Прејди на содржината

Паритет на каматните стапки

Од Википедија — слободната енциклопедија

Паритетот на каматните стапки (англиски: Interest Rate Parity) претставува рамнотежна состојба во која добивката што се остварува од покриената каматна арбитража изнесува нула.

Формулирање на паритетот на каматните стапки

[уреди | уреди извор]

Математички, паритетот на каматните стапки се искажува со следнава формула:[1]

заработка = 1S x (1 + rf) x F - (1 + r) = 0.

каде: S - сегашен девизен курс, F - девизен курс со идна испорака, r - домашна каматна стапка, rf - странска каматна стапка

Оттука, паритетот на каматните стапки може да се искаже и на следниов начин:[2]

FS = 1 + r1 + rf

Со други зборови, според паритетот на каматните стапки, односнот меѓу девизниот курс со идна испорака и сегашниот девизен курс (премијата или дисконтот) е еднаков на едносот меѓу домашната и странската каматна стапка.

Најпосле, паритетот на каматните стапки може да се искаже и со помош на следнава формула:[3]
<br / r - rf = FS - 1

Значење на паритетот на каматните стапки

[уреди | уреди извор]

Паритетот на каматните стапки се толкува на следниов начин: ако домашната каматна стапка е пониска од странската (r < rf), тогаш девинзиот курс со идна испорака ќе биде понизок од сегашниот девизен курс (F < S), т.е. странската валута ќе депрецира во идниот период. Оттука, повисоката каматна стапка значи дека се очекува таа валута ќе депрецира во иднина. Клучното значење на паритетот на каматните стапки се состои во пресметката на имплицитниот девизен курс со идна испорака (Forward rate) врз основа на податоците за сегашните каматни стапки и за сегашниот девизен курс.[4]

Емпириските истражувања покажуваат дека паритетот на каматните стапки функционира во праксата, особено за девизните курсеви меѓу водечките светски валути. Притоа, важењето на оваа хипотеза се проверува на два основни начина: прво, со помош на симулации во кои, врз основа на расположливите податоци, се проверува дали арбитражата може да донесе заработка и ако не постои можност за арбитража, тоа е знак дека важи паритетот на каматните стапки; второ, односот меѓу курсот со идна испорака и сегашниот курс се регресира односот меѓу домашната и странската каматна стапка. За другите валути, паритетот на каматните стапки не мора секогаш да функционира поради различни причини, како што се:[5]

  1. J. Ashok Robin, International Corporate Finance. New York: McGraw-Hill/Irwin, 2011, стр. 118.
  2. J. Ashok Robin, International Corporate Finance. New York: McGraw-Hill/Irwin, 2011, стр. 119.
  3. J. Ashok Robin, International Corporate Finance. New York: McGraw-Hill/Irwin, 2011, стр. 119.
  4. J. Ashok Robin, International Corporate Finance. New York: McGraw-Hill/Irwin, 2011, стр. 119.
  5. J. Ashok Robin, International Corporate Finance. New York: McGraw-Hill/Irwin, 2011, стр. 120.