All Made Of Stars Pentium реклама
- 1992 First Cool Hive Scream
- 1997 Inside Riding Giants
- 2006 In My Heart
- 2005 The Pursuit of Happyness
- 1999 God Moving Over the Face of the Waters Syriana
- 1999 One Day in September
- 2000 Flower Gone in 60 seconds
- 2003 Honey Holes
- 1995 New Dawn Fades Heat
- 2006 Anthem Miami Vice
|
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „DJ Moby finds inspiration in old Southern music“. Архивирано од изворникот на 2009-06-01.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Moby Didn't Feel Pressure To Follow Up 'Play,' '18' Bows At Number Four“. Архивирано од изворникот на 2006-12-13.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „music“. moby.com. Архивирано од изворникот на 2011-09-29. Посетено на September 29, 2011.
- ↑ Moby. Interview with Stephen Dalton. "The Humility That Comes From Being Hated": Moby Interviewed. May 9, 2011. Retrieved on September 28, 2011.
- ↑ „Moby reuniting w/ Vatican Commandos for a CT NYC hardcore show + D.I. dates, boat shows, 45 Grave, Jello & more Read More: Moby reuniting w/ Vatican Commandos for a CT NYC hardcore show + D.I. dates, boat shows, 45 Grave, Jello & more“. Brooklyn Vegan. Посетено на June 2, 2016.
- ↑ Ressler, Darren (October 16, 2016). „Read a 2008 interview with Moby & Ryuichi Sakamoto“. Big Shot. Архивирано од изворникот на May 10, 2019. Посетено на May 10, 2019.
- ↑ „remixes“. moby.com. Архивирано од изворникот на December 7, 2013. Посетено на January 2, 2014.
- ↑ „Moby“.
- ↑ „100 Greatest Albums, 1985-2005“. Spin Magazine. June 20, 2005. Архивирано од изворникот на August 4, 2009. Посетено на February 11, 2012.
- ↑ Gareth Grundy. „Moby licenses every track on Play. Ker-ching! | Music“. The Guardian. Посетено на December 3, 2013.
- ↑ Becker, Scott Marc (June 8, 1999). „Sharps & flats“. Salon.com. Архивирано од изворникот на June 25, 2009. Посетено на September 29, 2011.
- ↑ „Moby Unveils Plans For Area: One Festival“. Billboard. October 19, 2013. Посетено на December 3, 2013.
- ↑ „Eminem's Enemies - Moby“. www.eminem.net. Посетено на 2017-10-02.
- ↑ „Moby – Wait For Me“. Genero.tv. April 6, 2010. Посетено на November 19, 2013.
- ↑ David Peschek (March 11, 2005). „CD: Moby, Hotel | Music“. The Guardian. Посетено на December 3, 2013.
- ↑ „Christie's No. 1 On Reconfigured U.K. Chart“. Billboard. Посетено на November 19, 2013.
- ↑ „BFI | Film & TV Database | SOUTHLAND TALES (2005)“. Ftvdb.bfi.org.uk. April 16, 2009. Архивирано од изворникот на 2013-12-07. Посетено на December 3, 2013.
- ↑ „Moby Shows His Natural Blues With New Band The Little Death (review) " Time to play b-sides“. Playbsides.com. January 15, 2010. Посетено на November 19, 2013.
- ↑ „moby announces new nyc club night“. moby.com. Архивирано од изворникот на July 16, 2012. Посетено на April 17, 2012.
- ↑ „degenerates returns for special cmj party in nyc“. moby.com. Архивирано од изворникот на March 2, 2012. Посетено на April 17, 2012.
- ↑ Palmer, Tamara (November 3, 2008). „Moby: The Fly Life“. SuicideGirls. Посетено на September 29, 2011.
- ↑ „i just finished mixing my next record. as i wrote earlier, hopefully it will be released next june“. moby.com. February 13, 2009. Архивирано од изворникот на June 16, 2011. Посетено на September 29, 2011.
- ↑ Moby (March 19, 2009). „if you're in the music business (and for your sake i hope you're not...) you probably know about bob lefsetz“. moby.com. Архивирано од изворникот на June 16, 2011. Посетено на September 29, 2011.
- ↑ Moby (April 14, 2009). „wait for me“. moby.com. Посетено на September 29, 2011.
- ↑ „Moby to donate concert profits to domestic violence charity“. Side-Line. October 6, 2009.
- ↑ Moby (January 20, 2010). „i've decided to start work on the next record“. moby.com. Архивирано од изворникот на March 10, 2010. Посетено на February 21, 2010.
- ↑ „Moby gets back to his roots with Diamondsnake“.
- ↑ „destroyed“. moby.com. Посетено на May 8, 2011.
- ↑ Moby (February 15, 2011). „ok, ta-da, official next album announcement update. my next album is called 'destroyed' and it comes out in the middle of may sometime“. moby.com. Посетено на May 8, 2011.
- ↑ „Find Your True North“. Wanderlust Festival. Архивирано од изворникот на 2009-04-19. Посетено на October 1, 2013.
- ↑ „1 World Music Festival“. 1 World Music Festival. September 19, 2013. Посетено на October 1, 2013.
- ↑ „innocents – new album from moby“. moby.com. April 15, 2013. Посетено на October 1, 2013.
- ↑ „Moby Announces New Album These Systems Are Failing, Shares New Song: Listen | Pitchfork“. pitchfork.com. Посетено на November 17, 2016.
- ↑ „Moby & the Void Pacific Choir: These Systems Are Failing Album Review“. pitchfork.com. Посетено на November 17, 2016.
- ↑ „moby & the void pacific choir announce debut album 'these systems are failing'“. moby.com. September 22, 2016. Посетено на September 28, 2016.
- ↑ Kreps, Daniel (October 17, 2016). „See Moby's Grim New Video About Smartphone Addiction“. Rolling Stone. Архивирано од изворникот на 2016-11-19. Посетено на November 18, 2016.
- ↑ Tracey PepperPHOTOGRAPHY Deirdre O'Callaghan (February 23, 2011). „One on One with Moby“. Vegetarian Times. Посетено на December 3, 2013.
- ↑ Jason Sheehan (February 8, 2010). „Moby Wants Your Steak“. SeattleWeekly.com. Архивирано од изворникот на 2012-09-13. Посетено на September 29, 2011.
- ↑ Broverman, Neal (June 23, 2015). „The 411 on Moby's Forthcoming Vegan Concept in Silver Lake“. Los Angeles. Посетено на November 2, 2015.
[The food] aligns with Moby's vegan sensibilities, with hearty, French-influenced dishes ... like Lemon Mint Pea Pate, Pan Bagnat, Mushroom Leek Pot Pie, and a Superba Snack Bar-sounding Roasted Cauliflower Steak.
- ↑ „Moby on Restaurant: 'I Want to Provide a Space That's a Compelling Representation of Veganism'“. The Hollywood Reporter. October 26, 2015. Посетено на November 2, 2015.
- ↑ Olivier Laurent (May 3, 2011). „Destroyed: Moby's first photography book video interview“. British Journal of Photography. Архивирано од изворникот на March 29, 2012. Посетено на March 21, 2012.
- ↑ Elizabeth Avedon (October 22, 2011). „Moby talks to Elizabeth Avedon“. La Lettre De La Photographie. Посетено на March 21, 2012.
- ↑ „Moby To Publish His Memoir, Porcelain, in 2016“. November 4, 2015.