Предраг Павловски
Изглед
Предраг Павловски | ||
Роден | 4 февруари 1968 Куманово, СР Македонија, СФРЈ | |
---|---|---|
Националност | Македонец | |
Народност | Македонец | |
Познат | по улогите во: Операција дијамант Македонски народни приказни Фамилија Марковски Трето па машко До балчак | |
Занимање | глумец | |
Сопружник | Тања Кочовска |
Предраг Павловски (р. 4 февруари 1968 година во Куманово) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец и телевизиски водител.
Дипломира на Факултет за драмски уметности во Скопје во 1991 година, на отсекот за актерска игра. Од 1991 до 1994 година, работи во Народно позороште во Суботица. Во 1994 година се вработува во Театар за деца и младинци во Скопје, каде останува до 2017 година. Од 2017 година работи во Драмски театар - Скопје.
Филмографија
[уреди | уреди извор]Павловски има остварено бројни филмски улоги:[1]
Година | Филм | Улога |
1990-1992 | Македонски народни приказни ТВ-серија | |
1991 | Тетовирање ТВ-филм | |
1991-1992 | Еурека ТВ-серија | Момчето |
1992 | Роза Еирихонска ТВ-филм | |
1993 | Македонска сага ТВ-филм | |
1993 | Свртло сиво ТВ-филм | |
1995 | Заборавени ТВ-филм | Платеник |
2000 | Погрешно време ТВ-серија | Младен |
2001 | Во светот на бајките ТВ-серија | |
2001 | Агенција осамени срца ТВ-серија | |
2001 | Светот има осум страни ТВ-серија | |
2006 | Мост ТВ-филм | Димитри |
2011 | Трето па машко ТВ-серија | |
2011 | Македонски народни приказни ТВ-серија | |
2011 | Епизодист ТВ-филм | Војо |
2013 | Материјал за аубдукција ТВ-филм | Мики |
2013-2014 | Тврдокорни ТВ-серија | |
2014 | До балчак ТВ-филм | Трет трговец |
2015 | 12 мајмуни ТВ-филм | |
2016 | Обожение ТВ-филм | Ректорот |
2016 | Операција Дијамант ТВ-серија | Доктор Моне |
2016 | Џган ТВ-филм | Таткото на Јана |
2017-2019 | Фамилија Марковски ТВ-серија | Дуле |
2019 | 5+ фамилија ТВ-серија | Пожарникар |
2020 | Зоки Поки ТВ-серија | Татко на Стојанче |
2022 | Мими ТВ-филм | |
2022 | Зад стоговите сено ТВ-филм | Царински службеник |
2022 | Тин Камп ТВ-серија | Таткото на Сандра |
2024 | Црвениот поет ТВ-серија | Драгутин Шаулер |
2024 | Убиј ги прво децата ТВ-филм | Перо |
Театарски претстави
[уреди | уреди извор]- Лорд Бакингам (Ричард трети, 1993)
- Момчето (Килиба, 1995)
- Таткото (Убавицата и ѕверот, 1998)
- Шир Кан (Могли, 1998)
- Македонска приказна (2000)
- Кемал (Балканот не е мртов, 2001)
- Крал (Пердувите на жеравот, 2002)
- Телефонот (2005)
- Папагено (Волшебната флејта, 2006)
- Таткото (Пипи долгиот чорап, 2012)
- Абрам (Нашиот клас, 2014)
- Заспаниот разум раѓа чудовишта (2015)
- Ворен (Лет над кукавичјото гнездо, 2017)
- Ким (Фестен, 2018)
- Роко (Странци, 2018)
- Кралот (Крал Иби, 2019)
- Господин Дерек (Чудешна терапија, 2019)
- Владимир (Вернисаж, 2022)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Predrag Pavlovski“. IMDb. Посетено на 28 јануари 2023.