Пара (округ)
Пара Para | |
---|---|
округ | |
Ресорстите во Пара. | |
Карта на местоположбата на Пара во Суринам | |
Држава | Суринам |
Округ | Пара |
Адм. центар | Онвервахт |
Површина | |
• Вкупна | 5.393 км2 (2,082 ми2) |
Население (попис 2012) | |
• Вкупно | 24.700 |
• Густина | 4,6/км2 (12/ми2) |
ISO 3166 | SR-PR |
Пара (холандски: Para) е округ во Суринам. Административен центар на округот е Онвервахт.
Географија
[уреди | уреди извор]Пара се наоѓа во северниот дел на Суринам и тој е еден од трите окрузи кои немаат излез на море. Округот има вкупна површина од 5,393 км².[1] Административен центар на округот е Онвервахт, а покрај него се наоѓаат и гратчињата Паранам, Сабана и Зандереј
Округот е рударски и шумарски центар на Суринам. Во округот има големи рударски активности за ископ на боксит.
Села
[уреди | уреди извор]- Биги Појка (Карипци)
- Каролина (Креолци)
- Повакака (Араваци)
Население
[уреди | уреди извор]Според пописот од 2004 година, Пара имал население од 18,749 жители. Населението е во пораст, па така, според пописот од 2012 година во округот живееле 24,700 жители. Во минатото функционирало и гратчето Јоденсаване, еврејска заедница која пребегнала во Суринам во 17 век. Гратчето било уништено во 1832 година од пожар.
Ресорти
[уреди | уреди извор]Пара е поделен на 5 ресорта:
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Census profile at District level 2004 (in Dutch)“. Stichting Algemeen Bureau voor de Statistiek in Suriname. Архивирано од изворникот на 2013-11-13. Посетено на 2013-04-23.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|