Пахонија
Пахонија | |
---|---|
Литванија | |
Погон Руска | |
Подробно | |
Претходни варијанти | Големо Војводство Литванија |
Употреба | Белорусија (1991–1995) Белоруска Народна Република (1918) |
Пахонија (белоруски: Паго́ня; полски: Pogoń) — историски грб на Големото Војводство Литванија, чија варијанта денес се користи на денешниот грб на Литванија. Исто така, грбот бил и официјален амблем на Белоруската Демократска Република во 1918 и на Република Белорусија од 1991 до 1995 година.
На 14 мај 2007 година Пахонија бил прогласен за културно наследство на Белорусија[1].
Опис
[уреди | уреди извор]Поимот може да биде преведен како „јуриш“ или „прогон“. Грбот покажува бел коњаник со меч во рака на бел коњ. Полето околу него е обоено во црвено. На штитот на коњаникот се наоѓа крст со златна бојна.
Употреба
[уреди | уреди извор]Грбот за првпат се појавил како државен грб во регионот во 1329 година на печатот на војводата Александар Михајлович од Псков[2]. Тој бил пратеник на Гедимин во Псков, кој во тоа време бил дел од Големото Војводство Литванија. Истовремено, војводата Хлиб го користел и пахонија како свој грб[3].
Пахонија се појавил на државниот грб на Белоруската Демократска Република за краток временски период помеѓу 1918 и 1919 година. Западна Белорусија станала дел од меѓувоената Полска, а Пахонија бил употребен како симбол на неколку провинции кои имале значителни белоруски малцинства. Исто така, бил користен и од страна на западно-белоруските сепаратистички организации. За време на советско, грбот бил забранет и користен само од белоруски емигрантски заедници во САД, Канада и на други места. Во текот на Втората светска војна, Белоруската централна рада исто така го употребила симболот Пахонија.
Во доцните 1980-ти, за време на новата белоруска народна преродба, Белорускиот народен фронт го прифатила грбот како свој, и покрај тоа што нејзиниот јавен приказ претставувал кривично дело.
Во 1991 година, по распаѓањето на Советскиот Сојуз, Пахонија станал грб на независна Република Белорусија. Официјалниот дизајн на грбот на Белорусија од 1991 година бил создаден од тим уметници предводени од Југен Кулик[4][5]
Во 1995 година, по контроверзниот референдум, Александар Лукашенко го укинал статусот на Пахонија како официјален грб и го заменил со изменет советски амблем. Симболот често се користи во антивладините протести од страна на опозицијата.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Пахонија
белоруска верзија -
Пахонија
литванска верзија -
Пахонија
руска верзија -
Грб на Литванија
(од 13 век.) -
Грб на Литванија
(од 15 век.) -
Грб
(од 16 век.) -
Грб на Минско Војводство
(1413–1793) -
Грб Витебшко Војводство
(1584) -
Грб на Полско Војводство
(1504–1793) -
Грб на Литванско Војводство -
Мал грб на Литванија
(од 1575.) -
Пахонија
(од 1588.) -
Грб на Белоруска ССР
(од 1918.) -
Грб на Полско Војводство
(1921–1939) -
Грб на Вилнушко Војводство
(1926–1939) -
Грб на Белорусија
(1991—1995)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пастанова Савета Міністраў Рэспублікі Беларусь 14 мая 2007 г. № 578 «Аб статусе гісторыка-культурных каштоўнасцей»“. Архивирано од изворникот на 2011-02-18. Посетено на 2018-04-03.
- ↑ About a question of aspects of foundation of Great Duchy of Lithuania (second part) Архивирано на 2 февруари 2014 г.
- ↑ Chronicles about Pahonia's birth
- ↑ http://www.svaboda.org/content/article/26949275.html
- ↑ http://euroradio.fm/yak-stvarali-gerb-pagonya-fota
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Пахонија на Ризницата ?
- The comparison of symbols of Lithuania and the Muscovite Ruthenia (руски)
- National Symbols In Belarus: The Past And Present Архивирано на 26 декември 2016 г.