Прејди на содржината

Натка Пенушлиска-Митровска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Натка Пенушлиска-Митровска
Родена 24 јуни 1920
Скопје, Кралство Југославија
Починала 20 мај 2022
Националност Македонка
Занимање балерина
Сопружник Данчо Митревски
Деца Маја, Слободан

Натка Пенушлиска-Митровска (24 април 1934- 20 мај 2022) — македонска балерина.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Натка Пенушлиска-Митровска е родена на 24 април 1934 година во Скопје. Балетското образование го добива во Средното балетско училиште во Скопје во класата Ѓ. Македонски и Н. Кирсанова, а потоа кај познатите педагози Љ. Јегорова и О. Преображенскаја во Париз (1953-1954). Модерен балет учи кај Х. Крајнцберг во Цирих и А. Роје во Каштел Камбеловец. Член на Балетот при МНТ во Скопје (1949-1972). Исклучително е надарена па ја започнала балетската кариера на 14-годишна возраст, играјќи ја главната улога на Марија во „Бахчисарајска фонтана“ (Б. Асафјев), првиот целовечерен балет поставен на сцената на МНТ. Ги игра сите главни улоги од програмата на балетскиот ансамбл. Примабалерина со извонредно чиста и прецизна класична техника, виртуоз и експресивна емотивност при создавањето на улогите. Пенушлиска е синоним за балетската уметност во Македонија. На југословенското балетско биенале во Љубљана (1960) е прогласена за најдобра класична балерина. Управува со Балетот при МНТ (1967-1968).

Починала на 20 мај 2022 година.

Улоги:

  • Марија (Б. Асафијев, „Бахчирајска фонтана“)
  • Сванилда (Л. Делиб, „Копелија“)
  • Аврора (П. И. Чајковски, „Заспаната убавица“)
  • Ела (Ф. Лотка, „Ѓавол на село“)
  • Одилија (П. И. Чајковски „Лебедово Езеро“)
  • Жизел (А. Адам „Жизел“)
  • Јулија (С. Прокофјев „Ромео и Јулија“)
  • и многу други.
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Пенов“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1132. Text "series " ignored (help)