Прејди на содржината

Паганство

Од Википедија — слободната енциклопедија
Слика на пагански германски водач од 17 век (Филип Кливер 1616).

Паганство или многубоштво (од латински paganus, со значење „селски жител“, „рустичен“[1]) — сеопфатен термин, обично се користи за политеистички верски традиции, иако од христијанска перспектива, терминот може да ги опфати сите неаврамски религии.[2][3]

Тој главно се користи во историски контекст, однесувајќи се на грчко-римскиот политеизам како и политеистичките традиции во Европа пред христијанизацијата. Во поширока смисла, распространет во современи религии, тој ги вклучува повеќето од Источните религии и домородните традиции на Америка, Средна Азија, Австралија и Африка, како и неаврамските народни религии воопшто. Попрецизна дефиниција не би вклучила ниедна од светските религии и не би го ограничила терминот на локални или рурални текови кои не се организирани како граѓански религии. Одлика на паганските традиции е отсуството на прозелитизам и присуство на жива митологија, која ја објаснува верската пракса.

Терминот пагански е христијанска адаптација на „езичник“ во јудаизмот, и како таков има вродено Аврамска пристрасност, и погрдни конотации меѓу монотеистите,[4] во споредба со безбожник и неверник, исто така познат како кафир (كافر) и мушрик во исламот. Питер Браун забележува:

„Усвојувањето на paganus од латинските христијани како сеопфатен, пежоративен термин, за политеистите претставува непредвидена и единствена долготрајна победа, во рамките на една религиозна група, за еден збор од латински жаргон првично лишен од верското значење. Еволуцијата се случи само на латинскиот запад, и во врска со латинската црква. Секаде на друго место, „Хелен“ или „езичник“ (ethnikos) останаа зборови за „паган“; и paganos продолжи како чисто секуларен термин, со примеси на инфериорното и општото.“[5]

Поради овие причини, етнолозите го избегнуваат терминот „паганство“, со своите неизвесни и различни значења, осврнувајќи се на традиционални или историски верувања, претпочитајќи попрецизни категории како што се политеизам, шаманизам, пантеизам, или анимизам.

Во доцниот 20 век „паганството“, или „неопаганството“, станаа нашироко користени во однос на припадниците на различните нови религиски движења, вклучувајќи го и Вика.[6] Како таков, разни современи научници почнаа да го применуваат терминот за три групи на одделни вери: историски политеизам (како келтски политеизам, нордиско паганство, и хеленистички политеистички реконструкционализам, исто така наречен Хеленизам), народни / етнички / домородни религии (како што се кинеската народна религија и африканската традиционална религија), и неопаганство (како Вика и германскиот неопаганство).

Потекло на поимот

[уреди | уреди извор]
Партенонот на атинскиот акропол, Грција.

Терминот паган доаѓа од латинскиот paganus, придавка со првобитно значење „рурален“, „селски“ или „на селото“. Како именка, paganus бил користен да означи „селски жител, селанец“.[7]

Семантичкиот развој на посткласичниот латински paganus во смисла „не-христијански, безбожнички“ е нејасен. Датирањето на оваа смисла е контроверзно, но 4-от век се чини најверодостоен. Постар пример се појавува во Тертулијановата De Corona Militis XI, „Apud hunc [sc. Christum] tam miles est paganus fidelis quam paganus est miles infidelis“, но тука зборот paganus може да се толкува повеќе во смисла „граѓанин“, отколку „безбожник“. Постојат три главни објаснувања за развојот:

  1. Постарата смисла на класичниот латински pāgānus е „на селото, селски“ (исто така како именка). Се тврди дека пренесената употреба претставува одраз на фактот дека древното идолопоклонство задржано на руралните места и селца по христијанството било прифатено во градовите на Римското Царство[8]; cf. Оросиевите Histories 1. Prol. „Ex locorum agrestium compitis et pagis pagani vocantur.“ Од најраните почетоци, христијанството се шири многу побрзо во поголемите урбани средини (на пример Антиохија, Александрија, Коринт, Рим), отколку во руралните области (всушност, на почетокот црквата била речиси целосно урбана) и наскоро зборот за „селски жител“ станува синоним за некој кој „не е христијанин“, доведувајќи до современата смисла на „паган“. Ова би можело, делумно, да има нешто со блискоста со природата на руралните луѓе, кои можеби биле поотпорни на новите идеи на христијанството од оние кои живееле во големите урбани центри и биле отсечени од циклусите на природата и облиците на духовност поврзани со нив. Сепак, тоа може исто така да резултирало од почетокот на христијанските мисионери што ги фокусирале своите напори во големите населени центри (на пример Свети Павле), отколку целосно во експанзивните, но сепак ретко населени, села (оттука латинскиот израз укажува на „необразован селски народ“) сè до малку подоцнежно време.
  2. Многу повообичаено значење на класичното латинско pāgānus е „цивилен, не-милитантен“ (придавка и именка). Христијаните се нарекувале себеси mīlitēs, „запишни војници“ на Христа, членови на неговата милитантна црква, и за не-христијаните го применувале терминот употребен од страна на војниците за сите оние кои „не биле запишани во армијата“.
  3. Смислата „безбожник“ се јавила од интерпретација на paganus што означува човек кој бил надвор од одредена група или заедница, па оттука „не на градот“ или „рурален“; cf. Оросиевите Histories 1. Prol. „ui alieni a civitate dei..pagani vocantur“. Види C. Mohrmann, Vigiliae Christianae 6 (1952) 9ff. —- Оксфордски англиски речник, (на интернет) 2ро издание (1989) Архивирано на 25 јуни 2006 г.

Посткласичното латинско paganismus даде повод за двете паганство и неговиот синоним пајнимрија (paynimry). Пајнимрија може да се користи за паганство, неговите практики и паганите[9], како и за доменот или царството на паганите [10].

„Селанец“ е сроден, преку стариот француски paisent.[11]

Во нивните корени, овие примени потекнале од pagus, „провинција, село“, сроден на грчкиот πάγος „карпест рид“ и, дури и порано, „нешто заглавено во земјата“, како ознака за место: праиндоевропскиот корен *pag - значи „фиксно“ и исто така е извор и на зборовите page (страница), pale (колец), и pole (пол), како и pact (пакт) и peace (мир).

Иако паган е востановен во англискиот јазик од 14 век, не постои доказ дека терминот паганство бил во употреба во англискиот пред 17 век. Оксфордската енциклопедија ја дава за пример Едвард Гибоновата „Слабеењето и падот на Римското Царство“ од (1776): „Поделбите на христијанството ја одложиле пропаста на паганството.“ Терминот не бил неологизам затоа што paganismus веќе бил искористен од Августин.

Помалку од дваесет години откако последните траги на паганството биле задушени со голема жестокост од страна на императорот Теодосиј Први[12], Рим бил зграпчен од Аларик во 410. Ова довело до мрморење дека паганските богови се грижат повеќе за градот отколку христијанскиот Бог, што го инспирирало Свети Августин да ја напише Градот на Бога, со алтернативен наслов De Civitate Dei contra Paganos: Господовиот град против паганите, во која тој тврди дека иако големиот „град на човека“ падна, христијаните најпосле беа граѓани на „Божјиот град“.[13]

Безбожник (Heathen)

[уреди | уреди извор]

Heathen е од Стар Англиски hæðen „не христијански или еврејски“ (старонордиски: heiðinn). Историски гледано, терминот најверојатно бил под влијание на готскиот haiþi „живеалиште на пустелија“, појавувајќи се како haiþno во Библијата на Улфилас со значење „безбожна жена“ (превод на „Елените“ во Марко 7:26). Овој превод е веројатно под влијание на латинскиот paganus, „селски жител“, или бил избран заради сличноста со грчкиот ἐθνικός (ethnikos), „безбожник“. Се сметало дури и тоа дека готскиот haiþi воопшто не е поврзан со heath (пустелија), туку е повеќе позајмица од ерменскиот hethanos, самопозајмен од грчкиот ἔθνος, (етнос).

Терминологија

[уреди | уреди извор]

И „пагански“ и „heathen“, традиционално се користени како пежоратив од страна на приврзаниците на монотеистичките религии (како јудаизмот, христијанството и исламот) да посочат неверник во нивната религија, иако во модерните времиња не секогаш се користи како погрден израз. „Паганството“ најчесто се однесува на религии од древно (античко) време, особено старогрчката митологија или римската религија, и може да се користи неутрално или со восхит од оние кои се однесуваат на овие комплекси на верување.

Меѓутоа, сè до победата на романтизмот и на општото прифаќање на слободата на религијата во западната цивилизација, „Паганството“ речиси секогаш се користел потценувачки за хетеродоксни верувања кои отскокнуваат од формираната политичка рамка на христијанската црква. „Пагански“ почна да се изедначува со христијанизирана смисла на „епикурејски“ да се означи една личност која е сензуална, материјалистичка, само-задоволна, незагрижена за иднината и незаинтересирана за софистицирана религија. Зборот бил вообичаено користен во оваа световна и стереотипна смисла, посебно меѓу оние кои го одвлекувале вниманието на она што тие сметале дека претставува ограничување на паганството, на пример, како кога Г. К. Честертон напиша: „Паганот започна со восхитувачка смисла, да ужива со себеси. До крајот на неговата цивилизација открил дека човекот не може да ужива со себеси и продолжил да ужива во било што друго.“ Во остар контраст поетот Свинберн коментира на оваа иста тема: „Ти си освојувал, о блед Галилеецу, светот се стори сив од твојот здив; Се пијаневме од нештата летејски, и се храневме со целосноста на смртта“[14].

Христијанството на моменти и самото е сметано како форма на политеизам од следбениците на останатите аврамски религии [15][16] заради, на пример, христијанското учење за Троица, прославата на пагански празници и други практики - преку процес опишан како „крштевање“ [17] или „христијанизација“. Дури и меѓу христијаните има слични обвиненија за идолопоклонство, особено од страна на протестантите кон Римокатоличката и Православната Црква за почитување на светци и прикази.

Историја на паганството

[уреди | уреди извор]

Бронзено доба до Рано железно доба

[уреди | уреди извор]

Класичен период

[уреди | уреди извор]

Лудвиг Фојербах (1833) го дефинира „паганството“ (Heidentum) во контекст на класичната ера како „единство на верата и политиката, на духот и природата, на Бога и човекот“, поставено од проучување дека: „човекот“ во пагански поглед е секогаш дефиниран според етничноста, односно Грк, Римјанин, Египќанец, Евреин, итн., така што секоја паганска традиција е исто така и национална традиција. Фојербах претпоставува дека појавата на монотеизмот, а со тоа и крајот на паганскиот период бил развој што природно произлегол од хеленската филозофија заради контрадикторноста својствена за етничката природа на паганската традиција и универзалноста на човековата духовност (Geist), конечно резултирајќи со појава на религија со универзалистички обем во форма на христијанството.[18]

Доцна антика

[уреди | уреди извор]

Развоите на доцната антика во верската мисла во распространетата Римското Царство треба да се однесуваат посебно, како што тоа е контекстот во кој раното христијанство се развило како една од неколкуте монотеистички секти и тоа токму во периодот кога концептот на „пагански“ се развил на прво место. Христијанството како што се појавило од Втор Храм на јудаизмот (или хеленистички јудаизам) застанало во конкуренција со другите религии застапувајќи „пагански монотеизам“, вклучувајќи ги неоплатонизмот, митраизмот, гностицизмот, манихејството, и култот на Дионис.[19]

Дионис особено нуди значајни паралели со Христос, така што голем број научници заклучиле дека актуелизирањето на Исус - скитникот рабин во сликата за Христос Логосот, божествениот спасител, се одразува директно и на култот на Дионис. Тие укажуваат на симболиката на виното и значењето што го одржало во митологијата опфаќајќи ги двајцата Дионис и Исус Христос[20][21]; Вик тврди дека употребата на симболиката на виното во Евангелието по Јован, вклучувајќи ја и приказната за бракот во Кана каде што Исус ја претвора водата во вино, била наменета да се прикаже Исус како супериорен во однос на Дионис.[22] Сцената прикажана во Бакхи каде што Дионис се појавува пред кралот Пентеј по обвиненија дека се претставувал како божество е споредена со сцена од Новиот завет кај што Исус е испрашуван од страна на Понтиј Пилат.[22][23][24]

Заради овие причини, тешко е, ако не и невозможно да се повлече јасна линија помеѓу „христијанство“ и „паганството“ во периодот од 3 до 4 век кога христијанството било во формативна фаза. Само со појавата на православното христијанство огледано во верата на Светиот апостол и конечниот пад на хеленското паганство, од 6 век „паганството“ станува концепт што јасно се разликува од христијанството.

Етнички религии од претхристијанска Европа

[уреди | уреди извор]
(спротивно на Аврамска религија)

Пагански рецидиви во фолклорот

[уреди | уреди извор]

Покрај тоа, фолклорот што веќе не е перцепиран како содржател на какво било религиозно значење, може во некои случаи да се проследи до претхристијанско или предисламско потекло. Во Европа, ова е особено случај со различните карневалски обичаи или Fasnacht и Yule (коледа) традиции што го вклучуваат Дедо Мраз (Sinterklaas). Спротивно на тоа, божиќната елка, и покрај честата асоцијација со Торовиот даб, не изгледа дека е иновација што му претходи на раниот современ период.

Рана модерна ера

[уреди | уреди извор]

Интересот за паганските традиции повторно бил оживеан во ренесансата, најпрво во ренесансната магија како заживување на грчко-римската магија. Во 17 век, описот на паганството се сврте од теолошки аспект на етнолошки и религијата почна да се сфаќа како дел од етничкиот идентитет на еден народ, и изучувањето на религиите на „примитивните“ народи предизвика прашања во врска со крајното историско потекло на религијата. Така, Никола Фабри де Пејреск ги согледал африканските пагански религии на своето доба како реликти кои биле по принцип способни да остават светло на историското паганствот од антиката.[25]

Романтизам

[уреди | уреди извор]

Паганството повторно испливува на површина како тема на фасцинација во 18 до романтизмот на 19 век, особено во контекст на книжевните келтски и викиншки рецидиви, кои ги прикажаувале историските келтски и германски политеисти како благородни дивјаци.

19 век, исто така, видел многу научен интерес за реконструкција на паганската митологија или фолклорот од бајките. Ова било особено настојувано од браќата Грим, особено Јакоб Грим во неговата Тевтонска митологија и Елијас Ленрот со компилацијата на Калевала. Работата на браќата Грим влијаела на други собирачи, инспирирајќи ги да соберат приказни и предводејќи ги слично да веруваат дека бајките од село биле нејзин посебен претставник, до занемарување на крос-културните влијанија. Меѓу оние кои биле под влијание се Русинот Александар Афанасиев, Норвежаните Питер Кристен Асбјернсен и Јирген Мое и Англичанецот Џозеф Џејкобс.

Романтичарскиот интерес за некласичната антика се совпадна со порастот на романтичарскиот национализам и подемот на националната држава во контекст на револуциите од 1848, што доведоа до создавање на национални епови и национални митови за различните новоформирани држави. Пагански или фолклористички теми беа исто така честа појава во музичкиот национализам од тој период.

Неопаганство

[уреди | уреди извор]
Паганска церемонија на свршување во Ејвбери (Beltane 2005).

Неопаганството вклучува реконструкционирани религии како што е хеленскиот политеизам, келтски или германски реконструкционализам како и модерни еклектични традиции како Дискордијанизам, или Вика и многу гранки.

Многу од „заживувањата“, Вика и нео-друидизмот особено, влечат корени од романтизмот на 19 век и задржуваат забележливи елементи на окултизам или теозофија кои биле актуелните тогаш, поставувајќи ги посебно од руралната историска (paganus) народна религија.

Неопаганството во САД претставува околу една третина од сите неопагани во целиот свет, а некои 0,2% од населението на САД, фигурира како шестата најголема не-христијанска деноминација во САД, по јудаизмот (1,4%), исламот (0,6%), будизмот (0,5%), хиндуизмот (0,3%) и унитарискиот универзализам (0,3%).

Во Исланд, членовите на Асатруарфелагјо (Ásatrúarfélagið) бројат околу 0,4% од вкупното население[26], што е нешто повеќе од илјада луѓе.

Постојат голем број на неопагански автори кои го испитуваа односот на движењата за политеистичко заживување на 20 век со историскиот политеизам од една страна и современите традиции на домородната народна религија од друга. Исак Боневиц воведува терминологија за да се направи оваа разлика[27]:

  • Палеопаганство: Ретроним скован да му се спротивстави на „неопаганство“, „оригиналните политеистички, природно-центрирани вери“, како што се пред-хеленистичката грчка и пред-империјалната римска религијата, германското паганство од пред-миграцискиот период како што е опишан од страна на Такит, или келтскиот политеизам како што е опишан од Јулиј Цезар. Меѓу преживеаните „големи религии“, Боневиц ќе ги смета палеопаганскиот хиндуизам што стоеше пред исламската инвазија на Индија, шинто и таоизмот.
  • Мезопаганство: Група која е, или била значително под влијание на монотеистичките, дуалистичките или нетеистичките погледи на свет, но била во состојба да задржи независноста на религиозните практики. Оваа група ги вклучува домородните Американци, како и австралиските Абориџини, нордиското паганство од викиншкото доба и „њу-ејџ“ духовноста. Влијанија вклучуваат: масонеријата[28], розикруцијанизмот, теозофијата, спиритуализмот и многу Афро-дијаспорични вери како хаитиското вуду, сантерија и еспириту религијата. Исак Боневиц ја вклучува и традиционална британска Вика во оваа подподелба.
  • Неопаганство: движење од страна на модерни луѓе со цел да го заживеат обожувањето на природата, претхристијанските религии, или други духовни патеки што се засноваат на природата. Оваа дефиниција може да вклучува било што на подвижна скала од реконструкционализам на едниот крај до не-реконструкционалистички групи како што се Нео-друидизмот и Вика во другата.

Пруденс Џонс и Најџел Пеник во нивната Историја на паганска Европа (1995) ги класифицираат „паганските религии“ на следниов начин:

  • политеизам: паганските религии препознаваат плурализам на божествените суштества, кои можат или не можат да се сметаат за аспекти на основното единство (разлика на мек и тврд политеизам)
  • „природно-засновани“: паганските религии имаат концепт на божественоста на природата, што тие го гледаат како манифестација на божественото, а не како „паднатата“ творба застапена во дуалистичката космологија.
  • света женственост“: паганските религии го препознаваат „женскиот божествен принцип“, идентификуван како „божица“ (за разлика од поединечните божици), покрај или наместо машкиот божествен принцип што е прикажан во аврамскиот бог.

Демографија

[уреди | уреди извор]

Паганството е претходно дефинирано пошироко, за да опфати повеќе или најголем дел од верските традиции надвор од аврамската монотеистичка група на јудаизмот, христијанството и исламот.

Терминот исто така се користи многу потесно [29][30][31] за да алудира само на религии надвор од многу поголема група на т.н. вери од „осно доба“ кои ги опфаќаат и Аврамските религии и главните индијански религии. Во рамките на оваа потесна дефиниција, која се разликува од онаа што порано била користена од страна на многу[32][33] (но во никој случај сите[34][35]) христијаните и други западњаци, современото паганството е помала и повеќе маргинална бројчена појава. Според проценките на Енциклопедија Британика (од 2005), приврзаниците на кинеската народна религија вбројуваат некои 6,3% од светската популација, а приврзаниците на племенските религии („етнорелигионисти“) уште 4,0%. Бројот на приврзаниците на неопаганството е незначаен во споредба, вбројувајќи најмногу 0,02% од светската популација, или некои 0,4% од „етнорелигиското“ население.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2010-06-18. Посетено на 2008-12-03.
  2. Католичка енциклопедија (издание од 1917)
  3. http://www.religioustolerance.org/paganism.htm Архивирано на 27 август 2008 г. – Robinson, B.A (2000). "What do "Paganism" & "Pagan" mean?" на religioustolerance.org
  4. "Pagan", Encyclopedia Britannica 11th Edition, 1911, посетена на 22 мај 2007.[1] Архивирано на 19 ноември 2009 г.
  5. Peter Brown, во: Glen Warren Bowersock, Peter Robert Lamont Brown, Oleg Grabar, eds., Late Antiquity: a guide to the postclassical world, 1999, s.v. "Pagan".
  6. "A Basic Introduction to Paganism", BBC, посетена на 19 мај 2007.
  7. http://encarta.msn.com/dictionary_/pagan.html Архивирано на 18 јуни 2010 г. Историја на зборот
  8. Watts, Alan W. "Nature, Man and Woman", 1991, Vintage Books, стр. 25.
  9. Одредницата за пајнимрија во Оксфордскиот речник
  10. http://www.lexic.us/definition-of/paynimry
  11. http://www.perseus.tufts.edu/cgi-bin/ptext?doc=Perseus%3atext%3a1999%2e04%2e0062&query=id%3dpagus#id,pagus Harry Thurston Peck, Harper's Dictionary of Classical Antiquity, 1897; "pagus"
  12. "Theodosius I", Католичка енциклопедија, 1912
  13. "The City of God", Britannica Ultimate Reference Suite DVD, 2003.
  14. Химна на Прозерпина
  15. Еврејска енциклопедија
  16. cf. Shirk
  17. „Папата, Императорот и персискиот водач“. Архивирано од изворникот на 2008-12-20. Посетено на 2011-01-07.
  18. Ludwig Feuerbach, Geschichte der neueren Philosophie (1833), Introduction, §1 (Paganism, Philosophy, Religion, Christianity) Das Wesen des Heidentums war die Einheit von Religion und Politik, Geist und Natur, Gott und Mensch. Aber der Mensch im Heidentum war nicht der Mensch schlechtweg, sondern der nationell bestimmte Mensch: der Grieche, der Römer, der Ägyptier, der Jude, folglich auch sein Gott ein nationell bestimmtes, besonderes, dem Wesen oder Gotte anderer Völker entgegengesetztes Wesen — ein Wesen also im Widerspruch mit dem Geiste, welcher das Wesen der Menschheit und als ihr Wesen die allgemeine Einheit aller Völker und Menschen ist. Die Aufhebung dieses Widerspruchs im Heidentum war die heidnische Philosophie; denn sie riß den Menschen heraus aus seiner nationellen Abgeschlossenheit und Selbstgenügsamkeit, erhob ihn über die Borniertheit des Volksdünkels und Volksglaubens, versetzte ihn auf den kosmopolitischen Standpunkt.
  19. E. Kessler, Dionysian Monotheism in Nea Paphos, Cyprus Библиски студии на интернет
  20. Павсанија, Опис на Грција 6. 26. 1 - 2
  21. Атхенај, Deipnosophistae 2. 34a
  22. 22,0 22,1 Wick, Peter (2004). „Jesus gegen Dionysos? Ein Beitrag zur Kontextualisierung des Johannesevangeliums“. Biblica. Rome: Pontifical Biblical Institute. 85 (2): 179–198. Посетено на 2007-10-10.
  23. Powell, Barry B., Classical Myth Second ed. With new translations of ancient texts by Herbert M. Howe. Upper Saddle River, New Jersey: Prentice-Hall, Inc., 1998.
  24. Studies in Early Christology, Martin Hengel, 2005, стр. 331 (ISBN 0567042804)
  25. Peter N. Miller, History of Religion Becomes Ethnology: Some Evidence from Peiresc's Africa Journal of the History of Ideas 67.4 (2006) 675–696.[2]
  26. Статистика: Исланд – Статистика >> Население >> Религиски организации
  27. "Defining Paganism: Paleo-, Meso-, and Neo-" (Верзија 2.5.1) 1979, 2007 c.e., Isaac Bonewits
  28. http://www.experiencefestival.com/pagan_glossary/page/2
  29. „Значења на термините паган и паганство“. Архивирано од изворникот на 2008-08-27. Посетено на 2011-01-07.
  30. Eisenstadt, S.N., 1983, Transcendental Visions – Other-Worldliness – and Its Transformations: Some More Comments on L. Dumont. Religion13:1–17, at p. 3.
  31. Michael York, Paganism as Root-Religion, The Pomegranate, 6:1 (2004), стр. 11–18 (прави разлика меѓу главните струења на развиените религии како гностички, дармички, аврамски и пагански).
  32. Католичката енциклопедија (1917) за паганството
  33. Хиндуистички ритуал во познат католички храм ги шокира католиците
  34. David Scott, Christian Responses to Buddhism in Pre-Medieval Times, Numen, Vol. 32, No. 1 (Jul., 1985), стр. 88–100
  35. Audrius Beinorius, Buddhism in the Early European Imagination: A Historical Perspective, ACTA ORIENTALIA VILNENSIA 6:2 (2005), стр. 7–22
Викицитат има збирка цитати поврзани со: