Отец Дамјан
Свети Дамјан Свети Дамјан од Молока | |
---|---|
Отец Дамјан | |
Светец | |
Роден(а) | 3 јануари 1849 Тремело, Белгија, |
Починал(а) | 15 април 1889 Калаупапа, Молока, Хаваи feast_day=10 мај (универзално); 15 април (во Хаваи и САД) |
Почитуван(а) во | Римокатоличка црква, Источнокатолички цркви; некои цркви на Англиканската заедница; поединечни Лутерански цркви |
Беатификација | 4 јуни 1995, Базилика на Светото срце (Коекелберг), Брисел од Папа Јован Павле II |
Канонизација | 11 октомври 2009, Рим од папата Бенедикт XVI |
Главно светилиште | Лувен, Белгија (телесни мошти) Мауи, Хаваи (мошти на раката) |
Слава | {{{feast_day}}} |
Заштитништво | луѓе со лепра, луѓе со ХИВ и СИДА, отпадници, и Држава Хаваи. |
Отец Дамјан (вистинско име Жозеф де Вестер) (3 јануари 1849 - 15 април 1889) бил белгиски свештеник.
Роден е во Тремело, Белгија, а починал во Молока на Хаваи. По обуката во колеџот на грофот Брен, во 1858 година се приклучил кон Друштвото на светите срца на Исус и на Марија. Во 1863 година заминал во мисија на Хаваите во Сендвич, каде што во 1864 година го дал заветот за свештеник. Во 1873 година волонтирал во раководењето со колонијата на заболени од лепра сместена на островот Молока. Таму служел и како доктор и како свештено лице притоа трудејќи се да ги подобри тамошните услови за живеење, а истовремено се заложил и за изградбата на два дома за сираци. И самиот добивајќи лепра во 1884 година, одбил да го напушти своето работно место, а пет години подоцна починал.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]„Отец Дамјан“ на Ризницата ? |
- ↑ Британика Енциклопедиски Речник. Топер, МПМ, 2005, Книга 3, стр. 33
|
- Родени во 1849 година
- Луѓе од Тремело
- Луѓе од Белгија
- Починати во 1889 година
- Починати во Калаупапа
- Починати во Молока
- Починати во Хаваи
- Римокатолички христијани од Белгија
- Римокатолички христијани од САД
- Римокатолички светци од Белгија
- Белгиски свештеници
- Починати од лепра
- Англикански светци
- Римокатолички мисионери
- Христијански светци од 19 век
- Погребани во Белгија
- Родени во 1840 година